Не сум пишал изгледа какви јас постери имав на времето во стариот мој стан во соба. Кога беше актуелен тој Браво тинејџерското списание ама не ова српсково туку германското. Се купуваше само заради постерите и заради подарок некој затоа што германски не ни знаевме да читаме а ни денес не ни знам. Упс да не заборавам и моментот гола тинејџерка и тинејчер во некоја си рубрика доктор нешто беше кај што комплет им се гледаат половите органи
но по некое време тоа го укинаја.
Да преминам на постерите. Од тоа Браво списанието ќе издвојам еден мега постер кој го имав со повеќе легендарни рапери Тупак, Ноториус Б.И.Г мислам го имаше, Еминем и уште некој. Брат ми беше рапер и тоа филмот му беше па и јас поради него засакав рап музика.
Тој постер беше единствен кој ми беше драг постер у соба што сум го имал.
Сега веќе пораснат 28 години не би ставал постери во соба помина таа фаза во мојот живот, голем пораснат и не личи во соба да имам постери од да речеме пеачи, спортисти, актери.. Можеби би ставил пак постер некој нешто од филм, некоја типографија и слично само ако е урамен и квалитетно направен а не од списание тенка хартија кој е свиткан во среде затоа што бил захефтан во самото списание како две страници.