Лично,многу пати го имам доживувано.
Дежаву-то е иначе појава,која е сеуште недоволно објаснета од страна на науката,а посебно парапсихологијата.
Постојат повеке теории,кои се обидуваат да го објаснат дежаву-то како необична појава,но ниедна не е доволно продлабочена.
Една теорија тврди дека човечкиот ум,којшто горе-долу користи само околу 4%од својот целовкупен потенцијал,во дадени моменти мозочните клетки трпат промени во структурата на своето јадро,а чие јадро има протеинска структура,т.е.тие промени настануваат под дејство на некаква необработена од мозокот информација или поинаку кажано,постои некаква информација,зачувана во нашата памет(меморија),а која што мозокот навремено не ја обработил.
Значи,таа ,,необработена,,информација,под одреден стимул допира до мозочните клетки во вид на нервен импулс,прави промена во белковинскиот состав на нивните јадра и за многу краток момент(од неколку милисекунди)го зголемува мозочниот потенцијал и настанува појавата,наречена дежаву.
Тоа е една од теориите.
Има и уште една теорија,слична на претходната,која тврди дека необработена информација,зачувана во нашата карткотрајна меморија,која не допрела во ДТМ(долготрајната меморија)под одреден стимул во вид на нервен импулс ги засега мозочните клетки,т.е.нивните јадра,но само од одреден центар(кој според некои е лоциран во десната хемисфера од мозокот)одговорен за таквите парапсихологични појави(како што се и телепатијата и телекинезата).
Одредени парапсихолози пак тврдат дека таа необработена информација ,,тежи,,од претходниот живот и е во сходство повеке со поимот подсвест како психолошка сруктура,одколку со мозокот како физичка природа и структура.
Или другојаче кажано,тоа е доволен знак(според некои парапсихолози)за постоенје на претходен живот.
Има и шпекулации,кои ја поистоветуваат видовитоста кај некои луге со дежавуто,т.е. дека видовитоста е еден вид на пролонгирано дежаву.
Еве на пример,откако на видовитата баба Ванга во далечната 1974г.и бил направен електроенцефалограф и уште некои други истражуванја поврзани со нејзиниот мозок,било утврдено дека бабата Ванга имала поразвиена десна мозочна хемисфера,т.е.дека бил засегнат одреден центар,лоциран во десната хемисфера на мозокот.