Сте слушнале за
P90X? Јас сега вежбам [ги вежбам] само
Cardio X дека сакам да бидам активен а тие се супер [40 мин. траат +3 мин. загревање].Исто трчам 10-15 мин така да дневно сум активен 1 час.
Сега сакам да прашам колку калории одприлика се трошат за тие 60 мин. кардио вежби?
Во врска со исхраната, во Јануари годинава имав 41-2 кг. и супер ми беше но се опуштив и почнав повеќе да јадам
[за сегашна жал или за тогашна среќа БЛАГО коа го немав ставено во уста во вид на слатки и сл. такви десерти 6 месеци
... основната потреба од шеќер ја добивав со 2 плода овошје на ден насабаље или до попладне] и со тоа добив резлутат од покачена телесна тежина во Март месец 44 кг. Малку се грижев но тоа ти е, си апнував како секој нормално. Сега се мерев пред 1 недела имав 45 кг. и од денес почнав да внимавам на мешањето јаглехидрати & протеини. Целта ми е да ослабнам 2 кг. за 2 недели бидејќи знам дека така нема да ги вратам. Не јадам благо, 1 недела се откажував од него и поарно ми е - место сладолед од 160 калории можам да изедам мало парче стек со краставици. Значи сега оваа недела и другата до некој-си 10-11 јуни сум на тој режим и знам дека ќе ослабнам, верувам бидејќи сум активен и внесувам околу 1000 калории [иако знам дека се слабее и повеќе од 2 кг. со таква исхрана & активност за 2 недели].
Висок 165-6, тежок 45 кг. Цел-43 кг.