Дежурна Ординација! #2

Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
прашај го матичниот или во аптека за Фамосан или Нолпаза дали се ок за твоево. Омепразол или ланзопразол не знам дали и какви нуспојави имаат.
Автоматски споено мислење:

Или Рупурут
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
Nolpazа може да се напиеш за киселините. Еден час пред оброк.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
Наќо, пробај прво со Ланзул 30ка.
Една капсула сабајлечки пола саат пред јадење. Ако ти се јави пак киселина додади и таблети за џвакање Рутацид. Pro tip - ако имаш мака можеш и навечер да земеш, а побрзо делува ако ја отвориш капсулата и ги земеш така гранулите само со голема чаша вода и пази да не ти отидат директно во грло.
Нолпазата е појака, не оди директно на тој лек. И имај предвид дека ќе треба некое време да проделува лекот, односно да се смири слузницата на желудникот и да се прибере со лачење киселина. Ако после 2-3 недели не ти се смени ситуацијата, тогаш пробај со Нолпаза ма да подобро прво да прашаш матичен.
Disclaimer за душебрижници: Ланзулот не прави никаква штета и може и без рецепт да се земе од аптека, Рутацидот е малтене креда со ментол и во други земји такви лекови и во супермаркет се продаваат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Да, во секој случај ќе треба совет со матичниот. Нолпазата ако се зема, треба според упатството. Не е за инцидентно како на пример Рупурутот.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Фала ви на сите за советите,во Италија во супермаркетите има еден прашак Diger Selz купив неколку кутии многу ми помагнаа ама се потрошија
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
А која е причината шо го забраниле ранитидинот?Мислам стварно беше доста ефикасен.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.597
Поени од реакции
37.523
Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
... киселините не се трпат? точно така, зголемена секреција на желудачни киселини преставува проблем, нагризува, создава незгодна градна болка ..итн
...ама проблемот од корен не се решава со земање „од око“ на антацид (Рутацид, Рупурут) ниту со инхибитор на протонска пумпа (Ланзул, Омепразол, Нолпаза- пантопразол), ниту со антагонисти на Н2-рецепторите (Ранитал, Фамосан,) туку со испитување да се одреди која е причината за тоа зголемено лачење на киселини:
- дали може да биде причина бактеријата Хеликобактер пилори? дали нарушена дигестија (диспепсија)? дали чир на желудникот, дали гастроезофагеална рефлуксна болест или едноставно гастритис предизвикан од стрес!
така да во различни ситуации треба различен пристап, затоа што ако на пример е причинител бактеријата Хеликобактер пилори и не се пие тројна терапија (комбинација на антибиотик, антимикробик и инхибитор на протонска пумпа) тие тегоби нема да исчезнат, па ти пиел колку сакаш било кој од антацидни или антиулкусни лекови!
...или доколку некои навики во јадењето, храна и пијалок (нагло обилен оброк, луто, кисело, кофеин, алкохол, газирано, никотин) не се внимава и одбегнува, киселините секогаш ќе бидат присутни!
... или стресни ситуации потребно е на поинаков начин да се „смират“, па нема да се појави моментално рагирање на телото на тој стрес со зголемено лачење на киселина!
...инаку, ти велиш бегаш од сода бикарбона (со право не смееш да пиеш), а истото го купуваш ама под комерцијално име „Diger Selz“ и ти било супер!
8000410024025.png
ice_screenshot_20200522-155007.png
А која е причината шо го забраниле ранитидинот?Мислам стварно беше доста ефикасен.
...не е проблемот дека ранитидинот е канцероген, ранитидинот како активна супстанца НЕ Е КАНЦЕРОГЕНА ( Ранитал, Ранисан, Ранитидин во секоја форма - таблети, шумливи таблети, ампули, капсули), туку детектирано е дека главната супстанца „ранитидин“ има онечистување со „н-нитрозодиметиламин (НДМА) кое има канцерогено дејство!
...и не само кај активната супстанца „ранитидин“ туку и други лекови кои во својот состав се пронајдени „нитрозамин“ како на пример кај „сартани“ кои се применува во лечење на покачен крвен притисок како алтернатива на АКЕ инхибитори како нова генерација на лекови т.н. „сартани“ (Candesartan, Telmisartan, Valsartan, Losartan) се предмет на испитување и исклучување од примена во ЕУ, (кај нас Лосартанот се уште се препорачува)...
..на пример Ранитидин од Реплек производство наводно не се пронајдени нитрозамин како кај другите генерики од другите производители Хемофарм, Лек Сандоз, Алкалоид !
...производителот Реплек во своите производни постапки не користи азотни соединенија (во ексципиенси и реагенси) така да тоа повлекување на лекот чија генерика е ранитидин поради загадување со нитрозамин за производот на Реплек не важи, така да слободно може да се примени лекот Тбл. Ранитидин Реплек!
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2018
Мислења
326
Поени од реакции
622
Луѓе,се најде ли некоја замена за оние улкодин,ранитидин што ги забранија? Од сода бикарбона други проблеми си направив па не смеам да ја пијам,има ли чаре за киселиниве не се трпи веќе.Тренутно сум на Рупурут гола вода е
Скопски да не се повторуваме горе доле добри совети имаш, јас само нешто ќе дополнам: не ги пијте лековите како бонбончиња, значи или пиеш терапија и го решаваш проблемот или не пиј ич, а она денес пијам утре не најлоша варијанта е.
А пред да земеш да пиеш некоја терапија мораш прво да пробаш да го средиш дигестивниот систем, начинот на исхрана, редовно јадење, избегнување храна и пијалоци кои ја влошуваат состојбата пр.од сабајле кафе цигари на празен желудник никако и миљарда совети можеш да најдеш сега барем.
Ти си ја зимал најлошата варијанта(сода бикарбона) која на кратки стази е многу ефикасна и бргу делува а всушност на долги е најлоша.
Прво посоветувај се со матичниот, а потоа кога ќе помине целава ситуација со ковид побарај си упат за гастро-интернист.
На крај малку да ја исправам бијонсица: сите ранитидини се повлечени (информацијата од линкот е стара) и во врска со сартаните: во нашата држава има лосартан( од Крка и Алкалоид) и валсартан(од Крка) кај кои не се најдени онечистувања
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
...производителот Реплек во своите производни постапки не користи азотни соединенија (во ексципиенси и реагенси) така да тоа повлекување на лекот чија генерика е ранитидин поради загадување со нитрозамин за производот на Реплек не важи, така да слободно може да се примени лекот Тбл. Ранитидин Реплек!
Шо знам, Реплек си го повлече нивниот Ранитидин. Викаш ќе најде?

Дополнување на известувањето за безбедносна информација за лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција - објавено на 06.11.2019
Врз основа на горенаведените податоци, лекот од промет го повлекуваат следните носители на одобрение:
- ЛЕК-Скопје Лек д.д. Љубљана ДООЕЛ, Ранитал 150 mg филмобложена таблета и
- ХЕМОФАРМ А.Д.ФАРМАЦЕВТСКО - ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ, Ранитидин 75 mg шумлива таблета; Ранититидин 50mg/2 ml раствор за инјектирање или инфузија
- АЛКАЛОИД АД – Скопје, Улкодин 150 mg (150 mg x 15; 150 mg x 20; 150 mg x 30); Улкодин раствор за инјектирање 50 mg/2 ml
- РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ – Скопје, Ранитидин 150 mg филм-обложена таблета
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.597
Поени од реакции
37.523
...во Италија во супермаркетите има еден прашак Diger Selz купив неколку кутии многу ми помагнаа ама се потрошија
... не знам зошто толку негативен набој во цитирањето, едноставно членот според како напишал дека купил Diger Salz во маркет во Италија, мислев дека моментално е во ЕУ, каде Ранитидин Реплек Фарм можеби го има како ОТЦ препарат по маркети (како во УСА) иако генериката како лек е повлечено самоиницијативно од самата фирма Реплек Фарм (не навлегувам поради кое влијание) ама не дека се детектира „нитрозамин“!

ice_screenshot_20200523-145130.png

... како и да е, Реплек Фарм Ранитидин, Zantac од повеќе производители, како ОТЦ препарат го имало до минатиот месец по сите маркети во УСА и самото повлекувањето ТУКА е поради сомневање дека при складирање на сталажите додека не дојде купувачот, Зантаг како ОТЦ препарат можеби под дејство на нерегулирана повисока температура по тие маркети се препоставува дека минималниот недетектиран N-Nitrosodimethylamine (NDMA) му се „зголемувало“ нивото кое не е одобрено од FDA за човечка примена поради канцерогеност!

ice_screenshot_20200523-153608.png
... безбедоносна информација околу ранитидинот, пратена беше прв пат по аптеките уште пред една година ова време, за во септември 2019 год. се повлече неколку серии, да евалуира со повлекување во октомври само од неколку произодители на лек ранитидин, па потоа детектирани повисоки нивоа кај сите други производители со својот бренд „ранитидин“,освен кај Ранитидин Реплек Фарм... впрочем самата имам купено Ранитидин Реплек кога другите производители си ги повлекоја поради детекција на повисоки нивоа од дозволените што кај Реплек Фарм не беше случај, додека регистрираниот како ОТЦ препарат се продавало по маркети во УСА по маркети, па можно и во ЕУ!
малку да ја исправам бијонсица: и во врска со сартаните: во нашата држава има лосартан( од Крка и Алкалоид) и валсартан(од Крка) кај кои не се најдени онечистувања
...ако може инфо или линк каде „не се најдени“ онечистувања кај сартаните, а не вака усно своја претпоставка!
 
Последно уредено:

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.721
Прво да кажам дека со мотор идам на работа и го возам и на ладно ( дожд)и на топло овие 3 недели од кога почнав со работа.Пред едно 3 дена дали со наглите промени на времето ме болеа или како викаме ме вртеа нозете и рацете и си викав од времето е.Ме фати мала хистерија и почнав да мерам температура и за среќа немам (36.6) али вчера осетив мала нелагодност во грлото и земав еден стрепсил и за среќа ми помина грлото али ми се јави една мала ретка кашлица како да имам нешто на грлото и морам да се искашлам.На сето тоа еве 3 часа како се вратив дома кога земам длабок воздух осеќам мала болка во средина на градите со потреба во грлото да се искашлам.Ме фаќа паника искрено и психички одамна сум паднат со коронава и гарант имунитетот ми е катастрофа.Пред скоро 3 месеци бев овака сега гледам пак.Малце утеха ми дава што температура немам и кашлицата е ретка :(
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149

Ех јас тоа години наназад имам проблеми, ме гребе грлото и лекарите немаат поим.

Постојано кога и да отидам на матичен, само знаат матичните лекари ( ги има во моја поликлиника 3-4 матични лекари на смени) само знаат да ми дадат упат за брис на грло као се сомневаат дека имам бактерии и секогаш брисот покажува резултат дека нема бактерии на грлото.
Дури им здосадив на тие вработените во болница кои земаат брис од грло, само ми велат: пак ли тебе те пратија тие матичните?

И кога и да отидам назад кај матичните со негативниот наод на бактерии во грло, тие немаат поим што ми е проблемот, и не ми даваат никаква дијагноза и наод, ниту решение и терапија.

И пак постојано секоја година имам суво грло, и ме гребе.

Здравството е хаос.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.884
Поени од реакции
42.568

Можно да е алергија, си бил на уво нос и грло да ти го видат носот?
 
Воспаление на грлото, не мора да станува збор за бактерија или вирус.
Може иритација од чад од цигари, загаден воздух или од сув топол/ладен воздух.
Во меѓувреме, повеќе течности, топли напитоци (чаеви и супи), гаргара со солена вода, јас препорачувам и мед! Ако сте пушачи, апстинирајте неколку дена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom