Дали ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
saradakur, превртливоста на македонската побожност е доказ дека таа реално не постои, туку дека зависи од тоа на која страна дува ветрот. Ако денес дува кон комунизмот, тие се комунисти, ако утре дува кон православието, тие се православни. Следствено ако задутре дувно кон истокот, тие ќе бидат будисти или хиндуисти, но најверојатно атеисти. Пиши и крст на таквата "побожност" :)

За христијаните кои веруваат во воскресение на мртвите гробот не е вечен дом, туку Божјото Царство. Оттука следува дека сите оние кои го нарекуваат гробот "вечен дом" се пародија од христијани, а исто така и пародија од православни бидејќи и православните веруваат во воскресение како и христијаните.

Лажната илузорна побожност е полоша од безбожноста. На запад тие што веруваат си веруваат и си ја практикуваат својата вера, додека пак оние што не веруваат во многу помал дел се маскираат во "верници" (споредено со маскенбалот што постои кај нас).
Кога јас размислувам за длабочината на достигнувањето во поглед на Верата тоа го одредувам според силата на согледување на сопствената грешност, според силата на покајанието. Сметам дека падот на македонскиот народ во последната деценија и пол е многу голем, но падот на западните нации е катаклизмичен. Од таму според почетниот текст на статијава предложив да ја одржиме верата колку толку оставајќи ги западните нации да предничат во културните трендови кои сум сигурен дека ги уништуваат. Ништо не не кошта да ги оставиме, а ако се во право ќе им признаеме и тогаш ќе им се приклучиме. Ама бидејќи не се во право и ќе се самоуништат да си дадеме можност да не пропаднеме заедно со нив.

Училишни масакри - парадигма за зло и деструкција

Живее ли потенцијалниот убиец во нашиот сокак? Една студија подготвена во Високата полициска школа во Стокхолм покажува дека пукања од огнено оружје во училишта се случувале на Западот во последните 40-ина години, но не и во сиромашните земји

Дневник
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
saradakur, погрешно си ја насловил темава. Насловот не треба да биде "Дали ние ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа", туку "Дали Европа ќе пропадне со безбожните нас?"

Популацијата на Македонија е помалку од една шестина од на пример популацијата на Лондон и затоа не можеш да споредуваш број на убиства во цела Европа и една земјичка како Македонија со околу две милиончиња население. Ако веќе споредуваш, споредувај во проценти, во сооднос со популацијата, па да видиме колкав процент од вкупното население се безбожни во европските држави, а колкав во Македонија.

И кај нас има убиства, самоубиства, силувања, родови осквернувања, варварски осветувања, "татковци" кои ги силуваат своите 7 годишни ќерки, средношколци кои снимаат порничи со своите мобилни на големите одмори во своите училишта, скоро сите средношколси тоалети корнат на марихуана, а позади школите врие од шприцеви итн итн... одвај еден процент од населението редовно ги посетуваат православните храмови и тоа најчесто од суеверни мотиви - да запалат свеќа, да се прекрстат со раката и да бацат некоја икона таму.

Да бевме ние побожни и со духовно жедни, немаше да има потреба МПЦ насилно преку власта да наметнува веронаука во училиштата, туку доброволно ќе си ја вршеше во своите 2000 речиси празни храмови низ земјава. А еднаш и пробаа така, ама видоа дека никој не им доаѓа, па си рекоа: "Не сакате милом, епа тогаш силом!" Ама со сила убаина не бидува - рекле старите наши.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Поголемо суеверие од: испразна вера, без дела, засновата на статистички „агрументи„, заснована на своеглаво толкување на Писмото, на твредења дека се што е наследено од Црквата е нечија деформација на изворното христијанство, на тврдење дека се што е неправославно е погрешно, завземање став дека Светот и Црквата џоа постојат од нечиј роденден...

...ретко се наоѓа дури и во овој оптаднат Свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom