Дежа ву - Дали некогаш ви се случило?

Delfin4e

Го обожавам морето
Член од
20 април 2009
Мислења
61
Поени од реакции
5
Дежа ву многу често ми се случува па дури и ме плаши!!!!!
Еве вистинска сличка: си седам јас со една другарка кај неа дома, и одеднаш слушам како некој се качува по скалите, и во истиот момент ми се враќа како ова да го имам вејке видено и слушнато и и вакам на другарката ''сега ти гарантирам дека ќе влезе брат ти и дека ќе не поздрави" a таа зачудена ми вика "ма нема шанси тој е на училиште" и по неколку секунди влегува брат и и не поздравува баш како што реков!!!
И тврдам дека тоа вејке го имав сонувано- страшно и језиво е чувството!!!
 
B

Blacks

Гостин
Ми се има случено повеќе пати и право помислувам на филмот Matrix :vozbud:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Читав во едно списание кое обработува вакви теми и имаше објаснување за појавава, а тоа беше дека десното око побрзо ја прима информацијата од левото, информацијата испратена од десното око веке е обработена во центрите во мозокот и кога левото око ке ја испрати веке има ментална слика за она што веке го гледаме.Прилично доста убедлив аргумент, но дали е во целост вистинит иако нема апсолутна вистина на науката останува да истражува и да изнесе факти.Не познавам човек што не доживеал Дежа Ву. А сигурно и филмчето сте го гледале со Дензел Вашингтон :smir:

Пријатно, чудно и интересно доживување е Дежа Ву:smir:
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
според сите психолози и психијатри , дежавуто се објаснува како симптом на anxiety ( немир , вознемиреност) од различни причини дали од стрес или некоја друга причина зависно од личноста и карактерот.
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Да, ми се има случено повеќе пати. Најчесто тоа е еден миг кој ми се случува и наеднаш ми светнува дека тоа го сонував пред одредено време. До тој момент не можам ни да претпоставам дека ќе го видам баш тој дел од некој сон. Е сега, дали е тоа случајност или некој вид на претскажување или мал поглед во иднината не знам. Знам само дека не би требало многу да се раководиме спрема соништата зашто лесно можеме да паднеме во некоја несакана стапица. Повеќе од јасно е дека нешто тука има, но кој ли ќе знае точно што. А има ли таков кој знае се? Знам, од кога ќе се случат настаните, сите стануваат пророци. :tapp:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
Ми се има случено дежа ву неколку пати порано, во поскоро време не. Стварно чуден феномен е некои ситуации кои ми се случуваат како да сум ги доживеала и претходно или како да сум ги сонувала. Сето тоа ми е многу матно во главата како да има рекапитулација на некои настани кои останале скриени во свеста па одново се реконструираат, тешко е да се објасне феноменот но сепак не верувам да се случајности бидејќи му се случува скоро на секого. Мора да има одредена поврзаност, но сепак се што е поврзано со човечката психологија е тешко да се објасне во секој случај.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
и мене ми се има случено неколку пати и тоа кога бев помал. сега не од порано ми се нема случено. обично кога одам некаде и пред мене како филм да гледам и наеднаш се освестувам. незнам чудно е ова ама скоро секој човек има доживеано дежа ву
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
дежа ву ми се има случено многу пато онака додека седам некаде со некој и наеднаш се чувствувам како веќе да сме седеле така како веќе да сум ја изживеала таа ситуација.. интересно нели???
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
секој ден е дежа ву ебате :ha: исти луѓе-исти муабети-исто место-исто време.... јбг
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Феноменот дежа ву ги привлекува научниците од целиот свет уште од времето на Карл Јунг. Особената таинственост на оваа појава и ја придава фактот...
...што е невозможно вештачки да се предизвика и следствено на тоа, сите истражувања имаат спонтан карактер.
Еден постар Полјак, поранешен инженер, престанал да гледа ТВ и да чита весници откако открил дека веќе му се познати нивните содржини.
Тој е убеден дека сè околу него веќе се има случено, и никој не може да го разубеди. На предлогот да појде кај психијатар пензионерот одговорил со одбивање - веќе знаел што ќе му каже докторот.
Психоневролозите се убедени дека 80-годишниот Полјак е жртва на долготрајна состојба на дежаву која понекогаш се јавува кај луѓето кои страдаат од епилепсија или шизофренија.
Сепак, објаснувањето на ефектот на „лажното сеќавање“ со некакво заболување е несоодветно - бидејќи постои мнозинство здрави луѓе кои барем еднаш во животот ја искусиле таа појава.
Изразот „дежа ву“ е француски, и кај нас се преведува со изразот „веќе видено“. Бил предложен кон крајот на 19 век од психологот Емил Буарак.
Овој феномен спаѓа во групата слични необични доживувања, како, на пример, „дежавекју“ (веќе преживеано) и „дежаентенду“ (веќе слушнато).
Првото биолошко објаснување подразбирало дека двете очи не само што го воспримаат светот во разнобоен дијапазон, туку и со одредена микроскопска временска разлика.
Како што секоја хемисфера добива сигнал само од едното око, тогаш разликата во добиената информација, кога едното око веќе го видело настанот, а второто само го набљудува, се нарекува дежа ву.
Оваа теорија го добила називот „ментално удвојување“ и долго време се сметала за веродостојна, сè додека појавата на веќе видено не е откриена и кај слепите лица.
Денес како главен виновник за појавата на дежа ву се смета органот за моментални реакции на мозокот - хипокампот, за што постои и теоретско објаснување.
Имено, хипокампот е одговорен за повеќето функции на мозочната активност, и во таа смисла и за распознавање и барање аналогии на предметите од околината.
Научниците претпоставуваат дека слични барањa се произведувaат и во деловите на сеќавањето кои чуваат мемории за „шаблоните“ на надворешниот свет. Па така, кога човек ќе види стол, тој го препознава по условниот модел зачуван во неговото сеќавање.
Одредени состојби на мозокот - висока температура, настинување, давење и неколку заболувања - можат да го воведат хипокампот во состојба на „паника“. Притоа, видената слика на околината веднаш се запаметува без дополнително анализирање, каде што мозокот за дел од секундата се обраќа за помош. И така, се човекот ја споредува ситуацијата со видената слика, но извлечена од најсвежите сеќавања, што создава ефект на „лажно сеќавање“.
Состојбата спротивна на дежаву се нарекува „жамеву“ (никогаш видено), и при неа човекот губи ориентација во просторот и не ги препознава вообичаената ситуација и познатите луѓе.
Како и дежавуто, така и оваа појава има краткотраен карактер и подеднакво е распространета, иако луѓето поретко и’ обраќаат внимание.
Изучувањето на дежавуто и жамевуто ќе овозможат решавање на една од главните загатки на човечкиот ум - способноста свесно да се разликуваат реалноста, сеќавањата, соништата и фантазијата.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ги прочитав објаснувањата и никое не ми изгледа соодветно,искрено ми се случува редовно ова дежа ву и се привикнав некако.Во почетокот се плашев,помала бев а сега воопшто не му придавам значење иако би сакала да знам зошто се случува во главата,зошто понекогаш знам што точно ќе каже друагата личност или што ќе направи.....
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ги прочитав објаснувањата и никое не ми изгледа соодветно,искрено ми се случува редовно ова дежа ву и се привикнав некако.Во почетокот се плашев,помала бев а сега воопшто не му придавам значење иако би сакала да знам зошто се случува во главата,зошто понекогаш знам што точно ќе каже друагата личност или што ќе направи.....
Мислиш дека знаеш... Ама не знаеш... Тогаш мозокот ти е заморен и само чудно се чуствуваш... Работи со пократки осцилации...
Еве пробај... Мислиш дека знаеш што ќе каже личноста а не можеш уствари ни да претпоставиш... Само познато ти звучи бидејки веќе се случило а ти на делови (слики) го прифаќаш и обработуваш...
 

Troublemaker

Guilty as Charged
Член од
1 септември 2008
Мислења
76
Поени од реакции
0
Сфакаш дека имаш дежа ву токму во моментот кога поминало или веке е при крај. Многу интересно чувство и уште едно мало парче кое е дел од серијата енигми на човечкиот живот. Постојат многу случаи во кои дежа ву-то им помогнало на лица со амнезија а и на луѓе во опасност. Ова само докажува колку интересен и мистериозен е човечкиот мозок.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Ептен језива ствар.Ми се има дешавано на неколку пати и никогаш неможам да си објаснам каде го имам тоа видено.Секогаш кога ќе ми се деси дежа-ву ми иде мислата "еј па јас ова го имам некогаш видено."И веднаш потоа прашањето "а каде?" и неможам никако да си објаснам каде и кога чудно ми е...:toe:
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
oooooooo ептен интресна работа =) ми се има случено неколку парти и обично дури сум на училиште ... некои муабети шо си ги прам со децата ...и одма слики и муабетот во глава ми иди =) И срцево ми залупува 300 на сат ... ептен убаво чуство е :vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom