Мене ми го имат крадено точокот 2 пати, ама го наоѓав.
Иначе пратете ситуација .....
Кај мене никој дома, моите отидоа на одмор и цела недела сам дома. И така една вечер се враќам со девојката од излегување, отклучувам врата кај мене дома и се качуваме горе. Седнавме во дневната, и го пуштив телевизорот ама без глас. И така седаме во мирна атмосфера и кога од спалната на моите да тропна нешто ама не обрнав многу внимание. После 1 минута уште еднаш тропна али овојпат многу посилно за разлика од првиот пат. И си велам дај да проверам, а пред тоа страв ме фати. Немав ништо до мене со што би можел да се бранам, па првото што ми дојде при рака беше трската на татко ми за ловење риби.
И одам јас така отварам во спалната, пуштам струјата и прво разгледувам од надвор. Потоа влегувам во внатре и се беше расфрлено фиоките отворени и чаршафот на земјата. Отварам во шифоњерот и ОП што да видам, циго со цела торбичка прибрал се, а мал беше некои 12-13 години. И си го вадам јас така кеефски од шифоњер си го носам надвор во ходникот и циго ми избега во дневната, а таму седеше девојками која беше престрашена. Циго почна да ми бега околу масата а јас па лудак почнав да го бркам, и цело време додека ја вртеше масата ми викаше " Абе баткууу само лепче терааах ". И кога си го фаќам, си викам ела сеа лепче да ти дадам. Толку многу сум го тепал што на крај се онесвести и го турнав по скалите надолу. Остајте друго и јас се престрашив си викам сеа ако можев да го убијам сум го наебал.
И одам накај телефонот вртам амбуланта и типците доаѓат со полиција за неполни 5 минути. Цигото во болница 2 недели ребра скршени, а јас во притвор цела вечер сам на 16 години. Утрото среќа дојде девојками со татко и и ме извади.
Ни крив ни дужен, со обид да бидам ограбен, јас бев во притвор цели 8 часа мамата .....
Е тоа беше единствениот обид за да ме ограбат на големо.