Како помал т.е. копиљ, цела соба излепена со NBA кошаркари, од Тони Кукоч до Шон Кемп и Џон Стоктон. А братучед ми кој е 8-мо одделение пред некој ден го прашувам за постери и ми вика - "Тоа е одлика на пониските класи" и ми идеше да му врзам еден шамар. Се зачудив просто колку дегенерирани станале новите генерации. Па сега речиси и се нема детство како што ние имавме. Не е во ред тоа.
Секако дека да Неможам да замислам да станам од кревет без да погледнам кон постерите на Федерер ( најголем идол и моите омилени бендови. Многу сум горда и на огромниот Саут Парк постер што ми виси над кревет кој ми го купија друштвото за роденден. Подобар роденденски поклон амин
Порано лепев постери, сега не. Памтам дека лепевме со брат ми од фудбалери и од НБА кошаркари, и тоа оние постери што беа од списанието Наш Свет ( не знам дали уште се издава), и оние постери од списанија од весници за време на светски и европски првенства. Еее то беа времиња.:wink:
Имам многу постери во мојата соба од играчите на Јувентус нивни интервјуа разни сувенири кои ми стојат на сталажите две големи и едно мало знаме исто така од Јуве еден голем постер од Металика и едно големо знаме од Диму Боргир. сеа за сеа толку за понатаму,здравје :smir:
Порано во куќата,пред да се преселам собата беше полна со постери.Од се имав,од фудбалери,групи,пејачи,глумци....,а сега кога се преселив немам ниту еден постер.
значи јас лепам постери најчесто од тоше,од фубал и некоја природа поубава ако се најде
неможам да ставам слика дека реновираме моментално,но кога ке се среди ке сликам да видите
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.