Зафркната, чукни си на зафркнатото главче и не ме зафркавај, оти знаеш, јас сепак се зафркавав. Зафркнато јасно?
А кога понекогаш за забава го помислувам тоа и му го кажувам(па понатамошниот муабет ни е навистина интересен и могучно е да заврши со блага тепачка или казна за љубовохулење-варење кафе цел месец
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)), помислувам и дека скроз оправдувам доколку некоја девојка го има тој став. Па нели мажите лесно влегуваат и лесно излегуваат од врски, емоциите ги добиваат дури после сексот и бла бла? Тогаш ќе си ја наредиш според ситуацијата. Доколку сте лудо и длабоко, сериозно вљубени, ќе си уживаш во взаемноста чекор по чекор.
Доколку гледаш дека он си е чил аут и нема драми и срцепарателни испади, а и тебе не ти е баш толку -единствен за тебе на овој свет- иако многу те привлекува, обрнуваш повеќе внимание на другите работи и искуства, а и искрените задоволства што можеш да ги извлечеш од врската, исто како и тој.
И не мислам дека тоа е злобно, само малку здрав разум и растерување на розевите облачиња, и контрола на најнежните емоции кои не се даваат секому, најмалку пак само затоа што бил оној што кркнал малку кожичка и крв.