Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Македонско новинарство at its best! Објавува статија како Вардарци се нашле на спортс илустрејтед, си викаш, вовововово статија пишувале за РК Вардар, добри играчи, добра игра, фаворити за ЛШ
upload_2017-3-16_10-27-41.png

Отвараш сајт на спортс илустрејтед, глеаш дека уствари пишале за гол на ракомтер на Нексе, против Вардар

upload_2017-3-16_10-28-38.png
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Кајги, колку ли само ми се погоди денов. Прво и основно, денес свечено ми беше дадена дипломата за завршени постдипломски студии. Магистер сум скоро една година, ама сега е со тапија. ;) Моите исто сакаа да бидат присутни. После долго време ги видов со солзи радосници во очите. Чувството е необјасниво добро.

Уште не завршила церемонијата, ми јавуваат дека ми е одобрено барањето за кредит. Јбг, така функционираат 80% од луѓето кај нас. И сега можам комотно да си планирам што кола ќе купам.

Капак на се’ ми се јавуваат од една компанија во која пуштив CV уште пред некој месец и ме викаат на интервју. Мада тука со ладна глава, пошто ако видам дека не е подобро од сегашново работно место во оваа фирма, ич не прифаќам.

Ама битно не ми се верува дека можат вака да се случат три неповрзани настани за кратко време, и сите три да ти влеат оптимизам. Сега уживам дома, шкрабам по форумов и слушам музика. Вечер одам на вечера со драги луѓе. Абе милина е денов, пак ти кажувам. :)
 
D

dobramuzika

Гостин
се прејадов ми е секојдневие. додека го пишувам ова да си земам од тоа за со пиво што оди.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Ги знаеш оние добри луѓе што ќе пропатат во животот, па почнуваат да менуваат драстично се на себе, почнувајќи од изглед, па се до детално од карактер со цел да личат посилни и полоши за да опстојат во средината? Изгледа јас на тој пат терам:unsure:
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Сакав да го зачинам сексуалниот живот и на девојка ми и реков безобразно да ме искористи, таа исчезна тоа попладе, а другиот ден ми стигна известување дека картичката ми е во максимален минус :(
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.902
Поени од реакции
84.294
Пошто гледам нема тема за концертот на Апокалиптика, а се почесто на фејсбук гледам луѓе шеруваат песни на Апокалиптика, случајно ако очекувате на концертот нешто нивно да свират ќе се разочарате, цел концерт ќе биде со кавери на Металика...пошто 100% сум сигурен дека негде ќе има и такви што ќе пцујат и ќе кажат дека не знаеле и лошо било се...
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Кајги го пишувам овој посто зошто може да ми е последен што некогаш ќе го напишам.
Вчера ми се случи некоја случка како на филм незнам дали да се смеам дали да плачам утрово.
Вчера си одев накај дома и требаше да се разминам на една тесна уличка со полициско јети застанувам да му дадам предност кога во тој момент излегува џандарот трчајки накај мене се држи за едната рака на пиштолот со другата ја извадил значката и трча накај мене .Трча накај мене кајги ја у тој момент си го бришев стаклото (ветробранско или така наречена шофершавјна) со стари скинати чорапи (кои што внатре ставам ориз за да не ми се мати во зима ).И отварам ја прозор ми ја покажува значката ја се исплашив му ги дадов чорапите тој ги зема и фрли пари во кола кај мене почна да бега џандаров си влезе во јетито и шлајфување гас пуна у таа тесна уличка ја се исплашив и ја гас се разминавме одам накај дома се смеам како удрен од незнам што се деси им кажувам дома на моиве се смеат сите мислат ги зафркавам .Еве цела ноќ не сум спиен чекам секој момент рација да ми дојде дома да ме превртат со се кола .Стварно не ми беше јасен џандаров мислеше ја дека сум дилер или беше забеган .
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И иде: „Сеад не те даваме, Сеад не те даваме, Сеад не те даваме“... :pos:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.965
Поени од реакции
35.579
Вчера бев во Софија. Град 3 пати поголем од Скопје , град со 3 пати поголема фреквенција на сообраќај од Скопје , град со 333 пати подобра и цивилизирана сообраќајна култура од Скопје. Не само Скопје , во цела Македонија сообраќајната култура се граничи со идиотизам изразена на најлош начин.
Во град со 2 милиони луѓе возев релаксирано и опуштено да ти е мерак да возиш , во град со 45.000 луѓе собрав нервоза и фрустрација за 7 минути.
Нашата патна инфраструктура е лоша , бедна , и во никој случај не исполнува стандарди за нормален сообраќај , али јас ГАРАНТИРАМ дека добри 75-80% од смртните случаеви од сообраќајки се поради неизживеан и сообраќајно необразован народ. НИШТО не се почитува , буквално ништо. Нуклеарната хаварија во Чернобил слободно може да се користи како споредба за состојбата на македонскиот сообраќај.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom