Јас пак делам целосна убеденост дека ИСТОЧНИТЕ нации се во далеку поголем пад во безбожноста и со поголема брзина итаат кон сопственото духовно уништување.
Честопати кај некои луѓе постои тенденција да се критикува и суди другиот (западот), но тие исти луѓе понекогаш забораваат да се ѕирнат малку во огледало и да си ја видат сопствената состојба (т.е. гредата во своето око).
Господине sardaukar, кажете ми каде ја гледате вие побожноста на нашиот народ? Во палењето бадникови пагански огништа и пијанчење и урлање околу нив? Во тоа што мнозинството православци доаѓаат во црква само 3 пати годишно? (Божиќ, Велигден и некоја свадба ил крштевка ако им се погоди таа година)
Во вапцањето јајца? Во прекстувањето кога со кола или автобус ќе поминат покрај некоја црква?
Тоа ли е нашата горделива "побожност" со која ние со презир ја гледаме, критикуваме и судиме безбожноста на западот?
Дали сте свесни дека мнозинството од нашиов "побожен" народ не познава елементарни работи од христијанството? Мнозинството мислат дека паганот Александар Македонски бил христијанин. Мнозинството немаат поима ни која е разликата меѓу Стариот и Новиот Завет. Мнозинството мислам дека Христос му е презимето на Исус. Да не беше ова трагично, ќе беше пресмешно, но тоа е реалноста на нашата "побожност".
Дали сте свесни дека во безбожната Америка 110 МИЛИОНИ американци барем еднаш неделно одат на богослужба во некоја црква? Тоа е околу една третина од популацијата на Америка. Тоа е поголема бројка и од бројот на американци кои одат на спортски натпревари еднаш неделно, а добро знаеме колку е величан спортот во Америка.
Само за споредба, во нашава православна и побожна земја одвај 1 мизерен процент одат во црква (повеќето да запалат свеќа и да бацат некоја икона), а помалку од 1 промил се оние кои одат на богослужби каде што се проповеда од Божјото Слово, каде што се проповеда евангелието, каде што се проповеда Христос.
Затоа, наместо да го критикуваме, судиме и "сожалуваме" западот, подобро да се огледаме самите себеси и да поработиме на нашата "побожност" па, со Господ напред, за едно 10-20 години барем приближно да стигнеме до западната побожност.
Дали јас некаде реков дека во Македонија е добра состојбата? Види го насловот од темата? Што пишува? Прашањето е дали ние целосно ќе ги отфрлиме трајните православни христијански вредности и ќе пропаднеме заедно со изворот на новите погрешни (не)вредности.
Богатите започнуваат со наркоманија, но таа повеќе ги погодува и се раширува кај очајните сиромаси. Ама богатите поради богатството пак можат полесно да се носат со наркоманијата, може да плати и да се лечи има доволно средства и за дрога и за живот, а сиромасите ги уништува целосно и нив и нивните семејства. Ако богатиот не се излечи независно од богатството и тој ќе пропадне само ќе треба подолго време. Таков е односот на состојбите во Македонија и западните земји со влезот во себичниот атеизам.
Инаку за оваа падната духовна состојба на западниот свет по таа патека ги однесе рационализираната протестантска вера која направи отстапки од Божјиот надрационализам. Така што протестантскиот недоследен рационализам мисловно, филозофски не можеше и не може да се спротивстави на подоследниот атеистички рационализам. Од таму на запад атеизмот извојува победа во негирањето иако не даде одговори во афирмирањето. А кај нас преносот на атеизмот се случи поради залаженоста со напредните западни нации поради претходните технолошки успеси на протестантскиот рационализам. Но технолошки развој неизбалансиран и несогласен со свесноста на човештвото и во служба на телесните задоволства, а не во полза на битието на човекот.
Ако е таа теорија вистинита тга светот ќе се уништи бидејќи никогаш нема да се запре со технолошкиот развој.
Мислам дека погоре во земениот цитат кај мене не е споменат технолошкиот развој. Технолошкиот развој е нешто добро, но треба да оди заедно со духовниот развој. А во ситуацијата технолошкиот развој е постигнат на штета на духовниот развој. Ајде за што повеќе да продаваме коли да ставиме голи жени покрај нив. Ајде за што повеќе да се рашири интернетот да пишуваме секакви глупости што се случиле во светот. Ајде за што повеќе читатели да имаме да ставаме слики од секакви шокантни настани. Ајде за да добиеме и навивачи а со тоа и спонзори да ги расоблечеме спортистките пример ракометарки. Значи за да има развој не се мисли на духовната штета.
Луѓе има повеќе од доволно. Не знам која ти е тезата за населението но луѓето не можат во вода да живеат. И да Европа е пренаселена, а населението константно расте. А Европа нема веќе каде да се шири без да започне нови војни.
Тоа е сосема погрешно. Имам правено пресметки. За сите луѓе кои живееле во изминатите 10 000 години само во Северна Америка има доволно простор и ресурси за одеднаш да живеат.
А за во вселената многу гледаш стар трек бидејќи тоа засега е стотици години далеку од нас можеби и илјадници.
Па сега Стивен Хокинг вели, да се насочиме за колонизација надвор од земјата пред да се самоуништиме. Може и тој гледал стар трек.
Беше забрането со закон и затоа и илјадници бебиња беа отепувани само затоа што таткото сакал да има син наследник. За тоа имам и гледано снимка и емисија на Опра.
Никаде во ниеден политички извештај за Кина такво нешто не е речено. А знаеш колку сака западот да вади валкани работи од државите кои не ја следат неговата демонократија.
Вандалите биле посилни од рим побројни со тактика дотогаш не видена од Рим не карактеристична.
Една поединечна тактика не може да уништи империја. За да се дојде до Рим претходно е потребно многу пат. На секоја тактика има противтактика. Дури и инцидентно да е изгубен главниот град доколку имале желба ќе го поврателе Рим и ќе го обновеле со оглед на многу поголемите знаења со кои располагала во однос на освојувачите.
Се распадна советскиот сојуз не Русија. И Европската унија може да се распадне но Европа пак ќе биде светска сила.
Русија е најдобар пример. И Русија беше на пат да се распадне се додека не сврти кон своите христијански вредности.
Дали Горбачов и Елцињ посветија внимание на христијанската култура на Русија. Многу малку. Што се случуваше со Русија - пропаѓаше. Дали Путин дозволи посилно влијание на Православната христијанската Вера во руското општество. Да дозволи. Што се случи со Русија - успеа да се поврати.
Нуклеарното оруѓје никој не го продава а тоа е најсилно кај нас.
Разузнавачките извештаи тврдат дека само прашање на време е кога некој надвор од дозволените ќе дојде до нуклеарно оружје.
од кај ти се информацииве. Некоја нова психијатрија и психологија???
Од зборовите на млади луѓе исфрустрирани од домашните состојби.
Кој ти кажал дека хомсексуализмот е неприроден тек. Колку што се сеќавам тој го има и во илјадници животински видови.
Ако е за присутно кај животните не значи дека е природно. Многу животни си ги јадат своите потомци, пример лавовите, дали е тоа природно и добро. За нас христијаните е јасен изворот на тоа, тоа е отклонувањето од доброто со првобитниот Адамов пад на светот.
Би било добро да дадеш некој статистички доказ.
Негативните и рушителните последици од промените на културните основи допрва треба статистички да се потврдат, а оние кои се направени се прикриваат. Но можеш овде да прочиташ нешто од порано кога западната култура колку толку држеше до некои принципи.
http://orthodox.blog.com.mk/node/155714
Последните испитувања покажуваат дека има и физичка разлика од кај Геј и Стрејт луѓето која е приметлива во формата на нивните глави. Таа разлика постоела од секогаш.
Штом е така ајде да ги пуштиме сите криминалци од затвор, бидејќи тврдат дека сите криминалци уште од раѓање имале некакви посебни раце.
Извини а дали ти познаваш некој хомосексуалец вака или си препоставуваш. И од каде го даде заклучоков?
Да јас сосема слободно разговарам со хомосексуалци, само не им се допаѓа да го слушаат тоа што им го зборувам.
Биолошки родители е препорачано но не е неопходно. Може и без тоа или можеби сметаш дека треба да се оттарасиме од сираците?
За сираците не можеме да бираме. Повеќето од нормалните сираци сигурно дека нема да избереле да бидат сираци ако можеле да избираат. А во врска со хомосексуалните родители, можеме да бираме и да забраниме за на децата да им се овозможи да се раѓаат во нормални семејства со правилно воспитување.
Светската организација за психологија и психијатрија испадна со сатав дека "Хомосексуалните двојки се барем толку добри колку што се и хетеросексуаните родители.
Од кога тоа, од која година, а претходно колку години истата институција зборуваше за штетноста и девијантноста на хомосексуалната ориентација.
Исто така да ги повикаме сите доктори од светот, кажи ми дали 15% од нив ќе се согласат со тој став на светската асоцијација под контрола на центрите на моќ.
Во цела Азија, Африка, Јужна Америка нема да се согласат. А нема да се согласат и во многу од останати делови од светот, вклучувајќи ги барем 50% од државите во САД од каде дојде тој извештај. А тоа ти е барем 80% од светското население, од светската култура, од светската медицина.
Тоа што некој со свои извештаи сака да уништува нации е сосема друго прашање од она кое реално емпириската наука: психијатријата, медицината, социологијата, криминалистиката го потврдиле.