Бејби,
Се фаќам себеси како се лутам за некои одредени работи што јас лично ги имам направено на други луѓе. Ок, можда тоа е нормално. Но, тие луѓе ми простиле мене, а мене ми е многу тешко да прогледам низ прстите на тие што ми згрешиле. И ко тоа да не е доволно лошо, кога ќе се фатам себеси како го сфаќам ова, пробувам да најдам изговори зашто кога мене ми се случува е полошо.
Идиот сум бе.
Прочитав наслов на Кајгана дека трудниците од денес (или како и да е) ќе одлучувале сами дали сакаат да се пораѓаат со царски рез.
Као, до сега не било така? Се запрепастив жими се. Кога си ја подзатворив муцката реков ај да прочитам, може насловов нешто не е ко што треба. И прочитав дека тоа било така, ама го смениле пред некој месец, да жената мора да се пораѓа по природен пат, освен ако имало компликации.
Каде бе со тој памет? Тој што го сменил законот е очигледно најголемиот идиот на цел свет. И веројатно машко. Многу ми е мило што се побуниле и го вратиле по старо. Ама самото тоа што им текнало, па уште го смениле, покажува какви луѓе има во здравството. Уште неможам да се начудам. Каква е таа одлука да ѝ се земе право на избор на жената врз нешто толку битно? Најмило ми е што нема да се пораѓам таму.
Назад на мојот живот. Тројца менаџери/супервизори се мењаат на работа. Двајца дадоа отказ, третиот наводно сака да се премести на друго мест или ќе даде отказ
Њтф ми е ситуацијава. Незнам дали се договарале, или така на сите им текнало во еден ден. Тапа е што сите 3 беа фини луѓе и ок беше да се работи со нив. И сеа ме фаќа паника, кој ќе дојде на нивно место. Се надевам нема да биде некој идиот.
Многу нешто го користам „идиот“ во постов. Оу уел
Ни го сменија системот на работа. Поубаво изгледа, боље екрани имаме, али некои работи се чудни. Интересно е што, можам да сфатам како е правено зашто го учев тоа, и мислам дека поради тоа, највеќе почитувам колку работа е се` што направиле до сега и ќе продолжат да прават за да го подобрат.
Имам 2 кредитни картички веќе
Двете се од продавници, Мејсис и Викторијас Сикрет (бат оф корс
). Лимитот ми е мал, ама си го билдам кредитот сега. И поради тоа, ми стигаат еден тон понуди за други кредитни картички по пошта. Америка има 642 билиони долари во долг поради кретини картички, ама битно они ти ги фрлаат во лице и ти викаат „Избери не` нас, ние ќе ти дадеме боље опции„ и се тепаат на кој ќе му дужиш пари. Незнам дали е до мене, ама тоа ми е идиотски (ете го пак
јбг, не е до мене).
Слободна 3 дена по ред. Џекпот. Заедно со жена ми во сабота, дабл џекпот
Тешко ми е да изберам што сакам да правиме заедно. Има толку многу опции, и ова ни е еден од малкуте заеднички слободни денови.
Си добив 100 долари бакшиш, чисто поради тоа што типот има пари и си се расфрлаше.
Јако ми е.