Дел од пропагандата што сака да ја “продаде“ цајтгејст.
1.Религиите сите се исти и нема потреба од нив, само го лажат народот. „Религијата е опиум за народот“ - верувај во “партијата“.
2. Богатите контролираат се и се спремни на се, за што поголем профит и богатсво. „Мајку им иперијалистичку“
3. Нема потреба од пари, секој ќе работи колку може (сака) а ќе има според потребите.
Дали е ова нешто ново и револуционерно? ЈОК. Двајца чичковци со бради го напишаа пред повеќе од 150 год.
Дали филмовите содржат само факти? ЈОК. Прикажуваат монтирана манипулација и пропаганда.
Дали треба да се прават вакви филмови и да им са прикажуваат на Американците? ДА. Премногу долго беа затворени во информативен мрак и мозоците им се переа со пропагандната машинерија на владата, комунизмот е ЗЛО а парите се најбитни.
До пред некоја година најголем државен непријател ќе те прогласеа и ќе те затвореа на долги години робија ако спомнеше било што што заличува на комунистичка пропаганда.
Освен неинформираните Американци на вакви филмови се палат и деца родени после Тито.
Јас кога ги гледав “документарциве“ апсолутно ништо не ме изненади и не ме натера да речам WAW алал да им е дечкиве како им текнало или па да помислам дека се надерени во ташаците.
Не дека се што видов сум го знаел предходно него крајната поента им е одамна прочитана и осознаена од поголемиот дел од светската популација. Сеуште не стигнале до разочарувачкиот дел, кој ќе им плесне во фаца на гледачите:
-Се ова предходно што видовте е супер, само има една маана, не е остварливо во скоро време. УТОПИЈА Е.
И пред појавата на „Духот на времето“ јас си размислував со своја глава така да таа порака што пробува да ми нагласи како “новост“ не ме попали туку ми потврди дека станува збор за пропаганда. (пасивна агресија
)
За сите што мислат дека „Духот на времето“ е со позитивни и искрени пораки до луѓето да се освестат и да се побунат и ослободат од ропството на парите, нека се запрашаат што кој кур бара (се извнувам за францускиов позамен од Штерјо
) Дејвид Ротшилд со нив???
Овчарот што дозволува волк за да му ги пази овците не е добронамерен овчар.
Новиот светски поредок нели треба да има:
-Една влада (светската елита)
-Една религија (слична на експерименталната Сеинтологија)
-Идеалното општествено уредување КОМУНИЗМОТ ама во некоја успешна варијанта.
Неколкуте варијанти на комунистичко владеење веќе се пробаа (Русија и Југославија) се тестира некоја нова варијанта па полека се подготвува народоот преку вакви таканаречени документарци.
Ако ги гледаш фолмовиве само како “интересна“ понуда за забава ок. Ако се навлечеш на “вистината“ прикажана во нив размисли двапати пред целосно да влезеш во новокомпониранта рамка. Искачањето од една рамка и влегување во нова не е ослободување.