Еве и од мене нешто!!
1 ден Макарони со сирење или јогурт (сварени макарони секако)
2 ден Ориз со сирење или јогурт (сварен ориз)
3,4,5 ден Пилешко (сварено) со салата (домат,краставици,сирење,зелена пиперка,зелка а може и салата од морков,зелка и цвекло-преубава е) сите салати со мнооогу малку масло
6,7,8 ден Телешко (исто сварено) со горенаведените салати
9,10,11 ден Риба со споменатите салати
12,13 ден Грашок,грав,леќа(бљак) како манџа без леб
14,15 ден Компири варени со мнооогу малку масло,киселина и кромид (по желба)
16,17 ден Овошје
18 ден Како првиот ден исто
19 ден Како вториот ден исто
20 ден Благо ( нема воопшто да ви се каснува благо)
Важно: За кафеџиите и зависниците од кофеин: Kафето исклучиво без шеќер,може само со една таблетка натрен по шолја кафе
Важно: Мнооогу малку сол во оброците и салатите,газирани сокови и алхохол никако,повеќе вода и напитоци од типот цедевита (знаете какви)
Важно: Се препорачуваат два не многу обилни оброци дневно или па 3,4 оброци по малку (подобра варијанта)
Важно: Подготовка на рибата - во рерна,без масло,обвиткана во фолија и повремено да се полива со вода преку фолијата (мене најубава ми е осличот а и највкусна е вака подготвена)
Со оваа диета се слабее од 6 до 8 килограми без никакво вежбање,трчање, едноставно јас со дремење пред комјпјутер и тв 20 дена изгубив 8 килограми!
Секако добредојдено е секаков вид на спорт,рекреација,вежбање,трчајње за двоен ефект (другарче мое ги скина 16 и пол килограми со играње мал фудбал секојдневно по саат и пол)