Викаат дека со човек можеш да се разбереш и да живееш во склоп на една заедница само ако ги прифатиш неговите маани и доблести.Сепак човек не е човек ако нема и лоши страни во својот карактер.Карактерот се стекнува со годините така да мое лично мислење е дека тој не се менува.Не за џабе е онаа поговорка `Вук длаку мења,али чуд никада.`
До сега никој не побарал од мене да се сменам а и јас не сум побарала од никој такво нешто!Ако дојде до не согласност тоа може да се реши со муабет.Ако ми семета нешто кај некој обично го нагласувам тоа и едноставно барам да не е зачестено и да не се повторува,а личноста да го искорени тоа не верувам и обратно!Моите две најголеми мани се тврдоглавоста и инаетот,многу ретко се воздржувам за овие две особини ама луѓето околу мене се веќе навикнати ,а тоа многу ми помага!Понекогаш и губат трпение кога се работи за тоа,ама зошто им значам се е многу полесно,се разбираме меѓусебно и се сакаме
И заклучок...и да сакам не би можела да ги сменам моите особини колку и да се трудам!А до сега не сум сакала за никој да се сменам,кој ме сака,ќе ме сака таква каква што сум!Ако сум поинаква тогаш не сум онаа истата Марија!