Пред да почнете со било каква диета, треба да се запрашате што всушност зборот диета значи. А тоа е правилна исхрана. Скоро и да не постои оној временски интервал меѓу народот познат како „диета за слабеење“ во кој оној кој е на спомената диета ќе ослаби толку кила бидејќи јадел тоа и тоа.
За оние што сакаат да слабеат прво и основно е дека треба да трошат повеќе калории отколку што трошат, или спротивно да примаат помалку одошто трошат. А тоа нормално треба да се постигне со исхрана, значи одреден број на калории. Според некој правила кои можете да ги најдете на интернет. Аналогно на тоа ви е и диета т.е. правилна исхрана за „поправање“ каде е логично да внесувате повеќе калории отколку што трошите.
Најважно од се е да ја прилагодите таа диета и да ја претопите во вашиот секојдневен живот. Навидум едноставно, но треба да посветите време на тоа што јадете, како јадете... што и како ТРЕБА да јадете. Една од основните работи е да се консумираат 5-6 помали порции преку денот, но сепак да се внесе зададениот број калории а притоа да се внимава на протеините, јаглехидратите и мастите, како и нивото на активност.
Зошто 5-6 пати?
Затоа што со тоа овозможувате нормално хранење на организмот без прејадување. Доколку јадете 3 големи порции, вишокот од внесената храна се претвора во сало.
Мислам дека свативте во кој контекст оди разговорот.
Доколку некој е заинтересиран повеќе, можам да ви дадам линкови до сајтовите од каде што ги собрав овие информации во последните неколку месеци кои се на англиски, а доколку има некој кој не разбира радо би преведел повеќе од содржините.
Инаку и јас имам проблеми со тежината, но во обратен правец... имам недостиг. И тоа е тоа во суштина. Сé се сведува на правилен начин на исхрана. Не постои оваа или онаа диета со јадење на ова или она или пиење оцет или зејтин. Може некои од овие т.н. диети ќе работат кај некој, но не кај сите. Генерално, она што работи за сите е правилниот начин на исхрана.
П.С. Не сум никакво медицинско лице. Овој пост го напишав со цел да помогнам на база на тие информации што ги собрав од интернет. Сепак, цврсто стојам зад ова. Доколку имате да додадете нешто, слободно. Во спротивно, тешко дека ќе си го сменам мислењето на оваа тема.
Поздрав
--- надополнето: Jun 13, 2011 3:56 PM ---
Сте слушнале за
P90X? Јас сега вежбам [ги вежбам] само
Cardio X дека сакам да бидам активен а тие се супер [40 мин. траат +3 мин. загревање].Исто трчам 10-15 мин така да дневно сум активен 1 час.
Сега сакам да прашам колку калории одприлика се трошат за тие 60 мин. кардио вежби?
Во врска со исхраната, во Јануари годинава имав 41-2 кг. и супер ми беше но се опуштив и почнав повеќе да јадам
[за сегашна жал или за тогашна среќа БЛАГО коа го немав ставено во уста во вид на слатки и сл. такви десерти 6 месеци ... основната потреба од шеќер ја добивав со 2 плода овошје на ден насабаље или до попладне] и со тоа добив резлутат од покачена телесна тежина во Март месец 44 кг. Малку се грижев но тоа ти е, си апнував како секој нормално. Сега се мерев пред 1 недела имав 45 кг. и од денес почнав да внимавам на мешањето јаглехидрати & протеини. Целта ми е да ослабнам 2 кг. за 2 недели бидејќи знам дека така нема да ги вратам. Не јадам благо, 1 недела се откажував од него и поарно ми е - место сладолед од 160 калории можам да изедам мало парче стек со краставици. Значи сега оваа недела и другата до некој-си 10-11 јуни сум на тој режим и знам дека ќе ослабнам, верувам бидејќи сум активен и внесувам околу 1000 калории [иако знам дека се слабее и повеќе од 2 кг. со таква исхрана & активност за 2 недели].
Висок 165-6, тежок 45 кг. Цел-43 кг.
Арно ти кажаа, не си играј играчка. Мал си уште. За таа висина јас би ставил уште 5-6 кила, а не да намалам. Сега си во пубертет и ќе почнеш да растеш и да се извишуваш, што значи ако не јадеш доволно... многу повеќе ќе ослабеш.
И остави ја ти таа програма.
Р90Х не е наменета за почетници а посебно не за деца под 17 години. Ова ти го кажувам со 100% сигурност.
Ако толку сакаш да вежбаш и да бидеш во топ форма, доволно ќе ти бидат склекови и стомачни + да трчаш во парк или некој спорт како кошарка или фудбал.