Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.371
Мене исто ми недостасува, сега не сум баш сигурен дали ЕхЈУ или годините кои тогаш ги имав, ама дефинитивно недостасува.
Како може на некој со 20, 30 па и 40 години да му “недостига“ држава во која не живеел ниту еден ден, а само се напојувал со добро и вешто спакувана пропаганда која оправдува злосторства и грабежи од милениумски карактер?

Чуден избор на име за тема на пдф. Дали ви “недостига“ нешто што веќе не постои 3 децении.
Мислев дека фокусот ќе биде насочен кон тоа зошто е растурена таа федерација, на кого му сметала и зошто?
Уште поважно зошто е растурена преку крвава војна (на ова го знам одговорот) помеѓу двата етникума кои инаку беа носечки столбови на таа федерација.

За да нема прашање кој е одговорот, еве веднага:
-потребата од крвав распад на федерацијата беше за да се спречи нејзино повторно создавање или во догледно време барем таквите процеси се направат невозможни;
-втората причина е нејзината улога во Движењето на неврзаните, односно тнр трет свет. Дури и денес низ светот онаа што го симболизираше Југославија кај некои наидува на почит а пак кај оние што ја растураа создава гнев зошто и понатаму таа федерација кај некои е омилена.
-трета работа е нејзината геостратешка улога и позиција како во светски така и во регионални рамки, едноставно има сметаше во нивните планови за еден нов вид на глобализација, каде би имало држави кои се 20% од светското население ама трошат 80% од светските ресурси, па уште и им набиваат комплекс на овие другите дека биле големи загадувачи на животната средина.
-че... е нејзиниот економски модел, воспоставениот хуман систем за бесплатно школство, здравство и друг вид заштита на економски ранливи категории. Замислете еден работник можеше своето семејство да го однесе за одморот на море (во работнички одморалишта-денс тие одморалишта се приватни хациендии простори за забава на ретардирани тутурутки) денес тој ист работник пристап до морето има само преку малите екрани се разбира заедно со неговото семејство. (во времето на растурање имав примања од скоро 1300 евра во тоа време а денес тој износго добивам исто ама за повеќе месеци - не утепа прогресов)
-при растурањето, надворешниот долг изнесуваше 13,4 милијарди $, дене с долгот на онаа вазалско друштво што го создадоа е неколкукратно поголемо, а задолжени се не нашите деца ами и нашите внуци.

Има многу аргументи кои се во прилог на таа федерација, се разбира имало и негативни работи но истите не биле во тој обем за да го загрози функционирањето на системот. нпр. за прв пат сите Срби, Хрвати живееја во една држава, за прв пат Македонците во таа федерација имаа своја држава, сите тие имаа некоја придобивка некои повеќе некои помалку но не може да се спори дека беа самостојни и самите ноесе одлуки.
Се избра моделот на национализам, затоа што не можете некој човек да го натерате да се откаже од слободата и можноста да управува со производните средства и процеси го викаа работничко самоуправување, е ама им рекоа еееј вие сте корисни идиоти на другите (на Србите им говереа за Хрватите а на овие обратно, па им се говореше дека им е оваа историска шанса да станат самостојни меѓународни субјекти) и нормално најголем од масите се фатија во мрежата. некој отворено да им речеше дека ќе пребаруваат по контењери или дека ќе бидат жртви на нацифашистички аспирации од соседите како во случајот со Македонија, сосема поинаку ќе се одвиваше целиот тој процес.

Туку оставете минатото на историчарите, има ли нешто што научивме од тоа и такво минато или ќе повторуваме!
Можеби е време да се примени модел на американски маркетинг, за ако случајно остана некој со носталгија да гледа на минатото набрзина го превоспитаме, еве во ова видео се дадени основните постулати на тој успешен вид на маркетинг:

Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ми недостига детето кое што сум бил....апсолутна убавина и радост која ме опкружувала, и во мене и надвор од мене. Милиметар на милиметар ми останало што е доволно да ме исполнува уште 1000 год. Кај се изгуби другото се прашувам....
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Мене исто ми недостасува, сега не сум баш сигурен дали ЕхЈУ или годините кои тогаш ги имав, ама дефинитивно недостасува.
Како може на некој со 20, 30 па и 40 години да му “недостига“ држава во која не живеел ниту еден ден, а само се напојувал со добро и вешто спакувана пропаганда која оправдува злосторства и грабежи од милениумски карактер?

Чуден избор на име за тема на пдф. Дали ви “недостига“ нешто што веќе не постои 3 децении.
Мислев дека фокусот ќе биде насочен кон тоа зошто е растурена таа федерација, на кого му сметала и зошто?
Уште поважно зошто е растурена преку крвава војна (на ова го знам одговорот) помеѓу двата етникума кои инаку беа носечки столбови на таа федерација.

За да нема прашање кој е одговорот, еве веднага:
-потребата од крвав распад на федерацијата беше за да се спречи нејзино повторно создавање или во догледно време барем таквите процеси се направат невозможни;
-втората причина е нејзината улога во Движењето на неврзаните, односно тнр трет свет. Дури и денес низ светот онаа што го симболизираше Југославија кај некои наидува на почит а пак кај оние што ја растураа создава гнев зошто и понатаму таа федерација кај некои е омилена.
-трета работа е нејзината геостратешка улога и позиција како во светски така и во регионални рамки, едноставно има сметаше во нивните планови за еден нов вид на глобализација, каде би имало држави кои се 20% од светското население ама трошат 80% од светските ресурси, па уште и им набиваат комплекс на овие другите дека биле големи загадувачи на животната средина.
-че... е нејзиниот економски модел, воспоставениот хуман систем за бесплатно школство, здравство и друг вид заштита на економски ранливи категории. Замислете еден работник можеше своето семејство да го однесе за одморот на море (во работнички одморалишта-денс тие одморалишта се приватни хациендии простори за забава на ретардирани тутурутки) денес тој ист работник пристап до морето има само преку малите екрани се разбира заедно со неговото семејство. (во времето на растурање имав примања од скоро 1 300 евра во тоа време а денес тој износго добивам исто ама за повеќе месеци - не утепа прогресов)
-при растурањето, надворешниот долг изнесуваше 13,4 милијарди $, дене с долгот на онаа вазалско друштво што го создадоа е неколкукратно поголемо, а задолжени се не нашите деца ами и нашите внуци.

Има многу аргументи кои се во прилог на таа федерација, се разбира имало и негативни работи но истите не биле во тој обем за да го загрози функционирањето на системот. нпр. за прв пат сите Срби, Хрвати живееја во една држава, за прв пат Македонците во таа федерација имаа своја држава, сите тие имаа некоја придобивка некои повеќе некои помалку но не може да се спори дека беа самостојни и самите ноесе одлуки.
Се избра моделот на национализам, затоа што не можете некој човек да го натерате да се откаже од слободата и можноста да управува со производните средства и процеси го викаа работничко самоуправување, е ама им рекоа еееј вие сте корисни идиоти на другите (на Србите им говереа за Хрватите а на овие обратно, па им се говореше дека им е оваа историска шанса да станат самостојни меѓународни субјекти) и нормално најголем од масите се фатија во мрежата. некој отворено да им речеше дека ќе пребаруваат по контењери или дека ќе бидат жртви на нацифашистички аспирации од соседите како во случајот со Македонија, сосема поинаку ќе се одвиваше целиот тој процес.

Туку оставете минатото на историчарите, има ли нешто што научивме од тоа и такво минато или ќе повторуваме!
Можеби е време да се примени модел на американски маркетинг, за ако случајно остана некој со носталгија да гледа на минатото набрзина го превоспитаме, еве во ова видео се дадени основните постулати на тој успешен вид на маркетинг:

На страна 20-те години и хормоните , ама Југославија е до сега најблиску кога дурдубаците од Солун до Труглав и од Варна до Дубровник биле чекор до подсвесниот сон на сите нив...... да ги пуштат во Казиното и да седнат на "масата" ... :) :) Ама не џабе се Балкански дурдубаци...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Чуден избор на име за тема на пдф. Дали ви “недостига“ нешто што веќе не постои 3 децении.
Темата е отворена во 2008, од таа перспектива не беше толку далеку, имаше повозрасни членови на форумов. Инаку има уште една тема, „Во Југославија се живееше подобро, мит или реалност“. Истото само на друг подфорум, сум ги следел и двете а дури неодамна забележав дека не е истата тема.

Уште поважно зошто е растурена преку крвава војна (на ова го знам одговорот) помеѓу двата етникума кои инаку беа носечки столбови на таа федерација.
Делумно се согласувам дека е од потреба да не се создаде пак, но повеќе мислам дека крвавиот расплет е логично продолжение на настаните од втората светска војна.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Не ми недостига Југославија, но итекако ми недостига Македонија.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
556
Поени од реакции
1.282
Делумно се согласувам дека е од потреба да не се создаде пак, но повеќе мислам дека крвавиот расплет е логично продолжение на настаните од втората светска војна.
Воопшто не беше логично продолжение на втората светска војна. Милошевиќ беше комуниста. Туѓман и многу битни луѓе околу него ( Јосип Бољковац , Јосип Манолиќ итн) беа првоборци!
Можевме да се распаднеме како Чехословачка или барем како СССР, ама не , премногу ирационалности и тапоглавие владее по Балканот.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Прво, ми недостига затоа што бев 30 г. помлад.
Второ, од денешен аспект, ми недостига тоа што тогаш го имаше, а се вика ЖИВОТ.

Јас, иако не бев некој југословенски дисидент, а сум бил македонски патриот (не националист-шовонист, ами за негување на македонизмот), ми беше мило создавање на македонска држава, која никогаш не ни постоела независна (иако во ЈУ беше држава во поголема држава, како и другите 5 републики), како национална држава на Македонците. Но, тоа не мораше да биде така крваво и катастрофално за сите нас кои живеевме во СФРЈ. Секако, СФРЈ требаше многу да се промени, на демократски план, на претприемнички план... можеби како заедница на независни држави и слично. Но, друг ја кроеше судбината.
 
Грешка си малце, бевме држава до 2001 со своја војска, знаме , химна... Немавме некоиси милијарди за враќање, си го негувавме тоа што го имавме. Немаше којзнае каков раскош но бевме горди Македонци.
Тогаш во 2000 октомври заминав војска. Ме фати кризата па служев до септември 2001, па ми испадна дека служев војска скоро 12 месеци. Впрочем тогашната октомвриска класа на македонски војници сите имавме продолжување на воен рок поради кризата. Се случи да ги пуштиме НАТО војниците да влезат во државата и да ни спроведат мир. Тогаш паднавме на испитот како држава. Ја изгубивме војната, тоа на сите да ви биде јасно. Свиткавме кичма, и оддтогаш само тонеме.
Секогаш има надеж, како што викаше другарот Тито. Ако си го негуваме братството и единството и да не дозволиме странци да се мешаат внатре во државата.
Бре една Грета аеродромот у Охрид че го затвореше, ако ме сваќаш што сакам да кажам.
 
1. Не те разбирам на што ми реплицираш.
2. Не разбирам зошто ми велиш „грешка си малце“, јас тоа што го кажуваш не го спомнав, тоа е башка тема.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ако не успее проектот ЕУ, тогаш неминовна потреба ќе биде нова Југославија.

До 2100 година сите народи тука ќе имаат барем за пола помалце население, а Бугарија треба да има само 2 милиони народ.

И за крај ми недостасува Југославија :)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010

Сосема е извесно тоа сценарио.

Веќе има мини шенген за Балканот, во план е признавање на дипломите помеѓу земјите од т.н група Западен Балкан.
Од следна 2021 година треба да се укине тарифата за зборување на мобилен и фиксен телефон, и треба да биде иста цената за разговор со некого од овие земји од Западен Балкан како да зборуваме со некого од нашата држава.
 
Тешкое ова остварливо.
Пред се западот сака да не контролира. Треба прво од него да се ослободиме сите народи.
Како сега што сме повеќе и одговара на западот затоа што полесно не контролира. Ни експлоатираат национални богатства а работникот е ставен на раб на преживување. Мора системот од корен да смениме другари. Мора еднаш да речеме НЕ.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Сосема е извесно тоа сценарио.

Веќе има мини шенген за Балканот, во план е признавање на дипломите помеѓу земјите од т.н група Западен Балкан.
Од следна 2021 година треба да се укине тарифата за зборување на мобилен и фиксен телефон, и треба да биде иста цената за разговор со некого од овие земји од Западен Балкан како да зборуваме со некого од нашата држава.
Тоа е природна појава , проблемот е што тоа нема да биде населена со јужно словенските народи, па ќе ја наречат Бантустан..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom