Во последно време, чуден и ненадеен бран на патриотизам ги удри во глава нашите јавни личности, особено најпознатите спортисти во државава. Срцепарателни постови, Македонија во срцата, Македонија во мислите, Македонија секој ден, секој час, Македонија засекогаш, едно име имаме, во душата го носиме, за тебе живот даваме...
Наеднаш, Индира Кастратовиќ из Босне, после 30 години престојување во Македонија, научи да пишува и зборува на чист македонски литературен јазик. Да е иронијата поголема и потажна истовремено, Индира из Босне е строго против правата на малцинствата и е за зачувување на унитарноста на државата. Да да...
Музичката ѕвезда Кајмаковски, исто така. До вчера ,,soncina moi nai mili ve sakam i jas isto nai mnogu'', денес Блаже Конески. Каква неверојатно трансформација. Кире дипломатот, дипломатски. Со излитени патетични фразички, многу хаштази, а малку смисла. Од него ништо не ме изненадува.
Гунгула. Велосипедска федерација поддржува една страна, падобранска федерација друга. Хокеарската федерација на република Македонија (не е заебанција) исто така со соопштение за поддршка. Па пливачи, атлетичари, кајакари, куглачи, шахисти... де едно соопштение, де друго, де овие им вратиле на нивното, па овие демант на тоа, па демант на демантот, па демант, на демантот, на демантот. До вчера максимумот што можеше човек да го извлече од нив беше она стандардното ,,дадовме срце на терен, ова е се за нашите Македонци'', денес, експерти по Уставно право, политички систем, политички теории, право. Да се уплаши човек.
Туку, што ми беше муабетот. Ги нема, невообичаено тивки се пикадо, карлинг и поло федерацијата. Говна индиферентни, релативизаторски.