Еве јас како ослабев.
Секој ден трчав по 2 пати (насабајле околу 15 минути, и приквечер 25-30 минути) така едно 2 месеца, а 3иот само приквечер по 25-30 минути, не ви треба никаква кеса, фолија. На исхрана претерано внимавав, што доведе до претерано слабеење и вишок кожа. Исхраната ми се состоеше од: наутро; 5 парчиња двопек со 200 мл јогурт, попладне; Туна во конзерва (го цедев маслото) и малце бел леб, 200 мл јогурт, навечер; 3 јајца без жолчки, еден домат, 200 мл јогурт, парче бел леб. Тоа е во еден ден, иначе исто така конзумирав и зелка салата, ѓеврек, грав (мала порција), леќа (мала порција), грашак (мала порција), салата со домати и краставици, вода 2 до 2 и пол литри. Во тој период воопшто не пиев алкохол или сок (било каков), не јадев брза храна, чипсови, смоки, благи работи итн. За се ова треба и упорност, џабе ви се диети, нема никогаш да ослабнете ако не сте упорни! Ова беше моја диета без консултирање со лекар, голема грешка, но се испадна во ред и навистина се исплатеше што доведе до отсранување на 25 кг. После тоа научив, дека диета не е нејадење, туку здрава исхрана во умерена количина. И мотивирајте се, бидете упорни. Користете го интернетот, можете многу да научите за храната која сакате да ја јадете додека слабеете, од искуство кажувам, позз.