Документарниот Филм "ZEITGEIST"

Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Го закачив на 24 вести пред некој ден. Е сега не знам кој дел беше, важно муабетот беше за економскиот систем и владеењето на САД преку неговото спроведување во транзиционите земји низ Ј.Америка и Азија. Навистина интересно и провокативно остварување, вреди да се погледне. Сигурно и другите 2 дела не се ништо помалку.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Го закачив на 24 вести пред некој ден. Е сега не знам кој дел беше, важно муабетот беше за економскиот систем и владеењето на САД преку неговото спроведување во транзиционите земји низ Ј.Америка и Азија. Навистина интересно и провокативно остварување, вреди да се погледне. Сигурно и другите 2 дела не се ништо помалку.
Веројатно вториот дел си го гледал ма да има по нешто од истото и во првиот и во третиот.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.823
Поени од реакции
7.118
Веројатно вториот дел си го гледал ма да има по нешто од истото и во првиот и во третиот.
да вториот дел беше и јас го гледав нај јака беше изјавата од 1941 година која се совпаѓа со сегашните случувања
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Како ти што ја гледаш целата слика, нели? Дај бе мајку му сватете веќе еднаш, со истата реторика и ние на кои ни се допаѓа филмот можеме да ви зборуваме вам: ништо не сваќате, ви ги перат мозоците, бла-бла...

Ако веќе се дискутира се наведуваат конкретни работи и дискутираме. На констатацијата: „целиот фил е лага“ не можам да одговорам со ништо освен „целиот филм е вистина“ и така да се рчкаме до бесвест. Дајте поконкретно малку за да има дискусија, доста со генерализирање.

- Кои делови се извадени од контекст (за да можеме да дискутираме за нив)

- И што ако не се спомнати? Се дискутира за тоа што е спомнато. Ако беше спомнато, ќе го негираше, ако не е спомнато, зошто не е спомнато... Филм е, документарец, авторот се фокусира на одредени теми, тоа е тоа. Еве во последниов дел беа спомнати ташни кои се продаваат по 4000 долари само затоа што се бренд, иако истите се прават за смешни пари, а добар дел беше посветен и на здравството. Некој треба да гледа, за да коментира.

- За заработката е дискутирано на темава

- За линчување на целото човештво никаде не станува збор, се зборува за спас на човештвото. Ништо не си разбрал.

- Нема ништо за нападот на кулите близначки што го немаше во 100 други филмови. Ако не ти е прифатливо, ќе веруваш во официјалната приказна. Овие другите се луди.

- Религијата е проблемот, првиот дел беше за релиогијата, одма, ударно. Тоа ги испровоцира сите верници и затоа нормално, се понатаму е срање. Не се согласувам со сите работи кои беа кажани во делот за религијата, но им симнувам капа затоа што не им го лижеа задникот на гледачите.
Да не гледав немаше ни да напишам, и да целата слика како што јас ја гледам, не поради егоцентризам него затоа што тоа е така.
Ако режисерот сакаше светот да го прикаже во вистинско светло тоа и ќе го направеше. Но во сите три дела се фокусира на религија и на пари како извор на се што е лошо.
Реториката му се сведува на тоа дека светот пропаѓа и ако не се направи нешто сите ќе бидеме проколнати на пропаст и на живот без никаква свест и збор...затоа што нема избор оти светот го контролираат група на луѓе така?
Се тоа е интересно и верувам заразно за љубители на теории на завери и слично, плус јас никаде не реков дека филмот е срање.

Да земам да ти вадам делови кој што се извадни до контекст во документарец во три дела каде секој дел трае барем по 2:30 часа е губење време.
Светот да пропаѓаше немаше да се зголемува неговата популација, немаше да се наоѓаат лекови, немаше да се истражува вселената и многу други прекрасни работи што се прават кои што се разбира во документарката ги нема и нема да ги има. Но тоа е нормално, полесно е да веруваш дека 5-на луѓе на светот се заколнати да ги заебат сите и ние да бидеме робови него да се погледне навистина како стојат работите.

Да, постојат сомнителни работи кои што треба подетално да се разгледаат, но тука завршува сето тоа.
Зајтгајст како концепт на размислување за перцепирање на светот е интересен, се понатака од тоа е неодговорно да се кажува.

Да се разбереме јас нити сум про нити контра во тоа што се кажува во филмот, ама па застапување само на еден цврст став дека тоа е така и готово се граничи со моронизам. Да религијата е срање ама исто и многу позитивни работи...и не не сум ни верник нити ме интересираат тие религиски срање дискусии.
А за монетраниот систем во светот подобро да не почнуваме...подобро.
Човек кој благе везе нема од светските економски и монетарни текови прави документраен филм каде што многу речито зборува за работи кои што се главна тема на дискусија во америчките хипи и про артистички кругови...каде дружбата се сведува на ролање џоинти и свирење гитари....сори за стереотипниот пристап ама се корстам со неговата метода.

Па ајде, јас ќе напишам книга за тоа како русија е најкретенската држава во цела истроија ама успеала светот да го излаже до сега....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Да земам да ти вадам делови кој што се извадни до контекст во документарец во три дела каде секој дел трае барем по 2:30 часа е губење време.
Светот да пропаѓаше немаше да се зголемува неговата популација, немаше да се наоѓаат лекови, немаше да се истражува вселената и многу други прекрасни работи што се прават кои што се разбира во документарката ги нема и нема да ги има. Но тоа е нормално, полесно е да веруваш дека 5-на луѓе на светот се заколнати да ги заебат сите и ние да бидеме робови него да се погледне навистина како стојат работите.
Зголемувањето на популацијата само ќе го забрза процесот. Поентите во филмот се јасни само свесно или несвесно се искривуваат:

- Светот можеби нема да пропадне, светот каков што го знаеме ќе пропадне. Ако за време на пропаста не се испоубиеме и самоуништиме, досегашниот систем ќе биде заменет со нов, без разлика дали овој кој се пропагира или некој десетти, и ќе се почне од некаква нула.

- Зошто ќе пропадне светот каков што го знаеме? Филмот многу просто објаснува - живееме на планета со ограничени ресурси, кои ги трошиме немилосрдно со единствена цел: остварување профит. Прво и основно, нафта неминовно ќе снема еден ден а со тоа од корен ќе се измени се, сакале или не. Ако сакаме да егзистираме и напредуваме, мораме да ја гледаме планетата како едно, да се грижиме за ресурсите кои ги има, да не трошиме залудно итн итн... Бидејќи во пракса не е така, ние ја сечеме гранката на која седиме, и притоа сме среќни. Можеш да погледнеш и еден филм кој не се бави со никакви заговори и теории туку само ја пренесува моменталната еколошка ситуација на земјава, се вика Home (2009/I).

Не е важно дали 5, 50 или 500 луѓе имаат некаква агенда, или по игра на случајот се случува се, последиците се исти. Но знам дека закони се носат за да се штитат големите корпорации, за нивните интереси, не за оние на обичниот човек. Знам дека најмоќните држави се замешани на секоја педа од земјава и сакаат да контролираат се. Зеитгеист не е ни прв ни последен филм кој зборува за големите финансиски инситуции и нивните дела и злодела насекаде по планетава. Не мора да веруваме дека се контролирани од некакви буги човечиња што се собираат со желба да ги направат сите робови. Не, тие сакаат она што богатите луѓе од секогаш го сакале: повеќе пари, по секоја цена.

За мене е перфектно логично и рационално дека помеѓу најголемите финансиски институции на светов може да постои агенда, но и да ја нема, во исто срање сме. Точно е тоа дека се наоѓаат лекови и дека човекот пронајде многу изуми, отиде во вселената итн... Исто така е точно дека со многу повеќе средства човекот би пронашол многу повеќе лекови и многу повеќе изуми, но наместо за тоа парите одат за водење војни кои помагаат да се направат нови пари. А тоа е системот, тој не тера да се однесуваме така, затоа што тоа се неговите закони. Профит по секоја цена.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Вечерва во емисијата на Миленко ќе биде прикажан последниот дел на Zeitgesit : Moving Forward. Кој не го погледнал ја има приликата (ко мене) да го види на ТВ екран.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Од сите делови тоа за антентатите држи вода, објаснувањето за економијата е одлично и затоа и ги гледам а се друго е како да кажам не вреди....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Најинтересен е фактот шо дур го глеаш филмот и целиот следен ден си: -ОМГ УАУ!
После си легнуваш да спиеш и на будење имаш приоритети у животот и никому ништо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Најинтересен е фактот шо дур го глеаш филмот и целиот следен ден си: -ОМГ УАУ!
После си легнуваш да спиеш и на будење имаш приоритети у животот и никому ништо.
Нечие лично искуство не е сечие лично искуство.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Дел од пропагандата што сака да ја “продаде“ цајтгејст.
1.Религиите сите се исти и нема потреба од нив, само го лажат народот. „Религијата е опиум за народот“ - верувај во “партијата“.
2. Богатите контролираат се и се спремни на се, за што поголем профит и богатсво. „Мајку им иперијалистичку“ :)
3. Нема потреба од пари, секој ќе работи колку може (сака) а ќе има според потребите.

Дали е ова нешто ново и револуционерно? ЈОК. Двајца чичковци со бради го напишаа пред повеќе од 150 год.
Дали филмовите содржат само факти? ЈОК. Прикажуваат монтирана манипулација и пропаганда.
Дали треба да се прават вакви филмови и да им са прикажуваат на Американците? ДА. Премногу долго беа затворени во информативен мрак и мозоците им се переа со пропагандната машинерија на владата, комунизмот е ЗЛО а парите се најбитни.
До пред некоја година најголем државен непријател ќе те прогласеа и ќе те затвореа на долги години робија ако спомнеше било што што заличува на комунистичка пропаганда.
Освен неинформираните Американци на вакви филмови се палат и деца родени после Тито.

Јас кога ги гледав “документарциве“ апсолутно ништо не ме изненади и не ме натера да речам WAW алал да им е дечкиве како им текнало или па да помислам дека се надерени во ташаците.
Не дека се што видов сум го знаел предходно него крајната поента им е одамна прочитана и осознаена од поголемиот дел од светската популација. Сеуште не стигнале до разочарувачкиот дел, кој ќе им плесне во фаца на гледачите:
-Се ова предходно што видовте е супер, само има една маана, не е остварливо во скоро време. УТОПИЈА Е.

И пред појавата на „Духот на времето“ јас си размислував со своја глава така да таа порака што пробува да ми нагласи како “новост“ не ме попали туку ми потврди дека станува збор за пропаганда. (пасивна агресија :) )
За сите што мислат дека „Духот на времето“ е со позитивни и искрени пораки до луѓето да се освестат и да се побунат и ослободат од ропството на парите, нека се запрашаат што кој кур бара (се извнувам за францускиов позамен од Штерјо :) ) Дејвид Ротшилд со нив???
Овчарот што дозволува волк за да му ги пази овците не е добронамерен овчар. :cool:

Новиот светски поредок нели треба да има:
-Една влада (светската елита)
-Една религија (слична на експерименталната Сеинтологија)
-Идеалното општествено уредување КОМУНИЗМОТ ама во некоја успешна варијанта.
Неколкуте варијанти на комунистичко владеење веќе се пробаа (Русија и Југославија) се тестира некоја нова варијанта па полека се подготвува народоот преку вакви таканаречени документарци.

Ако ги гледаш фолмовиве само како “интересна“ понуда за забава ок. Ако се навлечеш на “вистината“ прикажана во нив размисли двапати пред целосно да влезеш во новокомпониранта рамка. Искачањето од една рамка и влегување во нова не е ослободување.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
беше ок документарецот, се додека не стаса до Утопија идејата.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Феноменален е.
Колку е се убаво и темелно објаснето до поим, да нема никаде место за недоразбирање или нешто да остане матно и недообјаснето.
Поготово почетокот, со религиите, што отсекогаш ми биле матна тема бидејќи постојат ПРЕМНОГУ ненасочени мислења и тешко е од нив да одвоиш една теза и нејзина антитеза... Одлично е спастрен, скоцкан и среден за и прваче да ја сфати суштината.
За нападот на кулите близначки немам коментар. Страшно е КОЛКАВ монопол е целиот тој случај, па уште кога дадоа слики од потпорите врз кои се градени близначките, пресечени исто како кога плански се руши зграда со експлозиви...
Незнам. Тие "вистини" што секој ги знае се убаво посочени и побиени.
Дефинитивно документарецот е одлично сработен и ми се допаѓа.. Највеќе ми се допаѓа што е темелен на факти што тешко да ги побиеш, и со едноставни објаснувања наместо со часови да се филозофира.. Деновиве и другите делови ќе си ги изгледам иии така :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.662
Поени од реакции
6.525
Може да го тролате филмов колку сакате ама дека Земјата и човештвото имаат потенцијал да живеат многу подобро отколку сега е ФАКТ! Само што моменталниот систем на општествени уредувања и начинот на користење на ресурсите како и лакомоста на поединци не го дозволува тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom