Сите заминувате затоа што надвор од Македонија наводно има подобра економска состојба? Колку овде толку насекаде од кризата. Да претпоставиме наоѓаш работа со солидна плата, ама станот, колата, храната, гардеробата и што уште не (ако не и вечерните излегувања) колку ќе те чинат? Ела надвор од Балканов најди дете што игра бркана по улици дури не им текни на родителите да го приберат дома, или малолетници да скитаат после полноќ. Па макари пред 12..без заштита од некој повозрасен. Најдобрите години овде се поминуваат најдобро. После студии и онака почнува да боли глава за финансиски проблеми, само што надвор од овде имаат подобри апчиња за глава.
А living the American dream го има само на филмови и на рекламата на емтиви за зелената карта. Бегате за подобра иднина и, повеќе среќа, а среќата со пари ќе си ја купите?