Д.
Апропо на некој од погорните постови.
Мала фирма, да ти тече колку толку нешто плус, да не се ослониш само на стандардната фиксна плата што поштено си ја заработуваш.
Дур ја основаш, регистрираш и почнеш, налет тие 5.000 евра, живци и здравје ќе оставиш на шалтер, јер едношалтерски.
А богами и по банки, тука печат, тука потпис ти фали.
Па ќе почнеш онака оптимистички до даска, се додека не почнат они.
И ете ти дошло да платиш фирмарина.
Па аконтација на ддв.
Ќе плаќаш царина, убави 10%.
Ќе плаќаш шпедиција, јер увезена роба, не може туку така.
Па не ти признаваат усна декларација, без разлика што се работи за помала вредност..
Ќе плаќаш данок на добивка, уште 10%.
Во меѓувреме ако ти притребаат пари да си повлечеш од сопствената ти фирма, за која ги плаќаш сите погорни давачки ќе мораш да платиш некој си дополнителен персонален данок за исплата од 10 кома нешто %.
Исто толку % мораш да платиш и ако плаќаш кирија за деловниот простор, а и за сите исплати на физички лица што ги плаќаш преку сметка.
Па ќе пуштиш позајмица од самиот себе, пошто не си останал веќе ликвиден, ама поради истите давачки кои кружат како панорамско тркало на кејот на Вардар не успеваш да си ги вратиш самите на себе, па ќе платиш и камата за задоцнувањето. Камата на државата, за парите што сам си ги должам на себе.

Ама пуста надеж, правиш нова нарачка.
И ти стига нарачаното.
И опет - царина, шпедиција...
Па плаќаш лежарина во Пошта, и тоа за 3-4 дена, пошто многу им се работи и многу сакаат да (ти) завршат работа за која всушност ти им даваш плата, преку сите погоре наведени давачки.
И ете, ти завршиле работа, ти се јавуваат да појдеш.
И цел среќен идеш да си ги подигнеш главоболките, а они насмеани те пречекуваат.
А богами и вработените.
Осмици им се гледаат, небаре чекаат да ти кажат дека си станал татко, на здраво, машко дете од 5 кила со три тестиси.
Па покрај фирмарина, даноци, комуналии, шпедиција, лежарина и остало, им текнало да ти наплатат уште по 500-600 денари од пакет, затоа што ти ја ставиле робата на портокаловата лента - за рутинска проверка, сумљива била пратката, мора да ја проверат, да ја отворат, од чиста мира. Па ти наплатиле дополнителни 2-3.000 денари. Тоа за да докажат дека работеле нешто.
После месец дена лежиш, одмараш пред ТВ-то и си размислуваш....при крај сум со залихите, мора нова нарачка...............................
Да сумираме, би и наштетил како знам и умеам, макар тоа било не само со бугарски, туку кога би можел и со грчки пасош, пошто #реално, ни еба матер на секој можен.ебан.чекор.