Вакви работи и воопшто не треба да не чудат ........... па Македонија е веќе повеќе од една деценија(од 2001) де-факто па и де-јуре(рамковен договор) бинационална држава, нешто како што било порано Австро-Унгарското кралство, две нации(доминантни) во една држава, што и некако и дава шмек на државата како да е федерација т.е. како да постои држава во држава ............. паралелни светови, паралелни институции т.е. институција во институција т.е. еве на пр. идеш во некоја било која МК државна институција и јасно се гледа дека постојат два света Македонски и Албански, ако си Македонец одиш кај докторот Македонец, а ако си Албанец одиш кај докторот Албанец, ако си Македонец одиш на шалтерот каде што работи Македонец, ако си Албанец одиш на шалтерот каде што работи Албанец, Македонецот учи во доминантно МК училиште, на Македонски јазик во доминантно МК класови на кои им предаваат Македонски наставници/професори, а Албанецот учи во доминантно Албански училишта, во доминантно Албански класови, на Албански јазик и им предаваат наставници/професори Албанци !
Исто така Македонецот претежно живее во средини каде што он е мнозинство, а Албанецот претежно живее во средини каде што он е мнозинство и ред и ред и ред други работи кои се реалност и кои секојдневно ги гледаме и кои јасно покажуваат дека Македонија е бинационална држава, една држава но составена од две поголеми/доминантни етнички заедници(Македонци и Албанци), плус нешто ситно некој процент останати кои немаат никаква моќ за ништо !
Во еден пост членот Албанец ПУНО напишал вака:
Срби - Србија
Грци - Грција
Бугари - Бугарија
Албанци - Албанија
Албанци - Косово
БиХ - Бошњаци + Срби + Хрвати
и.т.н.
а за Македонија напишал: Македонци + Албанци = Македонија !!!
... колку ова да ги боли некои членови овде сепак мислам дека членот со право го напишал ова бидејќи реалноста во државава е баш таква !