Ден пред испит, учев со саати и си велам, ај да тркнам до продавница, да се излуфтирам и да си купам нешто за јадење. Доаѓам до каса и ја гледам ташната отворена, новчаникот го нема. Прво, не ми беше јасно како е можно, бидејќи сум многу self conscious кога станува збор за такви работи, внимавам постојано.
Дигнав узбуна, отидов позади кај шефот, гледавме на камерите...ништо нема, од таму право во полиција, си пријавив најнормално, си земав записник, па од таму диркент драјв дома, за да откажам дебитни и кредитни картички, банкарски сметки, возачката дозвола, студентски картички, членски книшки, ..... и се' останато на што можев да се сетам, бидејќи indentity theft е најлошо нешто што може да ти се случи.
Нит учење видов, нит одмор, нит сон, нит ништо. Ојдов на испит утредента, се враќам дома и не знам како се случи да ми падне во рака друга ташна. Кога што да видам, новчаникот фино лепо си стои во еден од џебовите. Ми идеше да се фрлам од тераса. :zid:
Па ајмо, оооо рук, пак иста процедура, да ги реактивирам дебитните и кредитните, банкарските сметки, да откажам истрага, итн. итн. Више дара него масло со мојов памет. Не, не ме ограбија, само чафка ми го ограби ак'лов. :nesum:
Ама важно си положив со 87%:smir: