Виктораниус, гадна работа друже.
Пред две три години си го оставам точакот пред компјутерница не го заклучив, онка сите внатре ги знам а и плус од внатре можев да го гледам точакот. И онака ја сум се заиграл и погледнувам го нема точакот, онака скренав почнав да трчам по улички да не го начекам случајно крадецот, ама јок. И си се враќам дома после три саата откако го изгубив и викам дома ми го украдоа точакот, и од таму татко ми ми доаѓа ме тапка по рамо и смеејќи ми вика: добар си. Тогаш си реков ќе го најдам па што сака нека биде.
И вечерта си искачам е гледам едно дете се вози со него. Го грабнав коа гледам не повеќе од 12 год, па ме молеше не ме тепај мал сум, и некако му простив. (мал беше не е за тепање)
Пред два-три месеца си седам у соба и слушам од таван нешто ми крцка, си викам ај ќе проверам, се приближив до вратичката и гледам двајца наркомани,(јбг кој живее у кисела вода знае како е) се симињам го будам татко ми и им се качуваме кога гледаш железо да ти краделе, појма неам али некако ни избегаа без да ги фатиме, а не ни земаа ништо. И ден денес кога ќе крцне нешто од таван се ежам.