На страна 20-те години и хормоните , ама Југославија е до сега најблиску кога дурдубаците од Солун до Труглав и од Варна до Дубровник биле чекор до подсвесниот сон на сите нив...... да ги пуштат во Казиното и да седнат на "масата" ... Ама не џабе се Балкански дурдубаци...Мене исто ми недостасува, сега не сум баш сигурен дали ЕхЈУ или годините кои тогаш ги имав, ама дефинитивно недостасува.
Како може на некој со 20, 30 па и 40 години да му “недостига“ држава во која не живеел ниту еден ден, а само се напојувал со добро и вешто спакувана пропаганда која оправдува злосторства и грабежи од милениумски карактер?
Чуден избор на име за тема на пдф. Дали ви “недостига“ нешто што веќе не постои 3 децении.
Мислев дека фокусот ќе биде насочен кон тоа зошто е растурена таа федерација, на кого му сметала и зошто?
Уште поважно зошто е растурена преку крвава војна (на ова го знам одговорот) помеѓу двата етникума кои инаку беа носечки столбови на таа федерација.
За да нема прашање кој е одговорот, еве веднага:
-потребата од крвав распад на федерацијата беше за да се спречи нејзино повторно создавање или во догледно време барем таквите процеси се направат невозможни;
-втората причина е нејзината улога во Движењето на неврзаните, односно тнр трет свет. Дури и денес низ светот онаа што го симболизираше Југославија кај некои наидува на почит а пак кај оние што ја растураа создава гнев зошто и понатаму таа федерација кај некои е омилена.
-трета работа е нејзината геостратешка улога и позиција како во светски така и во регионални рамки, едноставно има сметаше во нивните планови за еден нов вид на глобализација, каде би имало држави кои се 20% од светското население ама трошат 80% од светските ресурси, па уште и им набиваат комплекс на овие другите дека биле големи загадувачи на животната средина.
-че... е нејзиниот економски модел, воспоставениот хуман систем за бесплатно школство, здравство и друг вид заштита на економски ранливи категории. Замислете еден работник можеше своето семејство да го однесе за одморот на море (во работнички одморалишта-денс тие одморалишта се приватни хациендии простори за забава на ретардирани тутурутки) денес тој ист работник пристап до морето има само преку малите екрани се разбира заедно со неговото семејство. (во времето на растурање имав примања од скоро 1 300 евра во тоа време а денес тој износго добивам исто ама за повеќе месеци - не утепа прогресов)
-при растурањето, надворешниот долг изнесуваше 13,4 милијарди $, дене с долгот на онаа вазалско друштво што го создадоа е неколкукратно поголемо, а задолжени се не нашите деца ами и нашите внуци.
Има многу аргументи кои се во прилог на таа федерација, се разбира имало и негативни работи но истите не биле во тој обем за да го загрози функционирањето на системот. нпр. за прв пат сите Срби, Хрвати живееја во една држава, за прв пат Македонците во таа федерација имаа своја држава, сите тие имаа некоја придобивка некои повеќе некои помалку но не може да се спори дека беа самостојни и самите ноесе одлуки.
Се избра моделот на национализам, затоа што не можете некој човек да го натерате да се откаже од слободата и можноста да управува со производните средства и процеси го викаа работничко самоуправување, е ама им рекоа еееј вие сте корисни идиоти на другите (на Србите им говереа за Хрватите а на овие обратно, па им се говореше дека им е оваа историска шанса да станат самостојни меѓународни субјекти) и нормално најголем од масите се фатија во мрежата. некој отворено да им речеше дека ќе пребаруваат по контењери или дека ќе бидат жртви на нацифашистички аспирации од соседите како во случајот со Македонија, сосема поинаку ќе се одвиваше целиот тој процес.
Туку оставете минатото на историчарите, има ли нешто што научивме од тоа и такво минато или ќе повторуваме!
Можеби е време да се примени модел на американски маркетинг, за ако случајно остана некој со носталгија да гледа на минатото набрзина го превоспитаме, еве во ова видео се дадени основните постулати на тој успешен вид на маркетинг:
Темата е отворена во 2008, од таа перспектива не беше толку далеку, имаше повозрасни членови на форумов. Инаку има уште една тема, „Во Југославија се живееше подобро, мит или реалност“. Истото само на друг подфорум, сум ги следел и двете а дури неодамна забележав дека не е истата тема.Чуден избор на име за тема на пдф. Дали ви “недостига“ нешто што веќе не постои 3 децении.
Делумно се согласувам дека е од потреба да не се создаде пак, но повеќе мислам дека крвавиот расплет е логично продолжение на настаните од втората светска војна.Уште поважно зошто е растурена преку крвава војна (на ова го знам одговорот) помеѓу двата етникума кои инаку беа носечки столбови на таа федерација.
Воопшто не беше логично продолжение на втората светска војна. Милошевиќ беше комуниста. Туѓман и многу битни луѓе околу него ( Јосип Бољковац , Јосип Манолиќ итн) беа првоборци!Делумно се согласувам дека е од потреба да не се создаде пак, но повеќе мислам дека крвавиот расплет е логично продолжение на настаните од втората светска војна.
Грешка си малце, бевме држава до 2001 со своја војска, знаме , химна... Немавме некоиси милијарди за враќање, си го негувавме тоа што го имавме. Немаше којзнае каков раскош но бевме горди Македонци.Прво, ми недостига затоа што бев 30 г. помлад.
Второ, од денешен аспект, ми недостига тоа што тогаш го имаше, а се вика ЖИВОТ.
Јас, иако не бев некој југословенски дисидент, а сум бил македонски патриот (не националист-шовонист, ами за негување на македонизмот), ми беше мило создавање на македонска држава, која никогаш не ни постоела независна (иако во ЈУ беше држава во поголема држава, како и другите 5 републики), како национална држава на Македонците. Но, тоа не мораше да биде така крваво и катастрофално за сите нас кои живеевме во СФРЈ. Секако, СФРЈ требаше многу да се промени, на демократски план, на претприемнички план... можеби како заедница на независни држави и слично. Но, друг ја кроеше судбината.
1. Не те разбирам на што ми реплицираш.Грешка си малце, бевме држава до 2001 со своја војска, знаме , химна... Немавме некоиси милијарди за враќање, си го негувавме тоа што го имавме. Немаше којзнае каков раскош но бевме горди Македонци.
Тогаш во 2000 октомври заминав војска. Ме фати кризата па служев до септември 2001, па ми испадна дека служев војска скоро 12 месеци. Впрочем тогашната октомвриска класа на македонски војници сите имавме продолжување на воен рок поради кризата. Се случи да ги пуштиме НАТО војниците да влезат во државата и да ни спроведат мир. Тогаш паднавме на испитот како држава. Ја изгубивме војната, тоа на сите да ви биде јасно. Свиткавме кичма, и оддтогаш само тонеме.
Секогаш има надеж, како што викаше другарот Тито. Ако си го негуваме братството и единството и да не дозволиме странци да се мешаат внатре во државата.
Бре една Грета аеродромот у Охрид че го затвореше, ако ме сваќаш што сакам да кажам.
Ако не успее проектот ЕУ, тогаш неминовна потреба ќе биде нова Југославија.
До 2100 година сите народи тука ќе имаат барем за пола помалце население, а Бугарија треба да има само 2 милиони народ.
И за крај ми недостасува Југославија
Тешкое ова остварливо.Сосема е извесно тоа сценарио.
Веќе има мини шенген за Балканот, во план е признавање на дипломите помеѓу земјите од т.н група Западен Балкан.
Од следна 2021 година треба да се укине тарифата за зборување на мобилен и фиксен телефон, и треба да биде иста цената за разговор со некого од овие земји од Западен Балкан како да зборуваме со некого од нашата држава.
Тоа е природна појава , проблемот е што тоа нема да биде населена со јужно словенските народи, па ќе ја наречат Бантустан..Сосема е извесно тоа сценарио.
Веќе има мини шенген за Балканот, во план е признавање на дипломите помеѓу земјите од т.н група Западен Балкан.
Од следна 2021 година треба да се укине тарифата за зборување на мобилен и фиксен телефон, и треба да биде иста цената за разговор со некого од овие земји од Западен Балкан како да зборуваме со некого од нашата држава.