Дали ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Евангелието, кој се го има пишувано него? Неколкумина 80 годишни фосили + нешто Црквата си додала за свои потреби, а тоа што и пречело, го уништила.
Тоа што го пишувале многумина во долг временски период, а сето во ист Дух е доказ дека не го пишувале сами туку Некој им го диктирал. Тоа што за 80 годишни старци употребуваш збор фосили зборува колку еден атеист може да биде социјализиран и колку е спремен да ги почитува луѓето со други верувања.

И зарем некој верува во хорор прикаската наречена „Откровение“ од скај-фај писателот Јов? Патем, дел од „светото“ Евангелие кое неколку пати официјално било отфрлано од „официјалната“ црква:pos2:
Откровението и за мене беше најтешкиот дел за примање. Веројатно и за Светите Отци било тешко да се прифати. Но и тоа било потребно за човештвото и Бог и тоа јавно го открил. Подоцна го примив и сега со сигурност можам да тврдам дека таа хорор приказна е вистинската приказна на грешниот човек. Наназад и сега се потврдува за целосно вистинита и во иднина ќе се допотврди.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Јасно е, педерите ја нејкат религијата, оти ги гони...
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Правите цркви, Православната и Римо - католичката, не ги прифаќаат педерите, а немој да ми кажете дека некакви евангелисти методисти и шо ти ја знам ги прифаќале, видете кој колку верници има.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

Добро де види ти колку верници и кои религии се најмногу во опаѓање.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Делам целосна убеденост дека западните нации со падот во безбожноста итаат кон сопственото руинирање.
Јас пак делам целосна убеденост дека ИСТОЧНИТЕ нации се во далеку поголем пад во безбожноста и со поголема брзина итаат кон сопственото духовно уништување.

Честопати кај некои луѓе постои тенденција да се критикува и суди другиот (западот), но тие исти луѓе понекогаш забораваат да се ѕирнат малку во огледало и да си ја видат сопствената состојба (т.е. гредата во своето око).

Господине sardaukar, кажете ми каде ја гледате вие побожноста на нашиот народ? Во палењето бадникови пагански огништа и пијанчење и урлање околу нив? Во тоа што мнозинството православци доаѓаат во црква само 3 пати годишно? (Божиќ, Велигден и некоја свадба ил крштевка ако им се погоди таа година)
Во вапцањето јајца? Во прекстувањето кога со кола или автобус ќе поминат покрај некоја црква?
Тоа ли е нашата горделива "побожност" со која ние со презир ја гледаме, критикуваме и судиме безбожноста на западот?

Дали сте свесни дека мнозинството од нашиов "побожен" народ не познава елементарни работи од христијанството? Мнозинството мислат дека паганот Александар Македонски бил христијанин. Мнозинството немаат поима ни која е разликата меѓу Стариот и Новиот Завет. Мнозинството мислам дека Христос му е презимето на Исус. Да не беше ова трагично, ќе беше пресмешно, но тоа е реалноста на нашата "побожност".

Дали сте свесни дека во безбожната Америка 110 МИЛИОНИ американци барем еднаш неделно одат на богослужба во некоја црква? Тоа е околу една третина од популацијата на Америка. Тоа е поголема бројка и од бројот на американци кои одат на спортски натпревари еднаш неделно, а добро знаеме колку е величан спортот во Америка.
Само за споредба, во нашава православна и побожна земја одвај 1 мизерен процент одат во црква (повеќето да запалат свеќа и да бацат некоја икона), а помалку од 1 промил се оние кои одат на богослужби каде што се проповеда од Божјото Слово, каде што се проповеда евангелието, каде што се проповеда Христос.

Затоа, наместо да го критикуваме, судиме и "сожалуваме" западот, подобро да се огледаме самите себеси и да поработиме на нашата "побожност" па, со Господ напред, за едно 10-20 години барем приближно да стигнеме до западната побожност.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Земено предвид дека општеството веќе постои изградено како такво значи функционира.
Мислам дека ги прескокнуваш тезите. Мојата теза е дека општеството во изминатите 3-4 децении посебно во последните 15 години значително ги измени културните основи напуштајќи ги христијанските вреднувања и од таму за кратко време не повеќе од 2 децении ќе се самоизеде и самоуништи во внатрешните раздори групни и индивидуални судири.

Најала стапка на раст на популација имаат земјите во развој како македонија, бугарија, русија, и сл, а не европските земји.
А тоа се случи кога? Од кога настана големиот пад на наталитетот и кој уште претходно го имаше и го има тој проблем?

Други популацијата не е проблем во Европа бидејќи таа е веќе пренаселена.
Направи пресметка на површината на Земјата и подели ја на бројот на жители и ќе видиш дека има доволно места за да живеат не само сега живите туку сите кои досега живееле да се моментално живи. Малтустовата атеистичка теорија за немањето доволно ресурси за сите луѓе е чисто расистичка и нема врска со најелементарни економски проучувања.
Ако има повеќе луѓе, ќе има повеќе развој. Европа ќе се ширеше на останатите поненаселени простори, а поголемиот развој ќе ни створи можности за ширење и надвор од планетата.

Ја даваш кина како пример но забораваш дека таму до пред година и нешто беше забрането да се има повеќе од едно дете.
Не било забрането туку, било оптоварено со некои зголемени обврски кон државата која нема сили да се носи со толку големиот прираст. За мене тоа е фер однос, ако имаш желба за уште едно дете, тогаш општеството ќе бара да му помогнеш за да може да се носи со зголемен наталитет.

Ниту една држава не пропаднала поради растур на фамилии. Рим функционирал на ист начин пред да пропадне над 500 години, но потоа се појавиле сили посилни од него и го уништиле.
Тешко дека Вандалите биле посилни од Рим. Проблемот е што веќе никој не се интересирал да го брани Рим. Општеството било толку труло што многу малку луѓе биле заинтересирани да го бранат. Кога милионскиот Константинопол го напаѓаат 150 000 Турци го бранат само 7500 луѓе. Дури ни тогаш не можат можат да го освојат без помошта на школуваниот византиец Урбан кој им гради справи за рушење на ѕидините. Исто за Египет, зачувани се писма во периодот на неговиот пад. Кога се распаѓа, по границите му праќаат писмо бранители на фараонот, барајќи помош овој не се ни занимава да ги прочита. Сите тие како помоќни од соседите се распаднале поради сопственото морално распустување што е слично на денешното кај западните нации.

Во светот денес нема поголеми сили од Америка, Европа и Русија, а нивната економија и политика е заемно поврзана. Ако пропадне една со себе ќе ги повлечче и другите.
Не мора да значи. Ќе повлијае онолку колку биле прифатени нормите кои го уништуваат општеството. Инаку точно дека падот влијае пошироко, така било и со падот на другите империи, ама тоа не го спречило распаѓањето.

Само што тоа никогаш нема да се случи пред се поради фактот дека тие имаат толкава воена сила што никој со нив не може да се замери. А ако навистина дојде до некоја голема финансиска криза европа и америка ќе го направат тоа што го знаат најдобро , ќе ги нападнат поразвиените муслимански земји каде се наоѓа нафтата и ќе ги освојат.
Не сфаќаш дека не е битна воената сила кога нема волеви носители на таа сила се случува огромно внатрешно расуло. Една третина од испратеното оружје во Ирак било препродадено на непријателите. Маса од милијарди долари е крадено од тие фирмите кои ја почнаа војната токму за да имаат можност да се обогатат. Испратени се милијарди, а кога ќе дадат некоја болница со ранети американски војници, недостасува ова, недостасува она, каде отишле толку пари. Советскиот Сојуз воено не беше уништен, ама пак се распадна.
Примерот со освојувањето на со нафта богатиот Ирак не ти е добар пример дека тоа не функционира така како што мислиш со освојувањето.

Секоја жена ја интерсира да има потомство, само што условите сега се сменија. Од жените се бара да можат најпрвен да изградат кариера, а потоа да можат да имат деца процес кој не е толу лесно остварлив. За тоа има решение но како и секогаш најголем проблем се заостанатите гледни точки кои цело време го пречат развојот.
Модерната жена под влијание на погрешната нехристијанска еманципација и кога сака да има дете, ја интересира не заради чудото на животот дарувано од Бог, туку за да се фали демек мајка е. Се повеќе „современите“ мајки децата ги имаат само за фуцкање. Тоа го тврдам поради непостоењето на желба да дадат некаква жртва во своите животи заради самото дете. Вистинските родители, како што беа нашите родители од моментот на раѓањето својот живот го ставаат во функција на децата, а денешните, децата ги користат да им бидат во нивна функција.

Зошто не е дозволено речиси никаде во свет да се има сурогат родител,и да се донираат јајце клетки. Со оваа можност постарите жени би можеле да подигаат семејства по изградувањето на кариерата. И само да ти биде појасно квалитетот на животот носи кон напрдок не кон пропаст.
Јас немам ништо против тоа ако е потребно, но треба да се стремиме за што помало човеково замешување во природните текови, затоа што не сме способни да го одржуваме прекомплексниот баланс кој го дава природата.

Што се однесува до хомосексулаците кој ги спомна нив ги имало константно низ историјата, како што ги има и во муслиманските земји акде се казнува тоа со смрт.
Човекот е грешно суштество и најсовршеното општество нема да ја отстрани грешноста, меѓутоа полошите општества влијаат на зголемен број на полоши личност од своите граѓани.

Нема ниеден доказ дека нивната бројка расте, расте само нивната прифатеност од општеството. Знам дека некој би сакал да ги види на клада затоа што не може да разбере, но можеби и јас сакам да нема неписмени луѓе ама тоа е што да се прави.
Тоа дека бројката е иста е чиста лага. Човековото однесување во голема мера е социјална категорија и не може да биде ист бројот таму каде што е поучено за настраноста на хомосексуалноста и таму каде се забранети такви поуки.

И наместо да се посочуваат како проблем зошто не се посочат како една од можностите за излез од малиот раст на популацијата. Милиони хомосексуални парови би сакале да имаат деца.
Повеќето хомосексуалци не сакат деца, а тие кои сакаат тоа го прават од бес.

Во Америка каде е дозволемо да има сурогат родители процентуално повеќе Геј двојки се изразиле дека сакаат да имаат деца отколку стрејт.
Се разбира стрејт ги има помалку кога немаат потреба да имаат сурогат кога секој претпочита природно родени свои биолошки деца.

Ова особено важи за до пред 30 години бидејќи е покажано дека тие парови се многу поемоционало и поекономски стабилни од традиционалните.
Она за емоционално не може никако да биде вистина, за детето се потребни и допирот од мајката и присуството на сигурноста од таткото. Тоа што е вековно за човекот не може да се измени и изроди преку ноќ. За економски може да прифатам затоа што обично во хомосексуални парови живеат побогати кои ги фатил бесот од богатството.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мислам дека ги прескокнуваш тезите. Мојата теза е дека општеството во изминатите 3-4 децении посебно во последните 15 години значително ги измени културните основи напуштајќи ги христијанските вреднувања и од таму за кратко време не повеќе од 2 децении ќе се самоизеде и самоуништи во внатрешните раздори групни и индивидуални судири.
Ако е таа теорија вистинита тга светот ќе се уништи бидејќи никогаш нема да се запре со технолошкиот развој.

А тоа се случи кога? Од кога настана големиот пад на наталитетот и кој уште претходно го имаше и го има тој проблем?

Направи пресметка на површината на Земјата и подели ја на бројот на жители и ќе видиш дека има доволно места за да живеат не само сега живите туку сите кои досега живееле да се моментално живи. Малтустовата атеистичка теорија за немањето доволно ресурси за сите луѓе е чисто расистичка и нема врска со најелементарни економски проучувања.
Ако има повеќе луѓе, ќе има повеќе развој. Европа ќе се ширеше на останатите поненаселени простори, а поголемиот развој ќе ни створи можности за ширење и надвор од планетата.
Луѓе има повеќе од доволно. Не знам која ти е тезата за населението но луѓето не можат во вода да живеат. И да Европа е пренаселена, а населението константно расте. А Европа нема веќе каде да се шири без да започне нови војни.
А за во вселената многу гледаш стар трек бидејќи тоа засега е стотици години далеку од нас можеби и илјадници.

Не било забрането туку, било оптоварено со некои зголемени обврски кон државата која нема сили да се носи со толку големиот прираст. За мене тоа е фер однос, ако имаш желба за уште едно дете, тогаш општеството ќе бара да му помогнеш за да може да се носи со зголемен наталитет.
Беше забрането со закон и затоа и илјадници бебиња беа отепувани само затоа што таткото сакал да има син наследник. За тоа имам и гледано снимка и емисија на Опра.
Тешко дека Вандалите биле посилни од Рим. Проблемот е што веќе никој не се интересирал да го брани Рим. Општеството било толку труло што многу малку луѓе биле заинтересирани да го бранат. Кога милионскиот Константинопол го напаѓаат 150 000 Турци го бранат само 7500 луѓе. Дури ни тогаш не можат можат да го освојат без помошта на школуваниот византиец Урбан кој им гради справи за рушење на ѕидините. Исто за Египет, зачувани се писма во периодот на неговиот пад. Кога се распаѓа, по границите му праќаат писмо бранители на фараонот, барајќи помош овој не се ни занимава да ги прочита. Сите тие како помоќни од соседите се распаднале поради сопственото морално распустување што е слично на денешното кај западните нации.
Вандалите биле посилни од рим побројни со тактика дотогаш не идена од Рим не карактеристична.

Не мора да значи. Ќе повлијае онолку колку биле прифатени нормите кои го уништуваат општеството. Инаку точно дека падот влијае пошироко, така било и со падот на другите империи, ама тоа не го спречило распаѓањето.
Се распадна советскиот сојуз не Русија. И Европската унија може да се распадне но Европа пак ќе биде светска сила.

Не сфаќаш дека не е битна воената сила кога нема волеви носители на таа сила се случува огромно внатрешно расуло. Една третина од испратеното оружје во Ирак било препродадено на непријателите. Маса од милијарди долари е крадено од тие фирмите кои ја почнаа војната токму за да имаат можност да се обогатат. Испратени се милијарди, а кога ќе дадат некоја болница со ранети американски војници, недостасува ова, недостасува она, каде отишле толку пари. Советскиот Сојуз воено не беше уништен, ама пак се распадна.
Примерот со освојувањето на со нафта богатиот Ирак не ти е добар пример дека тоа не функционира така како што мислиш со освојувањето.
Нуклеарното оруѓје никој не го продава а тоа е најсилно кај нас.

Модерната жена под влијание на погрешната нехристијанска еманципација и кога сака да има дете, ја интересира не заради чудото на животот дарувано од Бог, туку за да се фали демек мајка е. Се повеќе „современите“ мајки децата ги имаат само за фуцкање. Тоа го тврдам поради непостоењето на желба да дадат некаква жртва во своите животи заради самото дете. Вистинските родители, како што беа нашите родители од моментот на раѓањето својот живот го ставаат во функција на децата, а денешните, децата ги користат да им бидат во нивна функција.
од кај ти се информацииве. Некоја нова психијатрија и психологија???

Јас немам ништо против тоа ако е потребно, но треба да се стремиме за што помало човеково замешување во природните текови, затоа што не сме способни да го одржуваме прекомплексниот баланс кој го дава природата.
Кој ти кажал дека хомсексуализмот е неприроден тек. Колку што се сеќавам тој го има и во илјадници животински видови.

Човекот е грешно суштество и најсовршеното општество нема да ја отстрани грешноста, меѓутоа полошите општества влијаат на зголемен број на полоши личност од своите граѓани.
Би било добро да дадеш некој статистички доказ.

Тоа дека бројката е иста е чиста лага. Човековото однесување во голема мера е социјална категорија и не може да биде ист бројот таму каде што е поучено за настраноста на хомосексуалноста и таму каде се забранети такви поуки.
Последните испитувања покажуваат дека има и физичка разлика од кај Геј и Стрејт луѓето која е приметлива во формата на нивните глави. Таа разлика постоела од секогаш.

Повеќето хомосексуалци не сакат деца, а тие кои сакаат тоа го прават од бес.
Извини а дали ти познаваш некој хомосексуалец вака или си препоставуваш. И од каде го даде заклучоков?

Се разбира стрејт ги има помалку кога немаат потреба да имаат сурогат кога секој претпочита природно родени свои биолошки деца.
Биолошки родители е препорачано но не е неопходно. Може и без тоа или можеби сметаш дека треба да се оттарасиме од сираците?

Она за емоционално не може никако да биде вистина, за детето се потребни и допирот од мајката и присуството на сигурноста од таткото. Тоа што е вековно за човекот не може да се измени и изроди преку ноќ. За економски може да прифатам затоа што обично во хомосексуални парови живеат побогати кои ги фатил бесот од богатството.
Светската организација за психологија и психијатрија испадна со сатав дека "Хомосексуалните двојки се барем толку добри колку што се и хетеросексуаните родители.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Јас пак делам целосна убеденост дека ИСТОЧНИТЕ нации се во далеку поголем пад во безбожноста и со поголема брзина итаат кон сопственото духовно уништување.

Честопати кај некои луѓе постои тенденција да се критикува и суди другиот (западот), но тие исти луѓе понекогаш забораваат да се ѕирнат малку во огледало и да си ја видат сопствената состојба (т.е. гредата во своето око).

Господине sardaukar, кажете ми каде ја гледате вие побожноста на нашиот народ? Во палењето бадникови пагански огништа и пијанчење и урлање околу нив? Во тоа што мнозинството православци доаѓаат во црква само 3 пати годишно? (Божиќ, Велигден и некоја свадба ил крштевка ако им се погоди таа година)
Во вапцањето јајца? Во прекстувањето кога со кола или автобус ќе поминат покрај некоја црква?
Тоа ли е нашата горделива "побожност" со која ние со презир ја гледаме, критикуваме и судиме безбожноста на западот?

Дали сте свесни дека мнозинството од нашиов "побожен" народ не познава елементарни работи од христијанството? Мнозинството мислат дека паганот Александар Македонски бил христијанин. Мнозинството немаат поима ни која е разликата меѓу Стариот и Новиот Завет. Мнозинството мислам дека Христос му е презимето на Исус. Да не беше ова трагично, ќе беше пресмешно, но тоа е реалноста на нашата "побожност".

Дали сте свесни дека во безбожната Америка 110 МИЛИОНИ американци барем еднаш неделно одат на богослужба во некоја црква? Тоа е околу една третина од популацијата на Америка. Тоа е поголема бројка и од бројот на американци кои одат на спортски натпревари еднаш неделно, а добро знаеме колку е величан спортот во Америка.
Само за споредба, во нашава православна и побожна земја одвај 1 мизерен процент одат во црква (повеќето да запалат свеќа и да бацат некоја икона), а помалку од 1 промил се оние кои одат на богослужби каде што се проповеда од Божјото Слово, каде што се проповеда евангелието, каде што се проповеда Христос.

Затоа, наместо да го критикуваме, судиме и "сожалуваме" западот, подобро да се огледаме самите себеси и да поработиме на нашата "побожност" па, со Господ напред, за едно 10-20 години барем приближно да стигнеме до западната побожност.
Дали јас некаде реков дека во Македонија е добра состојбата? Види го насловот од темата? Што пишува? Прашањето е дали ние целосно ќе ги отфрлиме трајните православни христијански вредности и ќе пропаднеме заедно со изворот на новите погрешни (не)вредности.
Богатите започнуваат со наркоманија, но таа повеќе ги погодува и се раширува кај очајните сиромаси. Ама богатите поради богатството пак можат полесно да се носат со наркоманијата, може да плати и да се лечи има доволно средства и за дрога и за живот, а сиромасите ги уништува целосно и нив и нивните семејства. Ако богатиот не се излечи независно од богатството и тој ќе пропадне само ќе треба подолго време. Таков е односот на состојбите во Македонија и западните земји со влезот во себичниот атеизам.
Инаку за оваа падната духовна состојба на западниот свет по таа патека ги однесе рационализираната протестантска вера која направи отстапки од Божјиот надрационализам. Така што протестантскиот недоследен рационализам мисловно, филозофски не можеше и не може да се спротивстави на подоследниот атеистички рационализам. Од таму на запад атеизмот извојува победа во негирањето иако не даде одговори во афирмирањето. А кај нас преносот на атеизмот се случи поради залаженоста со напредните западни нации поради претходните технолошки успеси на протестантскиот рационализам. Но технолошки развој неизбалансиран и несогласен со свесноста на човештвото и во служба на телесните задоволства, а не во полза на битието на човекот.

Ако е таа теорија вистинита тга светот ќе се уништи бидејќи никогаш нема да се запре со технолошкиот развој.
Мислам дека погоре во земениот цитат кај мене не е споменат технолошкиот развој. Технолошкиот развој е нешто добро, но треба да оди заедно со духовниот развој. А во ситуацијата технолошкиот развој е постигнат на штета на духовниот развој. Ајде за што повеќе да продаваме коли да ставиме голи жени покрај нив. Ајде за што повеќе да се рашири интернетот да пишуваме секакви глупости што се случиле во светот. Ајде за што повеќе читатели да имаме да ставаме слики од секакви шокантни настани. Ајде за да добиеме и навивачи а со тоа и спонзори да ги расоблечеме спортистките пример ракометарки. Значи за да има развој не се мисли на духовната штета.

Луѓе има повеќе од доволно. Не знам која ти е тезата за населението но луѓето не можат во вода да живеат. И да Европа е пренаселена, а населението константно расте. А Европа нема веќе каде да се шири без да започне нови војни.
Тоа е сосема погрешно. Имам правено пресметки. За сите луѓе кои живееле во изминатите 10 000 години само во Северна Америка има доволно простор и ресурси за одеднаш да живеат.

А за во вселената многу гледаш стар трек бидејќи тоа засега е стотици години далеку од нас можеби и илјадници.
Па сега Стивен Хокинг вели, да се насочиме за колонизација надвор од земјата пред да се самоуништиме. Може и тој гледал стар трек.

Беше забрането со закон и затоа и илјадници бебиња беа отепувани само затоа што таткото сакал да има син наследник. За тоа имам и гледано снимка и емисија на Опра.
Никаде во ниеден политички извештај за Кина такво нешто не е речено. А знаеш колку сака западот да вади валкани работи од државите кои не ја следат неговата демонократија.

Вандалите биле посилни од рим побројни со тактика дотогаш не видена од Рим не карактеристична.
Една поединечна тактика не може да уништи империја. За да се дојде до Рим претходно е потребно многу пат. На секоја тактика има противтактика. Дури и инцидентно да е изгубен главниот град доколку имале желба ќе го поврателе Рим и ќе го обновеле со оглед на многу поголемите знаења со кои располагала во однос на освојувачите.

Се распадна советскиот сојуз не Русија. И Европската унија може да се распадне но Европа пак ќе биде светска сила.
Русија е најдобар пример. И Русија беше на пат да се распадне се додека не сврти кон своите христијански вредности.
Дали Горбачов и Елцињ посветија внимание на христијанската култура на Русија. Многу малку. Што се случуваше со Русија - пропаѓаше. Дали Путин дозволи посилно влијание на Православната христијанската Вера во руското општество. Да дозволи. Што се случи со Русија - успеа да се поврати.

Нуклеарното оруѓје никој не го продава а тоа е најсилно кај нас.
Разузнавачките извештаи тврдат дека само прашање на време е кога некој надвор од дозволените ќе дојде до нуклеарно оружје.

од кај ти се информацииве. Некоја нова психијатрија и психологија???
Од зборовите на млади луѓе исфрустрирани од домашните состојби.

Кој ти кажал дека хомсексуализмот е неприроден тек. Колку што се сеќавам тој го има и во илјадници животински видови.
Ако е за присутно кај животните не значи дека е природно. Многу животни си ги јадат своите потомци, пример лавовите, дали е тоа природно и добро. За нас христијаните е јасен изворот на тоа, тоа е отклонувањето од доброто со првобитниот Адамов пад на светот.

Би било добро да дадеш некој статистички доказ.
Негативните и рушителните последици од промените на културните основи допрва треба статистички да се потврдат, а оние кои се направени се прикриваат. Но можеш овде да прочиташ нешто од порано кога западната култура колку толку држеше до некои принципи. http://orthodox.blog.com.mk/node/155714

Последните испитувања покажуваат дека има и физичка разлика од кај Геј и Стрејт луѓето која е приметлива во формата на нивните глави. Таа разлика постоела од секогаш.
Штом е така ајде да ги пуштиме сите криминалци од затвор, бидејќи тврдат дека сите криминалци уште од раѓање имале некакви посебни раце.

Извини а дали ти познаваш некој хомосексуалец вака или си препоставуваш. И од каде го даде заклучоков?
Да јас сосема слободно разговарам со хомосексуалци, само не им се допаѓа да го слушаат тоа што им го зборувам.

Биолошки родители е препорачано но не е неопходно. Може и без тоа или можеби сметаш дека треба да се оттарасиме од сираците?
За сираците не можеме да бираме. Повеќето од нормалните сираци сигурно дека нема да избереле да бидат сираци ако можеле да избираат. А во врска со хомосексуалните родители, можеме да бираме и да забраниме за на децата да им се овозможи да се раѓаат во нормални семејства со правилно воспитување.

Светската организација за психологија и психијатрија испадна со сатав дека "Хомосексуалните двојки се барем толку добри колку што се и хетеросексуаните родители.
Од кога тоа, од која година, а претходно колку години истата институција зборуваше за штетноста и девијантноста на хомосексуалната ориентација.
Исто така да ги повикаме сите доктори од светот, кажи ми дали 15% од нив ќе се согласат со тој став на светската асоцијација под контрола на центрите на моќ.
Во цела Азија, Африка, Јужна Америка нема да се согласат. А нема да се согласат и во многу од останати делови од светот, вклучувајќи ги барем 50% од државите во САД од каде дојде тој извештај. А тоа ти е барем 80% од светското население, од светската култура, од светската медицина.
Тоа што некој со свои извештаи сака да уништува нации е сосема друго прашање од она кое реално емпириската наука: психијатријата, медицината, социологијата, криминалистиката го потврдиле.
 
A

ateist

Гостин
искрено речено јас до сега несум слушнал вакво нешто.............

а еве сега имаме написмено ...........

ако е ова официјален став на МПЦ дај јавно нека го соопштат дека се ПРОТИВ

влегувањето на Македонија во Европската Унија
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
искрено речено јас до сега несум слушнал вакво нешто.............

а еве сега имаме написмено ...........

ако е ова официјален став на МПЦ дај јавно нека го соопштат дека се ПРОТИВ

влегувањето на Македонија во Европската Унија
Јас како обичен верник сум дел од Црквата, ама мојот став не е официјален став на МПЦ иако би сакал да е. Би сакал МПЦ да не води дипломатија и јавно да им го каже она кое секој свесен човек го знае. Европа ја изгуби подлогата под себе и без христијанство пропаѓа. Така можеме да помогнеме Европа да ја избегне пропаста.
 
незнам каква подлога под нозе изгубила Европа а ние сега дека ја имаме ама имало како велиш...опасност да ја изгубиме .

??????????

де биди љубезен ...прецизирај ...

нејасно е вака ...стварно ......

дефинирај подобро ...........да имаме за што да разговараме..........

што сме ние подобри од нив ?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мислам дека погоре во земениот цитат кај мене не е споменат технолошкиот развој. Технолошкиот развој е нешто добро, но треба да оди заедно со духовниот развој. А во ситуацијата технолошкиот развој е постигнат на штета на духовниот развој. Ајде за што повеќе да продаваме коли да ставиме голи жени покрај нив. Ајде за што повеќе да се рашири интернетот да пишуваме секакви глупости што се случиле во светот. Ајде за што повеќе читатели да имаме да ставаме слики од секакви шокантни настани. Ајде за да добиеме и навивачи а со тоа и спонзори да ги расоблечеме спортистките пример ракометарки. Значи за да има развој не се мисли на духовната штета.
Значи ти сакаш технолошки развој без наука и научници??? Докажано е дека наукаа и религијата се две спротивни страни и колку повеќе се гледа науката толку потешко станува да се верува во религијата.
Тоа е сосема погрешно. Имам правено пресметки. За сите луѓе кои живееле во изминатите 10 000 години само во Северна Америка има доволно простор и ресурси за одеднаш да живеат.
Не се азмарај толку со пресметки. Очигледно си заборавил прозиводство на храна и неопходни ресурси.
Па сега Стивен Хокинг вели, да се насочиме за колонизација надвор од земјата пред да се самоуништиме. Може и тој гледал стар трек.
А он рекол дека тоа ќе треба да го направиме денес, утре? Он има речено дека в неопредела иднина човештвото ќе има потреба да се делокализира од земјата, биди сигурен дека нема да ја имаме потребната технологија во наредните 200-300 години ни да извршиме колонизација на марс а камо ли на некој друг систем.
Никаде во ниеден политички извештај за Кина такво нешто не е речено. А знаеш колку сака западот да вади валкани работи од државите кои не ја следат неговата демонократија.
Да и затоа беше на сите вести таа одлука, а Кина молчеше.:pos2::pos2:
Една поединечна тактика не може да уништи империја. За да се дојде до Рим претходно е потребно многу пат. На секоја тактика има противтактика. Дури и инцидентно да е изгубен главниот град доколку имале желба ќе го поврателе Рим и ќе го обновеле со оглед на многу поголемите знаења со кои располагала во однос на освојувачите.
Една изгубена битка може да значчи победа или пад на една империја се зависи од битката. Многу често баш и тоа значело. Денес битка се добива со технологија не со војска како тогаш.

Русија е најдобар пример. И Русија беше на пат да се распадне се додека не сврти кон своите христијански вредности.
Дали Горбачов и Елцињ посветија внимание на христијанската култура на Русија. Многу малку. Што се случуваше со Русија - пропаѓаше. Дали Путин дозволи посилно влијание на Православната христијанската Вера во руското општество. Да дозволи. Што се случи со Русија - успеа да се поврати.
Русија никогаш не била на пат да се распадне, а сега состојбата и се подобри баш затоа што почна да ги следи европските принципи.

Разузнавачките извештаи тврдат дека само прашање на време е кога некој надвор од дозволените ќе дојде до нуклеарно оружје.
Фала богу може за 100 а може и за илјада години.:kesa:

Од зборовите на млади луѓе исфрустрирани од домашните состојби.
Да да и човек со фрустрации најреално размислува.
Ако е за присутно кај животните не значи дека е природно. Многу животни си ги јадат своите потомци, пример лавовите, дали е тоа природно и добро. За нас христијаните е јасен изворот на тоа, тоа е отклонувањето од доброто со првобитниот Адамов пад на светот.
Да баш тоа значи. Пред се ние сме животни, единствена разлика е стапката на нашата еволуција. А нашите слични видови никогаш не си ги јаделе малите па затоа и денес човекот не го прави тоа. Многу добро се знае што е природно а што не.
Негативните и рушителните последици од промените на културните основи допрва треба статистички да се потврдат, а оние кои се направени се прикриваат. Но можеш овде да прочиташ нешто од порано кога западната култура колку толку држеше до некои принципи. http://orthodox.blog.com.mk/node/155714
Да се разбира и блог е вистинско место да најдеш информации. Уште е и од црква направен.:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Штом е така ајде да ги пуштиме сите криминалци од затвор, бидејќи тврдат дека сите криминалци уште од раѓање имале некакви посебни раце.
Тоа не е точно. Со таквите обиди за докажуфвање баш се докажа спротивното.
Да јас сосема слободно разговарам со хомосексуалци, само не им се допаѓа да го слушаат тоа што им го зборувам.
Ха ха, ќе се убијам жити мене. Јас тврдам дека никогаш немаш разговарано со некој хомосексуалец(освен можеби со outboy на форумив).

За сираците не можеме да бираме. Повеќето од нормалните сираци сигурно дека нема да избереле да бидат сираци ако можеле да избираат. А во врска со хомосексуалните родители, можеме да бираме и да забраниме за на децата да им се овозможи да се раѓаат во нормални семејства со правилно воспитување.
Тоа сакав да го чујам. Ете го мешањето на црквата во другите фамилии. Реков добро сешто не ви одговара е лошо и на калда да се стави.

Од кога тоа, од која година, а претходно колку години истата институција зборуваше за штетноста и девијантноста на хомосексуалната ориентација.
Исто така да ги повикаме сите доктори од светот, кажи ми дали 15% од нив ќе се согласат со тој став на светската асоцијација под контрола на центрите на моќ.
Во цела Азија, Африка, Јужна Америка нема да се согласат. А нема да се согласат и во многу од останати делови од светот, вклучувајќи ги барем 50% од државите во САД од каде дојде тој извештај. А тоа ти е барем 80% од светското население, од светската култура, од светската медицина.
Тоа што некој со свои извештаи сака да уништува нации е сосема друго прашање од она кое реално емпириската наука: психијатријата, медицината, социологијата, криминалистиката го потврдиле.
Да истата институција ги напаѓаше порано но се развија нови норми и техники (со други зборови развој).
А азија и африка најде да збориш. Па отиди во некоја муслиманска земја и има на клада да те стават оти си христијанин и оти не веруваш во бога. А во јужна америка хомосексуалноста ти е добро прифатена во поголем дел од државите.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кон насловот од темата:

Недвослислено ќе пропаднеме. Ќе пропаднеме пред се на духовен план, оти и ионака веќе пропаѓаме, а влезот во Европа само ќе го забрза тој духовен пад. А ќе пропаднеме и материјално, оти тековните настани во Светов, мислам на финансиската криза која го зафати, ни доаѓа токму од такви наднационални и наддржавни заедници, каква што е и европската.

Нема дилема дека Македонија, порано или подоцна, ќе биде дел од ЕУ. Токму тогаш и ќе настанат најголемите икскушенија на овдешното православие: влезот во Европа редовно е проследен со исполнување на речиси неограничен број услови, со кои не би се согласил ниту здарворазумен атеист, а не православен христијанин. Влезот во Европа си има и своја цена: „морално„ ќе биде да се прифати нејзиното законодавство, кое веќе е навлезено „во црвено„. Македонија, т.е. незјиниот православен дел, ќе биде принуден за прифаќање негативни законски одлуки или компромиси, како што тоа го сторија дел од новите евроспки членки, кои, заради свој комодититет, прифатија се, па дури и помествањето на црковните датуми, со прифаќањето на минејот кој е две недели подоцна од тековниот. Македонците, како бројчано мал народ, ќе бидат ставени во ситуација на физичко изчезнување или културно асимилирање, кое веќе е очигчледно во оваа средина.

А за атеистие, влезот во ЕУ ќе биде добредојден, во тоа не се сомневам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom