- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Со оглед на големото антицрковно и антиверско расположение кое се повеќе се појавува кај нас би сакал нешто да им пренесам, сугерирам и замолам сите оние кои не најдуваат нешто добро во верата во Бог.
Делам целосна убеденост дека западните нации со падот во безбожноста итаат кон сопственото руинирање. Ова го зборувам најмалку 2 години што значи пред настанувањето на банкарско-економската криза која најмногу го зафати развиениот запад. Човекот е себично суштество и мисли само на своето. Луѓето кои ја признале сопствената себичност и кои ја признале себичноста на човечкиот род имаат елементарна поштеност барем тоа да го признаат и исто така имаат со тоа елементарна свесност да побараат решение за својата себичност.
Нашиот народ решението на човековата злобност ја најде во тоа што го откри делото на Богочовекот Исус Христос и им го пренесовме на другите. Ние сме во коренот на најзначајната и најразвиената западна гранка на христијанството. Примерот на Богочовекот е прекомплексен, но најкратко тоа е сопствена жртва за доброто на другите. Љубов кон сите вклучувајќи ги и своите непријатели. Вера што значи превземање на ризик на злото да се одговори со добро. Тоа го изгради нашиот македонски народ да биде еден од оние народи кој не должи никому. Тоа треба да го цени секој Македонец. Покрај сите слабости убаво е да се биде Македонец, затоа што убаво е да се знае дека сме чисти луѓе и немаме товар на никакви масакри, геноциди или било какви долгови кон некого. Таа вера не беше нашата слабост, туку таа беше нашата сила. Ние не сме спаднати на оваа слаба политичко-економска состојба поради таа христијанска мекост, туку поради лошата географска положба, каде владението на Македонија води кон доминација на Балканот, а пак тоа е добар чекор кон создавање на голема политичка сила. Бидејќи овој простор од 4 век п.н.е. до 20 век н.е, значи 2200 години е просторот на најсилните империи. Македонската, Римската, Византиската, Отоманската. И во таква лоша положба ние со силата на Верата преживеавме.
Затоа им сугерирам на сите оние кои имаат негативен став кон Верата, да размислат малку и да се стрпат во критиките на нашата Вера во наредните 15 години. Јас ја ставам мојата чест на маса, ако таа нешто значи, дека ќе бидеме сведоци на распадот на безбожничкиот западен нихилизам. Таму каде што постои принципот на моќта, таму нема трајно единство, принципот на љубовта е способен да обезбеди единство и мир. Неконтролираната човековата себичност ќе ги уништи. Да ја одржиме верата во наредните деценија и пол за да бидат сите сведоци што безбожноста ќе направи од западните моќни народи.
Затоа повнимателно во критиките на Верата бидејќи
Нашиот ум е еднонасочен. Каде што ќе тргне таму и ќе пристигне. Ако докажува дека е ДА, ДА и ќе му излезе. Ако докажува дека е НЕ, НЕ и ќе му излезе. Кој пат ќе го фати, таму и ќе стигне. А меѓу различните патишта никогаш нема да знае кој е правиот бидејќи секогаш правиот ќе му изгледа оној на кој во тој момент се наоѓа. Секој да си влече на своја страна е неизбежно, таква е природата на умот, секој е убеден дека е во право. Затоа и нашата иднина е анархијата. Му доверуваме на рациото на умот да не води, а тој не дели како поединци. Затоа и се залагам не рациото туку духот и тоа Духот на христијанството да не води како нација.