Дежурна Ординација! #2

Член од
22 јули 2011
Мислења
370
Поени од реакции
304
Воспаление на грлото, не мора да станува збор за бактерија или вирус.
Може иритација од чад од цигари, загаден воздух или од сув топол/ладен воздух.
Во меѓувреме, повеќе течности, топли напитоци (чаеви и супи), гаргара со солена вода, јас препорачувам и мед! Ако сте пушачи, апстинирајте неколку дена.

Нежно ми е грлото и организмот, и имам прилично слаб имунитет, малку ќе залади времето, или ќе дојде до промена на температурите нагло ќе се намалат температурите и веднаш кај мене се појавува гребење во грлото.

Не сум пушач, и дома не се пуши кај мене во куќа, живеам надвор од градска врева и загаденост, не е загаден воздухот кај мене во околина.

Пијам чај, и тоа енормно многу пијам чај, во есен и зима по 2 литри дневно обавезно пијам чај и со лимон го пијам, избегнувам да сум по надвор на студено, но едноставно грлото ме гребе од Октомври до Март секоја година. Пијам и секој ден многу течности и тоа вода негазирана, сокови на растворање.

И како што напишав претходен пост кога и да отидам на матичните лекари само знаат да ми дадат упат за брис на грло во болница и постојано излегува дека нема бактерии. И кога се враќам со негативен наод на бактерии во грло кај матичните тие само стискаат рамења и ми нудат решение како да го нема тоа гребење во грло.

Можно да е алергија, си бил на уво нос и грло да ти го видат носот?

Сум бил, повеќе пати имам давано брис од грло и од нос во болница и постојано негативен е наодот, и секогаш кога се враќам кај матичните лекари со негативниот наод и ги прашувам што понатаму како да се среди проблемот со гребење во грло, матичните лекари само стискаат рамења и не нудат решение и терапија.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.596
Нежно ми е грлото и организмот, и имам прилично слаб имунитет, малку ќе залади времето, или ќе дојде до промена на температурите нагло ќе се намалат температурите и веднаш кај мене се појавува гребење во грлото.

избегнувам да сум по надвор на студено, но едноставно грлото ме гребе од Октомври до Март секоја година.
Исто како да се прочитав себеси, исто е и кај мене :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.416
Поени од реакции
9.306
Нежно ми е грлото и организмот, и имам прилично слаб имунитет, малку ќе залади времето, или ќе дојде до промена на температурите нагло ќе се намалат температурите и веднаш кај мене се појавува гребење во грлото.
... тоа не значи слаб имунитет, впрочем доказ се негативните тестови што ги имаш направено на даден брис, нос, грло...нели?
...гребењето на грло, а немање други никакви симптоми може да биде на пример поради навика да се дише преку уста (или Х причина за пречка за дишење преку нос), токму тој период за кој се жалиш октомври-март кога воздухот е поладен, а тоа гребењето најчесто се намалува со пиење на течности.
...инаку и самото утринско чувство на гребење во грлото можно е и поради начинот на повеќето да спијат со отворена уста со што и дишењето се одвива преку уста со што тие осум часа ноќно спиење иако сме имале добар сон ќе се разбудиме ем со гребење во грло, ем мамурни.

...поради дишењето преку уста покрај утринското гребење во грло, можна е и „утринската уморност“ оти телото има слаба оксигенација преку уста како и нула создаден Nitric oxiden (се создава во носот и назалните синуси) кој е важен за вазодилатација при што се шират крвните садови и со тоа доаѓа до подобра циркулација на внесениот кислород и затоа недостатокот на азотен моноксид (кога се дише преку уста) често е поврзан со срцеви заболувања, инсулинот-дијабетес и еректилна дисфункција, затоа многу важно е дишењето преку нос, што многу малку внимаваат и дискутираат околу таа проблематика, ама тоа е веќе друга тема!
...потрудете се да дишете преку нос т.е. да се остранат причините што го блокираат целосно или делумно дишењето преку нос, па телото бара алтернативно дишење преку уста „што е штетно“ конкретно ете во овој случај со чувство на гребење на грлото!
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2019
Мислења
370
Поени од реакции
1.175
Нежно ми е грлото и организмот, и имам прилично слаб имунитет, малку ќе залади времето, или ќе дојде до промена на температурите нагло ќе се намалат температурите и веднаш кај мене се појавува гребење во грлото.

Не сум пушач, и дома не се пуши кај мене во куќа, живеам надвор од градска врева и загаденост, не е загаден воздухот кај мене во околина.

Пијам чај, и тоа енормно многу пијам чај, во есен и зима по 2 литри дневно обавезно пијам чај и со лимон го пијам, избегнувам да сум по надвор на студено, но едноставно грлото ме гребе од Октомври до Март секоја година. Пијам и секој ден многу течности и тоа вода негазирана, сокови на растворање.

И како што напишав претходен пост кога и да отидам на матичните лекари само знаат да ми дадат упат за брис на грло во болница и постојано излегува дека нема бактерии. И кога се враќам со негативен наод на бактерии во грло кај матичните тие само стискаат рамења и ми нудат решение како да го нема тоа гребење во грло.

Сум бил, повеќе пати имам давано брис од грло и од нос во болница и постојано негативен е наодот, и секогаш кога се враќам кај матичните лекари со негативниот наод и ги прашувам што понатаму како да се среди проблемот со гребење во грло, матичните лекари само стискаат рамења и не нудат решение и терапија.
Сокови на растворање! Ова може да биде уште една причина за иритација на грлото и болка во истото.

Во ред, течности пиеш, алергичен не си, немаш бактерија/вирус, не пушиш цигари...Можеби да пробаш со гаргара со солена вода или едно лажиче мед наутро, можеш исто така да си земеш и ментол бонбони, па да шмукаш повремено, вдишување пареа од чај од жалфија....

Тригерите за суво грло може да бидат најразлични. Дури и викањето и посилното зборување може да го иритираат грлото. Слевање на секрет од носот исто така....

Во секој случај ако болката трае подолго време, може да направите и една консултација со ОРЛ специјалист...
 
Кои ментол бонбони ми ги препорачуваш? Ако може препорака и слика, кај да се купат и цената, и од кој производител е најдобро?
Е да, кога користам негро бонбони ми е малку поубаво на грлото.

Тој чај од жалфија го има ли во аптеките како оние филтри на чај од камилица и нане, или некаде другде се купува и каде го има?
Вдишувам пареа од чаеви од нане, хибискус, шипинка, камилица, и правам чај и од едно растение заборавив како му е името ( го имам во саксија тоа растението).
Да не треба од ѓумбир да правам чај или некој напиток и ако имате рецепт за од ѓумбир напишете ( никогаш не сум користел ѓумбир а слушам некои и тоа препорачуваат).

Тоа тригер мислите на причина некоја?
Не зборувам гласно и не викам и не се дерам, дури и мразам кога некој така зборува.

Е, кога морам нели кратко да сум надвор колку кратки релации да пешачам или да отидам до некаде, е тогаш од тоа студениот воздух кожата ми трепери, од тоа ладното и студен воздух имам некое чудно непријатно чувство на кожата и образите ми се некако собираат и ми црвенеат образите, непријатно чувство имам.

... тоа не значи слаб имунитет, впрочем доказ се негативните тестови што ги имаш направено на даден брис, нос, грло...нели?
...гребењето на грло, а немање други никакви симптоми може да биде на пример поради навика да се дише преку уста (или Х причина за пречка за дишење преку нос), токму тој период за кој се жалиш октомври-март кога воздухот е поладен, а тоа гребењето најчесто се намалува со пиење на течности.
...инаку и самото утринско чувство на гребење во грлото можно е и поради начинот на повеќето да спијат со отворена уста со што и дишењето се одвива преку уста со што тие осум часа ноќно спиење иако сме имале добар сон ќе се разбудиме ем со гребење во грло, ем мамурни.

...поради дишењето преку уста покрај утринското гребење во грло, можна е и „утринската уморност“ оти телото има слаба оксигенација преку уста како и нула создаден Nitric oxiden (се создава во носот и назалните синуси) кој е важен за вазодилатација при што се шират крвните садови и со тоа доаѓа до подобра циркулација на внесениот кислород и затоа недостатокот на азотен моноксид (кога се дише преку уста) често е поврзан со срцеви заболувања, инсулинот-дијабетес и еректилна дисфункција, затоа многу важно е дишењето преку нос, што многу малку внимаваат и дискутираат околу таа проблематика, ама тоа е веќе друга тема!
...потрудете се да дишете преку нос т.е. да се остранат причините што го блокираат целосно или делумно дишењето преку нос, па телото бара алтернативно дишење преку уста „што е штетно“ конкретно ете во овој случај со чувство на гребење на грлото!

Не, не дишам на уста кога сум буден. Апсолутно само преку нос дишам, никако преку уста, тоа го сметам и за грубо и ружно кога некој дише од уста или држи уста отворена а не зборува.
Устата ја држам затворена, освен кога зборувам, јадам, пијам или се прозевам ( кога ми се приспива).
Сега кога спијам, мислам дека спијам со затворена уста, не ркам кога спијам, моите велат нормално спијам.

Е, кога морам нели кратко да сум надвор колку кратки релации да пешачам или да отидам до некаде, е тогаш од тоа студениот воздух кожата ми трепери, од тоа ладното и студен воздух имам некое чудно непријатно чувство на кожата и образите ми се некако собираат и ми црвенеат образите, непријатно чувство имам.

Имам 29 години, и често правам анализи на крв и урина, 2 пати годишно, и секогаш резултатите се одлични, границите на шеќер, маснотии се одлични во границите на нормала, железо е одлично, и сето останато е одлично.
Автоматски споено мислење:

Исто како да се прочитав себеси, исто е и кај мене :)

Најде ли некое решение за проблемот?
Што ти кажаа лекарите за совет што ти дадоа препорака?
 
Член од
13 април 2019
Мислења
370
Поени од реакции
1.175
Извини што ти враќам доцна...
Кои ментол бонбони ми ги препорачуваш? Ако може препорака и слика, кај да се купат и цената, и од кој производител е најдобро?
Е да, кога користам негро бонбони ми е малку поубаво на грлото.
Било кои ментол бонбони може да ги користиш.
Евен на пример овие, ги има во продавниците, околу 30-40 денари се.

Бонбоните ти помагаат затоа што го зголемуваат лачењето плунка, а со тоа ја зголемуваат влажноста на грлото и се намалува разразливоста и болката.

Тој чај од жалфија го има ли во аптеките како оние филтри на чај од камилица и нане, или некаде другде се купува и каде го има?
Вдишувам пареа од чаеви од нане, хибискус, шипинка, камилица, и правам чај и од едно растение заборавив како му е името ( го имам во саксија тоа растението).
Да не треба од ѓумбир да правам чај или некој напиток и ако имате рецепт за од ѓумбир напишете ( никогаш не сум користел ѓумбир а слушам некои и тоа препорачуваат).
Да, чај од жалфија го има во аптеките, има како филтри и рефус.
Чај со ѓумбир и мед ти е уште една добра варијанта. :)

Тоа тригер мислите на причина некоја?
Да, тригер - причина за болка во грлото.

Е, кога морам нели кратко да сум надвор колку кратки релации да пешачам или да отидам до некаде, е тогаш од тоа студениот воздух кожата ми трепери, од тоа ладното и студен воздух имам некое чудно непријатно чувство на кожата и образите ми се некако собираат и ми црвенеат образите, непријатно чувство имам.
Нормално е тоа. При пониски температури, организмот тоа го перцепира како закана, па за да се заштити од испуштање на топлина од крвта во надворешниот свест, ги стеснува крвните садови (вазоконстрикција) и ја пренесува топлината кон витално важните органи, а тоа резултира со зголемување на крвниот притисок, забавување на крвотокот и намалување на телесната температура.

Имам 29 години, и често правам анализи на крв и урина, 2 пати годишно, и секогаш резултатите се одлични, границите на шеќер, маснотии се одлични во границите на нормала, железо е одлично, и сето останато е одлично.
Одлично!
Мое лично мислење е дека болката во грлото ти е токму од сувиот воздух, со оглед на тоа што рече дека ти се јавува во периодот од октомври до март!
Сепак, пак ќе повторам, ако болката перзистира подолг временски период, не е лошо да се направи консултација со ОРЛ специјалист!
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.617
Се вратив од пат цел ден сум на возење....Си мерам секој ден температура со оглед дека пред недела дена нешто ме гребеше грлото....Само што дојдов измерив 37.2....Треба да сум загрижен или нормална тепература е...Психа ме мава цела недела со оглед на ситуацијата?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.067
Поени од реакции
180.930
Се вратив од пат цел ден сум на возење....Си мерам секој ден температура со оглед дека пред недела дена нешто ме гребеше грлото....Само што дојдов измерив 37.2....Треба да сум загрижен или нормална тепература е...Психа ме мава цела недела со оглед на ситуацијата?
Можно е и да си преморен, мене често ми се јавува така покачена температура ако се напнам. Ако беше она злоно ќе имаше 38-39, ќе ти жежеа очите :)
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.617
Можно е и да си преморен, мене често ми се јавува така покачена температура ако се напнам. Ако беше она злоно ќе имаше 38-39, ќе ти жежеа очите :)
Тргнав за Крушево возење во 12 од Скопје...таму стигнав во 2.30 па после од 5 попладне враќање назад....Сепак не е малку....И нормално се осеќам уморен малце и реално премногу психички исцрпен со ова злото што го викаш....Ај си викам може ке се стабилизирам сега малце малце :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.416
Поени од реакции
9.306
Се вратив од пат цел ден сум на возење....Си мерам секој ден температура со оглед дека пред недела дена нешто ме гребеше грлото....Само што дојдов измерив 37.2....Треба да сум загрижен или нормална тепература е...Психа ме мава цела недела со оглед на ситуацијата?
... до 37,5 С се смета за нормална телесна температура!
3tpteJxwCBKNuUWEjFYS96ilH1U9ynPi_med.jpg termometro_digital_sin_contacto_im9001_005_ad_l.jpg
 
Saber Rider

Модератор
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.900
Поени од реакции
46.790
Се вратив од пат цел ден сум на возење....Си мерам секој ден температура со оглед дека пред недела дена нешто ме гребеше грлото....Само што дојдов измерив 37.2....Треба да сум загрижен или нормална тепература е...Психа ме мава цела недела со оглед на ситуацијата?
Станав специјалист за температуриве овие три месеци :D
Откако скоро еден месец имав постојана температура над 37 (до 37,5), наредните две недели варирав меѓу 36,8 попладне, до 36,2 навечер. Сега повторно преку ден имам 37 степени, а навечер 36,8.
До 37,5 не треба да си загрижен.

Кај мене дефинитивно проблемот доаѓа од синусите. Викендов во Охрид ме искина ветер, а со возење точак на вакво време, се вратија старите проблеми. Главоболка, а сега и болки под очите. Синуси, my old friend.
Чисто за тие што паметуваа дека температурата и сите симптоми што ги раскажував ми биле на психичка база, проблемите воглавно целосно исчезнаа, а носот конечно по 2 и пол месеци се пододзатна и почнав од закоравени мрсули, да вадам бели лепливи потечни :D

П.с. колку е нормално стариве луѓе да имаат температура меѓу 35 и 35,8?
Татко ми не мрда од овие граници со месеци...
 
Последно уредено:

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.617
Станав специјалист за температуриве овие три месеци :D
Откако скоро еден месец имав постојана температура над 37 (до 37,5), наредните две недели варирав меѓу 36,8 попладне, до 36,2 навечер. Сега повторно преку ден имам 37 степени, а навечер 36,8.
До 37,5 не треба да си загрижен.

Кај мене дефинитивно проблемот доаѓа од синусите. Викендов во Охрид ме искина ветер, а со возење точак на вакво време, се вратија старите проблеми. Главоболка, а сега и болки под очите. Синуси, my old friend.
Чисто за тие што паметуваа дека температурата и сите симптоми што ги раскажував ми биле на психичка база, проблемите воглавно целосно исчезнаа, а носот конечно по 2 и пол месеци се пододзатна и почнав од закоравени мрсули, да вадам бели лепливи потечни :D

П.с. колку е нормално стариве луѓе да имаат температура меѓу 35 и 35,8?
Татко ми не мрда од овие граници со месеци...
Искрено брат сега ова што фатило со Короната што психички ме мачи и имунитетот ми е даун и се ебавам со овакви работи само поради фактот дека сум со родители дома и екста претпазлив сум ако е тоа за утеха.Иначе порано и да сум имал над 38 не сум се замарал,сум знаел да се напијам еден парацетамол и готово.

А чим го спомна точакот изгледа и јас да немам некакви проблеми со грлото или носот со оглед на фактот дека на работа идам со мотор и имам кацига ама делот кај носот ми е отворен и дали било посвежо како деновиве или плус 40 како пред 2 недели јас со мотор сум.Треба да го откачам дефинитивно али сега ради ситуацијава морам со мотор на работа со оглед дека колата ја оставам дома да се најде а и немам паркинг на работа кај да паркирам.
 
Исто и кај мене. За мене немам проблем, ама кога имаш двајца родители со хронични болести, нормално дека ќе ти биде страв.

Времево е хаос, мислам дека тоа премногу влијае на здравјето.
Јас уште стојам на ставот дека имав некој поголем здравствен проблем од крајот на март до мај. Едноставно бродолом ми се случуваше во телото.
Еве сум после месец дена, немам никаков проблем со вежбање, со точак си возам најнормално и по угорници и на долги релации, но некои проблеми останаа, поврзани со носот и синусите.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.473
Поени од реакции
16.590

Времето влијае на здравјето кај луѓе кои не се баш здрави. Кај здрав прав човек, времето прави минимална, па дали и било каква разлика.
 
Член од
13 април 2019
Мислења
370
Поени од реакции
1.175
П.с. колку е нормално стариве луѓе да имаат температура меѓу 35 и 35,8?
Татко ми не мрда од овие граници со месеци...
Нормално е!

Кај старите луѓе температурата е пониска, затоа што нашата способност да ја регулираме температурата со текот на годините се намалува.

Важно е да се знае дека темперетурата варира. Не е исто да ја мерите наутро и навечер. Логично е дека во текот на денот телото се загрева, па очекувано е попладневната температура да биде повисока од онаа утринската!

Физичка активност секако дека влијае. Хормонски промени, особено кај жени исто така се пропратени со температурни варијации.

Најважното е дека температурата варира од човек до човек и секој треба да си го знае своето нормално!
 
На врв Bottom