Не сакам оправдувања од типот - таков сум и не се менувам.
Некогаш не барам луѓето да се менуваат, никој не може целосно да се смени, туку битен е фактот дека луѓето се прилагодуваат едни на други.
Би се менал само за тие што ги сакам, затоа што секако, мислењата на некои кои не ми значат не ми се ни битни.
Фала Богу што луѓето кои ме опкружуваат ги знам дури од времето кога се оформува карактерот и не се луѓе кои не можиш да ги трпиш, добро, во одредени ситуации го има и тоа, ама се луѓе фини на место.
Јес да се сите егоистични копилиња, ама и јас сум еден од нив, па зш да се лутам, ко така треба и сам себеси да си се лутам.