Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
... киселините не се трпат? точно така, зголемена секреција на желудачни киселини преставува проблем, нагризува, создава незгодна градна болка ..итн
...ама проблемот од корен не се решава со земање „од око“ на антацид (Рутацид, Рупурут) ниту со инхибитор на протонска пумпа (Ланзул, Омепразол, Нолпаза- пантопразол), ниту со антагонисти на Н2-рецепторите (Ранитал, Фамосан,) туку со испитување да се одреди која е причината за тоа зголемено лачење на киселини:
- дали може да биде причина бактеријата Хеликобактер пилори? дали нарушена дигестија (диспепсија)? дали чир на желудникот, дали гастроезофагеална рефлуксна болест или едноставно гастритис предизвикан од стрес!
така да во различни ситуации треба различен пристап, затоа што ако на пример е причинител бактеријата Хеликобактер пилори и не се пие тројна терапија (комбинација на антибиотик, антимикробик и инхибитор на протонска пумпа) тие тегоби нема да исчезнат, па ти пиел колку сакаш било кој од антацидни или антиулкусни лекови!
...или доколку некои навики во јадењето, храна и пијалок (нагло обилен оброк, луто, кисело, кофеин, алкохол, газирано, никотин) не се внимава и одбегнува, киселините секогаш ќе бидат присутни!
... или стресни ситуации потребно е на поинаков начин да се „смират“, па нема да се појави моментално рагирање на телото на тој стрес со зголемено лачење на киселина!
...инаку, ти велиш бегаш од сода бикарбона (со право не смееш да пиеш), а истото го купуваш ама под комерцијално име „Diger Selz“ и ти било супер!
А која е причината шо го забраниле ранитидинот?Мислам стварно беше доста ефикасен.
...не е проблемот дека ранитидинот е канцероген, ранитидинот како активна супстанца НЕ Е КАНЦЕРОГЕНА ( Ранитал, Ранисан, Ранитидин во секоја форма - таблети, шумливи таблети, ампули, капсули), туку детектирано е дека главната супстанца „ранитидин“ има онечистување со „н-нитрозодиметиламин (НДМА) кое има канцерогено дејство!
...и не само кај активната супстанца
„ранитидин“ туку и други лекови кои во својот состав се пронајдени „нитрозамин“ како на пример кај „сартани“ кои се применува во лечење на покачен крвен притисок како алтернатива на АКЕ инхибитори како нова генерација на лекови т.н. „сартани“ (Candesartan, Telmisartan, Valsartan, Losartan) се предмет на испитување и исклучување од примена во ЕУ, (кај нас Лосартанот се уште се препорачува)...
..на пример Ранитидин од Реплек производство наводно не се пронајдени нитрозамин како кај другите генерики од другите производители Хемофарм, Лек Сандоз, Алкалоид !
..
.производителот Реплек во своите производни постапки не користи азотни соединенија (во ексципиенси и реагенси) така да тоа повлекување на лекот чија генерика е ранитидин поради загадување со нитрозамин за производот на Реплек не важи, така да слободно може да се примени лекот Тбл. Ранитидин Реплек!