Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не барам многу.

На избориве, ќе гласам за онаа политичка партија која ќе вети дека му забрани пристап до интернет на Драган Таневски.



*старо извитоперено манијачиште.
 
Последно уредено:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Читам коментари
(Да бидам искрен фотографијата не беше ни најмлку пристојна но )

Отварам профилот



После се прашувате зошто немате девојка,неможете да бидете дел од циклусот на размножување? Затоа што кастрација бате под хитно и тоа у најмала рака напаленост е една ствар сеење глупавштилак и сељачизам е друга ствар и нормално ова не е прв ваков пример на интернет просторот нели НО
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
И после што ќе правиме без "брат поезијата" .. види брат жена ти е у право дури и кога греши чувај ја како очите , ако се е*е со други барем ти прави ручек имај разбирање неблагодарни створења .. :unsure:
 
D

dobramuzika

Гостин
кајги, на утакмица, борец - охрид, влеваме во сала, не не претресуваат, редарот им вика на џандарите - остави ги, нека пијат во сала... едниот џандар трча по мене и ми вика - дечко, да не имаш алкохол во џебовите :ROFLMAO: немам шефе, имам цеде само, провери ако сакаш... во меѓувреме внесуваат пиво, ракија... кога го гледам џандарот се качува горе позади коцките - транспарентите и цело пиво им го зема. инаку, борец го победи охрид - првиот во лигата со два разлика, четири победи по ред, топ.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Àмор,

Ова* Ивана ко роднини да се нешчо со фамилија Талески од Стоби Флипс награднана?

30 Ное2016
ИЗБРАНО ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ ЗА КОНГРЕСНИОТ ЦЕНТАР ВО ОХРИД
Written by Нелоска Валентина.

Архитектката Ивана Ралевиќ е автор на победничкото идејно решение за Конгресниот центар. Објектот треба да го гради Елем на атрактивна локација во охридската населба Далјан. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро авторско дело за реализација на проектот. Градбата ќе се состои од една голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица. Следната фаза на ЕЛЕМ е да го избере проектантското биро што ќе го подготви основниот проект.



До ЕЛЕМ било доставено само едно идејно решение, од авторката Ралевиќ која се стекнала со првата награда во висина од 700.000 денари.
Изградбата на Конгресен центар во Охрид беше најавена од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот од февруари годинава.

„Она што ние го баравме како општина Охрид заедно со Владата на РМ е тој конгресен центар да ги задоволува плановите на Охрид во иднина за градот да прерасне во еден центар кој ќе овозможи развој на конгресниот туризам. Знаете дека Охрид е познат по организација на конгреси, но се работи за конгреси семинари или манифестации од помал обем колку што имаат капацитет постоечките охридски хотели, односно хотелските сали кои што егзистираат во градов, но за сериозни организирања на големи конгреси ни треба Конгресен центар“, кажа на почетокoт од годинава Бакрачески.



Архитектонскиот конкурс за избор на идејното решение беше распишан во април годинава.

Градежните активности треба да почнат во текот на 2017 година.



ЕЛЕМ го избра идејното решение за изградба на катната гаража во Охрид
Охрид, 30. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Катната гаража во Охрид сепак ќе се гради. Електрани на Македонија го одбра изгледот на новата катна гаража што ќе се гради кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид.

Во конкуренција на пет архитектонски дела пристигнати на Конкурсот, Ивана Ралевиќ го изработи најквалитетното идејно решение и се стекна со првата награда во вредност од 400.000 денари, објави build.mk.

Следната фаза од подготвителните работи за изградба на катната гаража предвидува изработка на основен проект. Објектот што ќе го гради ЕЛЕМ ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни и треба да почне да се гради во текот на 2017 година.

Жири-комисијата избрана од ЕЛЕМ му ја додели втората награда во висина од 200.000 денари на бирото „Мегарон Инженеринг“ од Скопје, додека третонаграден со 100.000 денари е авторскиот труд на „Генерик 5д ДОО“.

Покрај во строгиот центар на Охрид, втора катна гаража во овој град е предвидено да се гради кај спортскиот центар „Билјанини Извори“ од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. (Крај)

извор: build.mk фото: архива

20000 евриќи бам!


#реално #изГори
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Им порачав кревет на моите пред некој ден. Прееска им кажав. Требаше да биде изненадување додека не го донесат, ама сестра ми оставила број и од мене и од татко ми, па во случај да му се јават него кога ќе го носат да не рече ``ние такво нешто немаме порачано`` :pos: И нормално, луѓево не знаат да речат едно обично фала, посебно што горделивоста им е на високо ниво, посебно на татко ми, ај мајка ми покажува знаци на среќа, океј е. Мора да има тука примедби од типот на ``не ни треба кревет, малце ли кревети имаме (има, ама какви?), требало за тебе парите да си ги потрошиш итн... Алоо, еднаш да прифатеа нешто без да морам сто пати да објаснувам дека едноставно сум сакала тоа да го сторам, доволна причина е така? Значи, секогаш ќе останеме фамилија шо не знае да споделува било среќни или тажни моменти заедно. Секој тагува на свој начин, секој се радува на свој начин. Најчесто затворен у себе. Секогаш ќе остане оној јаз меѓу нас со топли насмевки на лицата и ладни прегратки, блиски, а далечни, секој прича за собом... Некои работи едноставно е касно да се сменат, за жал...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

(дра... ова секако не си го знаела до сега)
На 22 јули, 1947 година е формиран фудбалскиот клуб Вардар, гордоста на Скопје и најтрофејниот клуб во Македонија.

До 1963 година, боите на ФК Вардар биле црвената и белата. Но, по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година белата боја е заменета со црната, во сеќавање на загинатите од разурнувачкиот земјотрес. Оттогаш Вардар има црвено-црни дресови.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.748
Поени од реакции
24.413
На 29 години научив да возам точак. Возам само два-три дена и уште не сум целосно опуштена, а и треба уште да работам на рамнотежата. Прееска возев во шумата. Темно, нема народ... Начекав една блага удолница и решив да се пуштам без да кочам со нозете или да трчам додека седам на точакот. Доживеав едно неописливо чувство на слобода и внатрешен мир. Зошто никој не ме исфорсирал досега за оваков вид на терапија?
А си ветив себеси дека ако научам да возам, тргам „сама“ на кампување. Јас и моите демони.
Следна цел која? Мојот прв оргазам. :icon_lol:
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Кога си средно секојдневно се жалиш дека сакаш што побрзо да завршиш и да дојдеш на факултет.
И кога ќе дојдеш на факултет, сфакаш дека би потпишал со две раце да се вратиш пак таму.
:toe:
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Драга , ми се пишува есеј у 4 параграфи за тоа колку се живо околу мене ме нервира особено изминатиов ноември едвај чекам да си оди ваа никаква 2016та..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom