Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
И планови за организирање на вооружен отпор од територијата на Грција, со цел на отцепување на Македонија од федерацијата. И за намера да оди на мировна конференција во Париз со цел да бара од големите сили обединување на Македонија. Па дури и за федерација помеѓу таа обединета Македонија и Грција.

Замисли ситуација, Ченто оди и бара од Де Гол, Сталин, Рузвелт и останатите таму обединета Македонија, и тие му викаат, нема проблем, ние тоа чекавме, некој да побара. Сега ќе игнорираме се што Тито направи во втора светска, и ќе те направиме тебе врховен владетел на Балканот.

Точно е дека Ченто бил комунист, ама исто е точно дека и настрадува од своите. Поточно, е класична политичка жртва која најверојатно не е нарачана од Белград (како што се форсира) туку е изворна малограѓанска љубомора.
Пријавата што против него ја поднел извесен Трајко Цветанов Бешовски.
Автоматски споено мислење:

Те пријавив за носење на темата во к..ац со твоето тролање... Прекини со тие вонземјани, рептили... Не си интересен.
Бега бе
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Темата е Дали ви недостига Југославија!
Ако некого го интересира кој ги убил Рацин и Ченто нека отвори таква тема, па нека дискутира таму.
Доста беше продавање магла и ветар на оваа тема.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.081
Не се работи за идеологија тука,идеологијата на Македонија низ историјата и нанела големо зло.
Ми сметаа тоа што еве луѓе од 55 години не знаат кој го убил Рацин а се гордеат како тоа во нивно време се рецитирале негови дела и дека уште ги паметат.
Ти тврдеше дека сме плукале по Ченто и Рацин. Ти не праша кој го убил Рацин. Јас ти кажав дека никогаш никој не плукал по него, од нашите генерации. Сега одеднаш кој го убил, како го убил...вртиш сосем друга тема. За Ченто е долга и широка. Чуму ти е потребно тоа?
Дали сакаш да отвориш тема за историјата на наши книжевници, активисти или борци тоа е твој избор ама отвори во историја,... само ќе те изненади колку од нив и пред НОБ се убивале меѓусебно.
Овде констатираше дека сме плукале, што е неточно.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.504
Со самото тоа што ги подржувате тие власти,плукате по Ченто?

Кажете вие кој и зошто го убил?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.081
Со самото тоа што ги подржувате тие власти,плукате по Ченто?

Кажете вие кој и зошто го убил?
некој го убил Ченто? :unsure:
За овие 30 години многумина се "самоубиле", кој со празен пиштол, кој во кофа, кој под воз па не ти пречи тоа ама Ченто дека некој го убил, не знам... Очигледно знаеш па ај кажи кој го убил и зошто.
Башка не збориме за власти туку за разликите и сличностите во живеењето во Југословенска Македонија и Фиром, сега Северна.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Темата е Дали ви недостига Југославија!
Ако некого го интересира кој ги убил Рацин и Ченто нека отвори таква тема, па нека дискутира таму.
Доста беше продавање магла и ветар на оваа тема.
Ако, треба да се разјаснат некои "митови" бидејќи се земаат како аргумент против.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Администраторииии.
Кажете кој го убил Ченто.
Упорно прашуваат онаму кај што не е место, а јас не го знам одговорот.
Помагајте, дали со бан или одговорете му на човекот, да не ја тупи повеќе.

Ако, треба да се разјаснат некои "митови" бидејќи се земаат како аргумент против.
Немам против да се разјаснат некои работи, ама не на оваа тема. Класично узурпирање на темата со прашања кои немаат врска со неа. Овде можеме да дискутираме дали ни недостига Југославија и зошто.
На некоја друга тема (ако постои) можеме да дискутираме што било добро а што лошо во Југославија. Таму имам за пишување и добри и лоши работи. Затоа што голем дел од животот бев нејзин жител. А некој што се родил далеку после распадот на Југославија не може да каже дали му недостига или не. Уште помалку може да каже дали мене ми недостига.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Немам против да се разјаснат некои работи, ама не на оваа тема. Класично узурпирање на темата со прашања кои немаат врска со неа. Овде можеме да дискутираме дали ни недостига Југославија и зошто.
На некоја друга тема (ако постои) можеме да дискутираме што било добро а што лошо во Југославија. Таму имам за пишување и добри и лоши работи. Затоа што голем дел од животот бев нејзин жител. А некој што се родил далеку после распадот на Југославија не може да каже дали му недостига или не. Уште помалку може да каже дали мене ми недостига.
Можеби не е местото овде но неможеш да речеш дека не е поврзано со темата.
Има многу млади (игнорантни) гледат вака на пробемот; Раци, Ченто, Шатев, X личност - проблеми со системот = лош систем.

Премисата е дека вие браните лош систем поради личен бенефит (види погоре, некои си дуќани, станови), т.е. сте предавници, клети комунисти итн.

Јас гледам од друг агол т.е. дека таа генерација бумери сте најпривилигирани и разгалени, отука таа носталгија не дека сте биле комунисти или ви било гајле (идеолошки).
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Можеби не е местото овде но неможеш да речеш дека не е поврзано со темата.
Има многу млади (игнорантни) гледат вака на пробемот; Раци, Ченто, Шатев, X личност - проблеми со системот = лош систем.

Премисата е дека вие браните лош систем поради личен бенефит (види погоре, некои си дуќани, станови), т.е. сте предавници, клети комунисти итн.

Јас гледам од друг агол т.е. дека таа генерација бумери сте најпривилигирани и разгалени, отука таа носталгија не дека сте биле комунисти или ви било гајле (идеолошки).
Не, јас не бранам никаков систем. Јас само пишувам дека Југославија ми недостига (иако не многу). Моја беше од Гевгелија до Јесенице и од Суботица до Будва.
А системот како систем имаше и добри и лоши работи. Како и сегашниов систем (кој за мене е полош од тогашниот, ама тоа не е во темава).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Со самото тоа што ги подржувате тие власти
Имаш проблем да разбереш дека на темава не се дискутира за поддршка на некои власти, систем или идеологија, туку за прашањето кога се живеело подобро. Темава како таква не треба да се занимава со национализам, патриотизам и нашата приврзаност и почит кон некои историски ликови, за тоа има други теми. Овде се дискутира повеќе од економски аспект, животно секојдневие, сигурност, безбедност, стапка на криминал, спортски и културни успеси итн...

Друга работа е што мислиш дека секој кој вели дека му недостига животот тогаш, или дека тогаш се живеело подобро, под дифолт е со лева ориентација и идеолошки гледа на работите. Во реалноста, ти гледаш идеолошки на работите и затоа си затворен за можноста дека некогаш можеби било и (по)добро.

Некои работи околу Ченто и Рацин кои често ги спомнуваш на темава:

Ченто е жртва на тие политички кругови од тоа време, несомнено. Суден е политички и тргнат од политичката сцена и неговиот живот завршува трагично. Тие кои го кодошат и судат се Македонци. Тоа е приказна која се повторува во целата наша историја. Денес, во демократскиот систем кој го имаме и кој требаше да биде напредок, се случуваат истите работи. Политичките противници се судат, луѓе завршуваат по затвори, кој виновен, кој не, кој повеќе кој помалку... сега имаме амнестии и аболиции па повеќето ќе спасат гз. Тоа е битка за превласт и во неа страдаат луѓе. Човек што се бави со политика треба да е умешен и внимателен, да не се расфрла со секакви изјави и да не налути погрешни луѓе. Времињата се опасни и денес.

Рацин е најверојатно убиен, не од некаква власт бидејќи е убиен во време на војна од негов соборец. Ако за Ченто можеме да кажеме дека е отстранет поради идеолошки разлики, истото не стои за Рацин кој е исто така левичар и комунист.

Јас те разбирам добро како се чувствуваш во врска со ова бидејќи сум го поминал тој пат.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.624
Поени од реакции
34.869
Ако видиш како успеавме да се развиваме откако се осамостоивме и се оствари „желбата“ на Ченто и другарчињата за суверена и независна Македонија, излегува дека поарно било и никогаш да не дозволат да се прошири таа идеја.
Ние не знаеме да функционираме самостојни и независни, поарно во било каква федерација/сојуз отколку сами, тогаш барем другите ни го чувале и името и нацијата, сами за 30 години успеавме се да прокоцкаме и изгубиме.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Како се осамостоивме во 90-тите, таму и останавме. Југославија не остави со прилично добра инфраструктура, солидни болници, добро здраство, тогаш имаше и добри лекари и кадар што се школувал по Белград, Загреб, Љубљана. И се така остана од тогаш само што добриот кадар се пензионорал/умрел, болниците не само што останаа исти туку не се ни одржуваа... Ние народот сме најдно заедно со браќата и успеавме се да уништиме...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.215
Поени од реакции
78.780
Со самото тоа што ги подржувате тие власти,плукате по Ченто?

Кажете вие кој и зошто го убил?
На сите теми ултра-наивно и детски гледаш на работите. Батали што тогаш подобро се живеелео и сл.
Баш од аспект на патриотизам можеш некои споредби да направиш.
На пример, замисли балисти или било кои други Албанци задоени со религиски фанатизам или национал-шовинизам, земат да влечат со трактори по ниви, живи луѓе, или силуваат, дерат и слично. Баш ме интересира како мислиш дека СФРЈ би ги третирала, дури и ако меѓународната заедница не ѝ посочеше дека тоа се дела кои спаѓаат во воени злосторства (како што тоа го потсетија Груевски пред да ги амнестира)? Знаеш ли за колку брзо време ќе беа обесени?
Зарем моеш да го замислиш Тито или дури и ако сакаш Колишевски, како од плажа наредува да се амнестираат?
Друго, дали мислиш дека таа СФРЈ би ѝ рекла на Грција или било која земја од околината - ОК дечки, ако вие не сакате Македонија да се вика, ќе смениме, нема проблем? Зарем земја која се ТЕПАЛА, да, се ТЕПАЛА и конфронтирала со СССР и САД (прогуглајте пред да се истрчате), а е воедно единствена земја во светот (надвор од големите сили) која сама се ослободила од фашистичкиот окупатор, би ѝ рекла на некоја Грција, или штотијазнам Бугарија, дека ќе ги уважи нивните позиции во врска со внатрешното уредување на земјата, идентитетот или нешто слично?
:lolzz:
Јас сум бил еден од оние стварно ретки кои се залагаа за распад на таа земја, затоа што сметав дека самостојна Македонија е целта. Но, не е се така едноставно и просто, како што си го замислуваме.
Трето, како го замислуваш статусот на македонскиот јазик дека бил во СРМ, а како е денес во РСМ?
Дали мислиш дека во некоја најлуда случајност би можело во СРМ да се вее знаме на република Албанија? Епа, со законот за знамиња од 2011-та година, знамето на Р Албанија се вее пред државни институции.

Денес се радуваме ако во нешто добро не сме последни во Европа, па и во светот, тогаш се нервиравме кога нема да бидеме помеѓу првите.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не само тоа што си спомнал @Beric Dondarrion него има ли нешто по патриотско да македонскиот народ е сопственик на капиталот, над своите рудни и природни богатства?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.215
Поени од реакции
78.780
Не само тоа што си спомнал @Beric Dondarrion него има ли нешто по патриотско да македонскиот народ е сопственик на капиталот, над своите рудни и природни богатства?
Tоа беше слободна проценка, на нашиот државник Бранко Црвенковски, кој мудро одлучи, на почетокот од независноста, дека нам не ни одговара моделот на Словачка, на пример, каде едноставно акциите од државниот имот им беа поделени на граѓаните и работниците, туку само ги стави на пазар фирмите и ги продаде.
Секако, фирмите беа обезвредени од нивното раководство, кое и ги купи, при сомнителни продажни процеси.
Автоматски споено мислење:

Чул за Ченто и Рацин и само ламентира слепо и без глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom