ma sega ne mi treba nikoj ednas da se smiram dobro sega pred se mi e kerka mi drugo nisto da i obezbedam srejkno i bezgrizno detstbo
Ќе си дојде се'. Не се мачи со тоа. Сега најважна нека ви биде благосостојбата тебе и на ќерка ти. Полека да се надоградуваш во својата кариера и така, ти и ќерка ти ќе си имате повеќе. А што е до љубов, ќе си излезе нешто пак. (со надеж и многу подобро)
Не е крај.
Но немој да се плашиш и да го избегнуваш тоа што ти се случило до сега, прифати го и гледај го како важно искуство во твојот живот. Нема да биде едноставно, но ќе ти помогне да решаваш други проблеми и полека ќе се нучиш да процениш од каде доаѓа тоа негативно влијание. Дека проблем е проблем, но со нервози и со апчиња не се средува туку се продлабочува јазот во којшто влегуваш сама и се лишиш од тоа да си размислиш од каде доаѓа проблемот и што ти треба да се потрудиш да направиш прво за да се среди. Ако не, ќе пристапиш по драстрично и тоа е тоа.
А ако ќерка ти те праша што и како околу случајот кога ќе потпорасне, твое е да ѝ кажеш и да ѝ објасниш. Не да дојде до тоа да го навредуваш бившиот маж, оти детето може да си состави свое општо мислење и после ќе биде полошо. Туку само кажи ѝ зошто тоа што се случило не е праведно и зошто не се издржувало.
Кратко и јасно, да ` кажеш дека треба да почитува луѓе, за неа да ѝ биде совеста мирна, а тие што нема да ја почитуваат па и намерно, таа за нив да биде жилет. Оти еден си е животот и не вреди да си го уништиш за некои туѓи интереси што нема намера да има ниту барем почитување према тебе. Поздрав.