Zeitgeist си е супер филм за промена и разбудување на свеста кај обичниот човек. Не знам како некој може да биде рамнодушен и ни малку да не помисли за она што се кажува во филмот и во двата дела Zeitgeist: The movie и Zeitgeist: Addendum. И оти мислите дека поимот документарен филм значи дека нештото што е изнесено треба да е апсолутно точно, па дури и поткрепено со некакви материјални докази. Документарниот филм е како дипломска работа. Некој истражува некоја област, некој настан и сл. чита книги, интернет, прави интервјуа со други луѓе, чита историја поврзана со таа област, формира свое мислење и на крај го дава резултатот-дипломската како за на факултет или во случајов документарен филм односно филм кој не е како класичниот филм кој го знаеме со актери, шминки, сцени. Во документарнио филм се дава заклучукот, мислењето на авторот, а на гледачот со своја глава да види, да си размисли дали и колку ќе верува во него.
Да се вратам на Zeitgeist...за членовите погоре кои имаат големи сомнежи во значењето на филмот и работите кои ги открива. Истото тоа што таму се расправа за ММФ, за економскотот поробување на светот ли поточно на малите земји, ВЕЌЕ ГО ЧУВСТВУВАМЕ НА НАШ ГРБ. Зарем не гледате што се случува во последните 20 години откако Македонија е “самостојна“ ? Која власт и да дојди склучува договори со ММФ и тоа се демек пари за развој, за инвестиции, ова-она....Уствари тоа се пари за лично трошење, за крепење на гласачкото тело, за огромната администрација и за по некој проект кој ќе ги замачка очите на населението. Откако тој кредит не може да се врати или се враќа многу тешко, на сцена стапува ММФ која индиректно преку некојаси петта-шеста компанија си ги зема најбитните инфраструктурни елементи на една држава. Во нашиот случај тоа беа Телеком (сега T-Home и T-Mobile кои заработуваат грдна пара на македонските граѓани), потоа Електростопанство на Македонија (сега ЕВН), на повидок е давање на концесија на најзначајниот автопат Скопје-Гевгелија на пак некоја си самостојна, странска компанија (позади која уствари стои тој ММФ) за да дрпа пари од патарини. Па колку градски водоводи се дадени на “приватници“ и самостојно си ја формираат цената за водата. Па што се случува со енергенсите?!?!? Самите гледате по тв секоја недела има некое покачување. Останува уште да се продаде Охридското Езеро, Шар Планина, Кожуф (ете арапи ќе “инвестирале“ таму), Мариово, многуте извори на чиста питка вода...и се друго што претставува природен ресурс на државата. Затоа што денес борбата во светот е за природните ресурси: вода, шуми, нафта, необработено земјиште, чисти околини за производство на храна... Си прават што сакаат, без нималку грижа за обичниот народ. А тој си работи, работи од јутра до сутра, си зема кредити од проклетите банки со големи камати, што за финансирањ на школување на децата, што за сметки, што за отплаќање на друг кредит итн. Резултатот е: БОГАТСТВОТО СЕ СОБИРА ВО МАЛ ПРОЦЕНТ НА ЛУЃЕ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА НА СМЕТКА НА ОСТАТОКОТ КОЈ УШТЕ ПОВЕЌЕ ОСИРОМАШУВА И УШТЕ ПОВЕЌЕ Е ПОПОДЛОЖЕН НА МАНИПУЛАЦИЈА И КОНТРОЛА ОД МАЛАТА ГРУПА НА БОГАТАШИ.
Одвај чекам и третиов дел Zeitgeist: Moving Forward да излезе на интернет и да го спуштам.