Дежа ву - Дали некогаш ви се случило?

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
...Темава е долга и не ја прочитав целосно затоа се извинувам ако за ова е веќе дискутирано...ме интересира ако некој знае дали во Македонија некој се занимава со хипнотичка регресија и дали можеби некој на форумов има лично искуство со тоа...
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Може да има милиони теории и ниедна да не биде точна се додека не се докаже научно. Мое мислење е дека тие случки сме ги сонувале, и се врежани во нашиот мозок како ленти. Можеби тоа се оние заборавени сништа. Мислам дека од време на време мозокот ни ги праќа назад. Затоа на нас кога нешто ќе ни се случи викаме дека ни е дежа ву.

Мене скоро секој ден ми се случува минимум по едно дежа ву, а неколку пати ми се има случено да ми е до толку позната случката, што уште пред да се случи нешто, во себе веќе знам што ќе се случи. Така еднаш бев со едни другари во соба, кога ми се случи дежа ву. И кога на цел глас викнав сите се завртеа накај мене. Тогаш како лента ми се прикажа што е следно, и му се завртев на еден другар и го прашав дали штотуку сакал да му каже нешто на еден др. другар, кој што беше на спротивната страна на собата. зачудено ме погледна и ми кажа да. Поентата ми беше... можеби, доколку го искористуваме мозокот малку повеќе, бидејќи сите знаат дека човекот користи минимален процент од способноста колку може да го користи мозокот, тогаш можеби ќе можеме дури и да предвидуваме некои работи. Значи МОЖЕБИ...тоа е само мое мислење, ништо повеќе. Се додека некој не ја докаже мистеријата со дежа ву-то, се останато може да се само наши претпоставки!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
I am having deja vu and amnesia at the same time. I think I have forgotten this before.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
31
Поени од реакции
1
И ја знам дека е така некако, односно дека (као демек) сликата од едното око доцни за дел од секунда од сликата на другото око, и мозокот ги перцепира така одделно. Тоа се случува од замор (или кој знае од што), ама секако е ствар со мозокот и сликите кои ги прима, а не со соништа или натприродни фактори
Jas ke te demantiram. Mene mi se slucuva mozam da kazam pocesto. Imam doziveano odredeni situacii kade tocno znam koj sto ke mi kaze,znaci ne e do ocite :toe:
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Jas ke te demantiram. Mene mi se slucuva mozam da kazam pocesto. Imam doziveano odredeni situacii kade tocno znam koj sto ke mi kaze,znaci ne e do ocite :toe:
Тоа веќе предвидување е :P Можно е, јас не сум стручњак, иако мене таа теорија која јас ја изложив најмногу ми е прифатлива...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Ми се имаат случено неколку дежа ву епизоди, и воопшто не беше пријатно, тоа е некое чувство како и да си актер и публика во исто време, како да си поделен на две личности од кои едната знае што ќе се случи, што следи. Крипи:nesvest:
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
баш пред некој ден ми се имаше случено тоа што го гледав на сон, поточно одев со едно другарче и се сопна од едно купче снег. Па кога се шетавме пред 2 дена го видов купчето снег на кое требаше да се сопне и го повлеков на страна и после 2 чекора пак се сопна....и после тоа цел ден се чудев како може тоа да се случи:vozbud:
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Ми се има случено countless times. Доста чуден феномен тоа дежа ву-то, некои викаат дека се случки од минатиот живот ама не верувам, повеќе би се ослонила на научното мислење дека дежа ву се случува кога мозокот е по уморен и информацијата која ја добиваме од надвор (иако е нова) оди во делот на меморијата па така нас ни се чини дека тоа нешто сме го доживеале иако првпат ни се случува во живот. Не мора да е точно ама пак е некое пологично објаснување.:)
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Според психологијата дежа ву-то е квалитативно растројство на помнењето.
Т.е. повторување на исто доживување,кога настанува потфрлање на контролата на когнитивното доживување,еден вид сензација која се поистоветува со меморијата.
Перцепцијата ни дава впечаток дека станува збор за претстава а се работи само за сензација.
 
Член од
12 август 2008
Мислења
501
Поени од реакции
30
Сигурен сум дека секој имал дежаву. Многу пати ми се случило некоја случка да помислам дека веќе ја имам доживеано... многу језива работа.

Како ја објаснувате оваа појава?

Сторм имаше добро толкување, се надевам дека ќе го постира тука.
Ми се има случено многу пати за некои ситуации и случки како да ми се имале случено пред тоа и како да сум знаела дека така исто ке завршат, како некои секвенци од некој предходен мој живот што неможам да си ги објаснам исто така и некои места и локации и личности кои цврсто сум била убедена дека сум била таму и сум ги знаела но не испаднало така.И уште ми се случуваат тиа дежа ву.Стварно е многу језиво.:kesa:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ми се има десено многу пати... секогаш сум знаел како ке заврши секвенцата... но никогаш не сум успеал да напраам да заврши другше.. чудна работа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom