Кајгс,
Абе ќе научат ли некад луѓето дека ако работиш како келнер/ка, продавач/ка или слично, во работен опис ти влегува дека треба да бидеш љубезен/на, фин/а и културен/а. Мислам океј, може и јас кога би 'рмбала во маркет по 8 саати дневно за една мизерна плата, не би ми било до смеење и зезање, ама па потруди се бе бар да одглумиш финоќа. Кога ќе ја видам таа една намќореста на каса, страв ми е и да прашам нешто ако ме интересира за некој производ, едноставно ми иде да оставам корпата со се во неа и да си заминам. Те гледа како од дома да и ги крадеш работите, а не поштено да си ги купуваш.
Иначе јас добра, само малку изморена... последниве неколку дена (па и недели) ептен турбо животов, осеќам дека немам веќе енергија. Затоа денес си прогласив „Ден за Ништо“, откажав се што имав договорено, си симнав заостанати епизоди од серии, направив пуканки, купив вино. Ово че бити добра ноч предосечам.
Бев вчера на караоке. Толку ме понесе атмосферата што за малку ќе се фатев за микрофон. За малку. А јас никад не пеам. И тоа Spice Girls - Wannabe.
Ме напна мајка ми деновиве да сум си одела дома, сум и недостигала. Алооо жено, 8 години сум далеку од тебе, никад ми немаш речено дека ти недостигам... старееш изгледа, стануваш емотивна.
Аааа да, ми закажале и термин за тетовирање. Тоа што не планирав да се тетовирам скоро не е битно. Некој решил да носи одлуки место мене.
После секој параграф ставам смајли. Појма немам зошто така.
Во меѓувреме ми стигнаа резултати од испит од еден предмет. Од 4 полагани предмети семестаров - 4 десетки. И тоа баш овој семестар, кога најмалку се замарав со учење. Изгледа ми е пишано баш последната година од студирање да си го кренам просекот.
Уште една дополна... Во меѓувреме ми објавија и датум за апсолвентска и за сликање за табло. Почна да се гледа крајот.