Дежурна Ординација! #2

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
крвни анализи и урина покажуваат СЕ во најдобар ред,пијам доста течности,3-4 кафиња на ден,исхраната е пола здрава,пола нездрава да се речи,од витамински таблети 500 мг Ц витамин на ден......притисокот ми се движи 80-50 или 90-60.....последно има некое подобрување 100-70,ама ко ќе падни подолу е страшна работа.....
Обавезно да провериш срце и бубрези. Не се чека само од себе да помине низок крвен притисок.
Може да добиеш и терапија по посетата на доктор, ама подобро така да средуваш одошто срцето и бубрезите да се мачат сами да контролираат.
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Крвниот притисок често опаѓа поради лоша исхрана, недоволно внесување на витамини, мала количина на вода и уште многу други причини.
За да се контролираш бар малку од малку, внесувај посолена храна, пиј повеќе вода, консумирај колку можеш повеќе овошја и зеленчуци со витамин Ц и кога ќе осетиш вртоглавици стави едно кафе да се стабилизираш .
Во секој случај, ако симптомиве ти траат подолго од 4-5 дена, веднаш на доктор да се провери крвта и секако да се направат испитувања на срцето или бубрезите.
Не би требало да е ништо сериозно. Проблемите може и да ти се поради промената на времето, но посета на доктор задолжителна.
Нека не биде лечењето само од совети.
Се надевам ќе се среди :)
па ми се лоши веќе неколку дена ама не знаев од што ми е и се трудев да не обраќам толку внимание. еве сега од вечерва дознав што е работата па одма се напив кока кола и јогурт. малку од малку да речам ми е подобро, ама чекај уште немаат проделувано.
сега варам кафе па и од тоа ќе видам. се надевам утре подобро ќе ми биде, барем ќе знам да одбегнувам поблаго, а да внесувам посолено.
инаку најмогу мразам во болница да одам. :( од мал само по болници сум, што се вика таму израснав. кога ќе ми земат крв и урина подобро убиј ме, додека ги чекам резултатите...триста глупости ми поминуваат низ глава како мало дете сум :tapp: и може да е заради времето, имам прилично слаб имунитет, па осетлив сум и на најмала промена.
и фала за советот........ :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.095
Поени од реакции
6.734
Обавезно да провериш срце и бубрези. Не се чека само од себе да помине низок крвен притисок.
Може да добиеш и терапија по посетата на доктор, ама подобро така да средуваш одошто срцето и бубрезите да се мачат сами да контролираат.
каков преглед поточно ?? имам правено ехо на бубрези - ОК,ЕКГ на срце - ОК
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
каков преглед поточно ?? имам правено ехо на бубрези - ОК,ЕКГ на срце - ОК
Штом сè тоа е океј немаш гајле :) Ако си постојано на нозе, односно ако си во постојано движење, доаѓа до намалување на крвниот притисок поради замор и тоа е тоа. Само исхрана побогата со витамини и повеќе одмарање. :)

па ми се лоши веќе неколку дена ама не знаев од што ми е и се трудев да не обраќам толку внимание. еве сега од вечерва дознав што е работата па одма се напив кока кола и јогурт. малку од малку да речам ми е подобро, ама чекај уште немаат проделувано.
сега варам кафе па и од тоа ќе видам. се надевам утре подобро ќе ми биде, барем ќе знам да одбегнувам поблаго, а да внесувам посолено.
инаку најмогу мразам во болница да одам. :( од мал само по болници сум, што се вика таму израснав. кога ќе ми земат крв и урина подобро убиј ме, додека ги чекам резултатите...триста глупости ми поминуваат низ глава како мало дете сум :tapp: и може да е заради времето, имам прилично слаб имунитет, па осетлив сум и на најмала промена.
и фала за советот........ :)
Ако прегледот на срцето и бубрезите не покажат некој проблем, немаш ништо за што да бидеш загрижен. Низок притисок може да се јави или поради нагли промени на положбата на телото на кои организмот не е навикнат, па притисокот нагло опаѓа или ако си постојано на нозе при што крвта оди во екстремитетите а со тоа се намалува притисокот.
Пак ќе речам, верувам дека не е ништо страшно, но да си на чисто со срцето и бубрезите (па евентуално и црниот дроб) посети лекар, направи ехо и ЕКГ како @Sluzbarski-3ti Julius :)
 
2

~2A

Гостин
Може препорака за некоја крема или течност против акни за на лице?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Може препорака за некоја крема или течност против акни за на лице?
Сврти некоја страна назад ќе видиш има препорачано неколку креми кои се ефикасни.
Имаш скинорен (500 ден) доколку состојбата не е премногу лоша т.е. немаш претерано многу акни, потоа имаш Деаркоме околу 800 ден, поагресивна крема која ги смирува акните за еден ден. Овие две се доста ефикасни, но се користат како терапија за акни. Доколку пак ти бараше нешто за секојдневна употреба за чистење на лице тогаш земи хлорамфеникол лосион, клиндацин лосион или пак леа лосион против акни. Овие се за секојдневна употреба и го чистат лицето од акни. Е сега ти одбери према твоите потреби.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.591
Поени од реакции
8.007
крвни анализи и урина покажуваат СЕ во најдобар ред,пијам доста течности,3-4 кафиња на ден,исхраната е пола здрава,пола нездрава да се речи,од витамински таблети 500 мг Ц витамин на ден......притисокот ми се движи 80-50 или 90-60.....последно има некое подобрување 100-70,ама ко ќе падни подолу е страшна работа.....
Другар, едноставно твојот организам си е прилагоден на тој притисок и тука нема ништо страшно, не е задолжително секој човек да има притисок 120/80, има многу како тебе со притисок 90/60 и за нив тоа се нормалните граници, така да уживај и не се замарај, млад си за тие рабоќе :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Сакам нешто да прашам, значи зезање настрана, стварно ли внуците најчесто ги наследуеле своите болести од вујковците? Знам дека е малце глупаво прашањево, ама ептен ми е битно..
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.591
Поени од реакции
8.007
Сакам нешто да прашам, значи зезање настрана, стварно ли внуците најчесто ги наследуеле своите болести од вујковците? Знам дека е малце глупаво прашањево, ама ептен ми е битно..
Прашањето е гупаво, да

Немаш гаранција, сепак зависи болеста, некои се пренесуваат, некои не, кај тие што се пренесуваат па процентот може да е мал, има доста фактори!

И бољестот не се пренесува од вујкото, туку од родителите на мајката или нејзините предци
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Другар, едноставно твојот организам си е прилагоден на тој притисок и тука нема ништо страшно, не е задолжително секој човек да има притисок 120/80, има многу како тебе со притисок 90/60 и за нив тоа се нормалните граници, така да уживај и не се замарај, млад си за тие рабоќе :)
Ако нема проблеми дур е со тој притисок, да, организмот му се навикнал.
Ама ако често има вртоглавици, несвестици и главоболки мора да се превземе нешто.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.591
Поени од реакции
8.007
Може препорака за некоја крема или течност против акни за на лице?
Benzoyl peroxide gel 5%

да те види Господ ;)
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 15:40 ---
Ако нема проблеми дур е со тој притисок, да, организмот му се навикнал.
Ама ако често има вртоглавици, несвестици и главоболки мора да се превземе нешто.
Нормално дека ќе превземи :) само што дечкото мислам не кажа дека ги има
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Хистопатолошки наод
Non-Small Cell Carcinoma
Макроскопски наод:
За патохистолошка анализа доставен е скуден биоптичен материјал кој се состои од 4 мали биоптични фрагменти со пречници од 0.1-0.3 цм
Микроскопски наод:
Микроскопскиот преглед на макроскопски опишаните фрагменти покажаа дека истите претставуваат делови од неоплазма со морфологија на добро диференциран планоцелуларен карцином кој е граден од малигни клетки од средна големина и еозинофилна цитоплазма и хиперхромни јадра аранжирани во неправилни плажи и гнезда. Притоа, фокално дел од клетките покажуваат тенденција за кератинизација. Во скудната интранеопластична строма, освен скуден мононуклеарно клеточен инфламаторен инфилтрат видени се и ретки серомузицинозни жлезди со вообичаена морфологија и мали зони на некроза и крварења. Емболуси во лимфоваскуларните простори не се идентифицирани.
Според тоа во доставениот биоптичен материјал најдена е неоплазма со морфологија на добро диференциран планоцелуларен карцином.

Ова се резултатите кои ги добив од бронхоскопијата на татко ми. Некој кој е постручен да ми објасни за каков тип на тумор се работи. Дали е премногу агресивен, дали се лекува или не.
И ми треба инфо од луѓе кои се бават со стручен превод на наоди на Англиски и на Руски.
Докторите велат дека за лекување требало да се прават понатамошни испитувања за да се види дали може да се оперира или мора по друг пат да се лекува.
П.С ми треба инфо за доктори кои се бават со оперирање на ваква работа. Кои се меѓу најдобрите во нашава земја и инфо за надвор од земјава.
 
Многу веројатно е да има рак (можеби на панкреасот) :(
Болките да се причинети од метастази.
Да се направи ехо на панкреас и внатрешни органи и да се испитаат туморни маркери!
Напишано пред 4 месеца, дали ме послуша тогаш?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Луќе,имам џмуџка на ногата,изгелда сум се удрил некадемшто да му ставам за да спласне?
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Може препорака за некоја крема или течност против акни за на лице?
Купи си Здраве крема, 50 ден е и немај гајле. Во плава кутиицка е со бел прстен околу, ја има во секоај аптека маркет продавница. Малку потешко впива во кожата па кога ке го намачкаш лицето, кожата ке ти биде бела, ама по некои 10-15 мин ке се впие.Јас немам проблеми со лице, но имав неколку блиски во мојот живот кои акните ги средија со таа крема и отогаш на кој и да ја препорачам е презадоволен. Се надевам и тебе ке ти помогне. позз.
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 02:50 ---
луѓе од што може да ти паѓа притисокот??
аман жими се, како стар чоек сум :( ми беш лошо деновиве и ај на воздух,ај вода повеќе пиј ама ништо не помагаше. сега реков да мерам притисок и излезе дека е 90 со 60, значи низок затоа ми се вртеше :cautious:
ни мама, ни тато, ни бабиве немаат проблем со притисок, а мене еве ми паѓа. кажувајте што да пијам, што да јадам, а што да одбегнувам. и од што би можело да е вака? :( :facepalm:
Ако ти е се нормално со срце, бубрези можно е да си метеоропат. Јас сум метеоропат и често сум со низок притисок. Мене нормален ми е 100 со 70 или 110 со 60, а на мала промена на времето реагира со пагање понекогаш дури и до 60 со 30 (еднаш ми се случи и 50 со 20, докторката пребледе кога ме виде ). Мене единствено нешто што ми помага е минерална вода (препорачливо што по газирана, пр. Кожувчанка), меѓутоа не ми помага од 1-2 чаши туку некогаш и до 2 шишиња (бидејки воопшто пијам многу вода дури и до 4-5 кг на ден, немам проблем да ги испијам, ти се разбира колку можеш). Ми имаат препорачувано докторите 1-2 чаши црвено вино, дека и тоа помагало (јас не практикувам бидејки во тие моменти имам нагони за повраќање) па можеш да пробаш. Исто така помага јогурт со сол во него, а понекогаш ми помага и нешто благо, 2-3 лажици шекер (бидејки можно било пагањето на низок притисок да биде пропратено со пад на шекерот во крвта). Помага мирување во темна и тивка просторија со нормална температура (не премногу топло) или лежење со подигнивање на нозете на нешто повисоко. Се надевам дека ти помогнав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom