Јадење на секој 2 часа е неизводливо. Дури и во случај да ти готви некој, тоа се 8 оброка од 7 наутро до 9 навечер (претпоставувајќи поголемиот дел од читателите не стануваат во 12 напладне и си легнуваат во 4 наутро). Тоа се според мене многу оброци. Најдобро би изгледало ако имате 3 големи оброци и 2-3 ужини помеѓу нив, распоредени на 2-3 часа. (еднаш 2, еднаш 3 - како ви одговара) Еве по мое:
Доручек: 7:00
Ужина: 9:00
Ручек: 12:00
Ужина: 14:30
Вечера: 18:00
Ужина: 20:30
Зошто?
Доручек во 7 саат пред факултет. Да претпоставиме дека не можете да јадете многу одма после будење, али доручекот е столб на исхраната. Пробајте да не го избегнувате. Не си јадел многу, следува ужина после 2 часа. За ужина, може да имате на пример кафе + јаболко.
Ручекот треба да биде голем оброк, затоа го ставам после 3 часа бидејќи тогаш сум способен да изедам повеќе, но не се осеќам многу гладен што е многу важно... сум се најал добро на ручек што значи дека ужина можам да имам после подолго време... за ужина може да имате бисквити без шеќер и ниско маслено млеко... и така натаму..
А за 1800 калории сакав да кажам дека ова не е стандардизирана бројка за слабеење. Доколку вашето ниво на активност е 0, т.е. во поголемиот дел од денот сте седнати, дали на работа, или на факултет па дома на учење... тоа значи дека вашиот организам ја користи енергијата од храната само за основни потреби (пример, запали ја колата и остави ја да работи). Доколку сте примиле 1800 калории тој ден, а сте истрошиле пример 1600... тогаш, вишокот калории се складира и не сте направиле ништо. Пробајте да користите некој онлајн калкулатор за калории, и бидете активни во текот на денот. 20 минутно трчање нема да ви одземе многу, ќе ве размрда, ќе ви истроши неколку калории, што значи ќе ви отвори апетит но секако за здрав оброк со не многу калории.