Толку е голема огорченоста кај македонскиот народ,што тој е западнат во тотална апатија и без надеж дека може нешто да се смени во тој правец.Секој различно се чувствува,но јас се чувствувам како да живеам во држава која воопшто не води грижа за моите права и потреби,што дури веќе не ја ни чувствувам како своја.Работите се дојдени до тој степен,што веќе и не очекувам од полицијата,која ја плаќам со тоа што плаќам даноци,да ме брани,во буквална смисла на зборот не го очекувам тоа.
Сам знаеш дека пред избори се се ветува,а после тоа политичарите забораваат.Дури мислам дека Македонците треба да почнат ама баш исто да се однесуваат како Албанците,да избегнуваат да платат данок,да не ги почитуваат институциите,да бојкотираат све и свашта.Иако,бев оптимист до пред некое време,како секој млад човек во земјава,сега сум сигурен дека сме на пат кон федерализација на земјава,која се повеќе станува практична и очигледна.Уште една интервенција во Уставот и ние ќе живееме во федерална држава,де факто.