Лидери, кандидати, членови и потрчковци на политички партии. Во изминативе години не знаевте каде се наоѓа мојата врата и моето ѕвонче. Не ве интересираше мојата економска, матријална и здравствена состојба. Не ве интересираше дали моето семејство може да си ги плати сметките, да обезбеди храна. Не ве интересираше како патувам од дома до работното место и дали воопшто сум вработен. Не ве интересираше одисејата на членови на моето семејство низ лавиринтите на здравствениот систем (со крајна дестинација два метра под земја). Не ве интересираше дали можам да отворам прозор, дали можам да преживеам.
Ме игнориравте, а сега наеднаш знаете да ја пронајдете мојата врата и ѕвонче.
Сега јас не сум заинтересиран за вашите програми, за вашите празни ветувања, за вашата борба за власт.
Сега јас не можам да стигнам до избирачкото место, незнам да читам и да пишувам, незнам ни да заокружам.
Како што ме игнориравте до сега, како што до сега не знаевте каде е мојата врата, ве молам продолжете и во овие десетина дена кога секој глас ви е важен, кога знаете да отидете и во најзапоставеното село кое претходно не знаевте да го пронајдете и на мапа.
Јас како обичен човек за вас сум безначаен (осем две-три недели пред избори). Сега вашите програми, вашите ветувања, вашите листи за мене се безначајни.