Дали би прифатиле да се смените за некого?

Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
карактер неможам да сменам и да сакам...а би се потрудил да сменам некое свое гледиште или навика ако видам дека на некој што му значам му смета истото...да речеме дека би направил одстапки
 
Член од
24 октомври 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
Карактер на 20 години не се мења али се мењаат лошите навики, лошите постапки и работи во животот што сум ги правел до тогаш и ако на личноста што ми значи ми ги воочи тие мои лоши навики спремен сум одма без размислување одма да ги тргнам тие од мене...се разбира дека ќе има многу поголеме разбирање и дека тој потег многу ке значи и за двајцата со што односот ке се доведе во многу поблиска,позитивна состојба :wink:
 
Eufrat Kurajber

Real cigan from da hood.
Член од
4 декември 2009
Мислења
341
Поени од реакции
12
Зависи за шо станува збор.. не можам јас да се менам за се и сешто и у се на тој шо му одговара.. ха..
 
S

stereo m'c

Гостин
Зависи што и за кого треба да се смени....доколку повеке луге укашуваат дека нешто не чини кај самата персона дефинитивно ке мора да се смени....доколку личноста што го бара тоа те цени и те сака сигурно ти мисли добро и тоа што не чини кај тебе ке го смениш за да бидеш подобра личност без разлика дали е тоа однесување лоши навики или било што.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
ете некој друг inside of me ме тера да се менвам ... и почнувам да го случам помалце
 
С

Сатори

Гостин
За некоја исклучителна личност, можеби и би можела.
Не затоа што така ќе одлучам, напротив, затоа што таков ќе биде природниот тек на настаните.Навистина би било трагично ако останам истата личност цел мој живот, зошто само промената може да донесе надградба.
 
vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Јас се сменив за таа личност што мислев дека е исклучителна и на крај си завршив со нож во грб. Сега не се менувам за никого кој ќе ме сака ќе ме сака таква каква што сум а не да ми поставува услови што треба да променам па и толку да ме сака нека се смени тој за мене. :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Само за себе со тоа и за другите.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас се сменив за таа личност што мислев дека е исклучителна и на крај си завршив со нож во грб. Сега не се менувам за никого кој ќе ме сака ќе ме сака таква каква што сум а не да ми поставува услови што треба да променам па и толку да ме сака нека се смени тој за мене. :)
Ти мислиш дека си се сменила, но во себе си знаеш дека не си се сменила. Можеби само некој моментално влијаел на некои твои одлуки, но сигурно не си се сменила. Ќе знаеш кој те сака само ако бидеш она што си вистински. Некој кој ќе те сака ќе знае да ја почитува твојата личност и нема да сака да ја промениш.

За некоја исклучителна личност, можеби и би можела.
Не затоа што така ќе одлучам, напротив, затоа што таков ќе биде природниот тек на настаните.Навистина би било трагично ако останам истата личност цел мој живот, зошто само промената може да донесе надградба.
Промената на што може да донесе надградба? Промената на личноста? Тоа не се менува. Останува трајно засекогаш. Само можеш да го прикриеш пред некого, но кога-тогаш ќе ти дојде преку глава да ја криеш вистинската личност. Тогаш е гадно што ќе изгубиш многумина, многумина ќе разочараш...но тогаш барем ќе знаеш дека луѓето што ќе ти останат те ценат како личност. И не вреди да пробуваш да се смениш поради некого, и онака нема да успееш.;)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Во некои работи да ако ми речат повеќе луѓе.. Ама за банални глупости не.. Ти си живееш едноставно за себе не за другите и многу е погрешно да се обидуваш да им удоволиш на сите..
 
С

Сатори

Гостин
Промената на што може да донесе надградба? Промената на личноста? Тоа не се менува. Останува трајно засекогаш. Само можеш да го прикриеш пред некого, но кога-тогаш ќе ти дојде преку глава да ја криеш вистинската личност. Тогаш е гадно што ќе изгубиш многумина, многумина ќе разочараш...но тогаш барем ќе знаеш дека луѓето што ќе ти останат те ценат како личност. И не вреди да пробуваш да се смениш поради некого, и онака нема да успееш.;)
Карактерот на личноста не е издлабен во камен и фала му на Бога што е така, напротив се молдира со текот на годините, искуствата, знаењето кое што може да се стекне носејќи погрешни и правилни избори и да, запознавајќи луѓе кои што со своето присуство влијаат врз градењето на истиот тој карактер.
Јас во ниту еден момент не зборував за криење на себе, тоа го прават кукавиците и манипулаторите кои што се мразат себе, не вистинските луѓе.Да се запознае некој, некои луѓе кои што вредат за да надградиш себе, во тој случај можеш да се сметаш за среќен човек затоа што ги познаваш.
Патем, се што се сака се може, крајно ако не си моќен да се смениш себе, како би менувал било што друго? :coffee:
 
Јас и ти зборуваме за различни работи. Можеш да се смениш во смисол да бидеш помудар и да научиш да бидеш пострплив, да научиш како да постапуваш во одредени ситуации и сл. Ама никогаш нема да успееш да го промениш она што си ти. Она што е во тебе. Ако ти си личност склона кон експериментирање (ова е онака само пример, не велам ништо конкретно за тебе) колку и да бидеш мудар, паметен и не знам што, ти ќе експериментираш и колку и да се обидува некој да го смени тоа од тебе, нема да успее. Можеби ќе успее моментално, или можеби ти ќе успееш да помислиш дека се променуваш. Но кога ќе ти здосади и ќе ти зоврие пак ќе почнеш да експериментираш. Јас не зборувам за промена во смисол на мудрост, созревање, учење на вистински вредности, туку за промена на нешто вродено.
Ако пример ти се интересираш за уметност и си уметничка душа која постојано си ја бара својата инспирација, колку и да се обидуваш нема да успееш да се смениш. Привремено да, но до кога? Додека не почне личноста во тебе да врие и да се бунтува од тоа што се обидуваш да ја поттиснеш да дојде до израз.
Мислам дека се сфаќаме, нели? Ако не, слободно пиши ми на профил за да не ја уништуваме темава која сметам дека е преубава и лежи доста дискусија;)
 
Токму така, има за што да се дискутира и токму тоа го правиме, дискутираме. :)
Разбирам комплетно што сакаш да ми посочиш само што не се сложувам со тебе во изјавата, затоа што јас не верувам дека карактерот на човекот е нешто вродено, туку нешто што се гради низ истите искуства за кои што погоре зборував.Тука се разидуваме. :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Низ искуствата само учиме нови работи, но карактерот нема никогаш да се промени, колку и да посакуваш да го направиш тоа.
Сите се раѓаме со „празна“ глава така? Со искуства ја полниме полека таа празна глава и се пополнува полека. Со доволно искуство можеш добро да процениш што е добро, а што лошо за себе. Повеќе искуства, повеќе знаење, повеќе мудрост што би рекле старите:) Но таа мудрост нема да ја натера личноста во тебе да се промени. Само ќе стане помудра. Еве да речеме дека го имаме Петко. Петко е склон кон музика. Тој различно (читај на повисоко ниво) од другите ја перцепира музиката која ја слуша. Може да пронајде музика секаде. Полни 20 години и тој проживеал многу искуства. Тој знае многу работи, се посветил на музиката која ја слуша во себе. Петко ја наоѓа Петкана и се заљубува во неа. Но Петкана бара нешто од него. Да се промени. Да и` се посвети само нејзе, а не на музиката во својата глава. Петко размислува некое време и почнува да се променува. Почнува да ја игнорира музиката во својата глава. Заедно се со Петкана и основаат семејство. Поминуваат доста години. Доста време. Но една вечер Петко се буди од сон. Станува и не може да се смири. Полудува од музиката која ја слуша во себе. Не може да слушне ништо друго освен музика. Сфаќа дека мора да ја извади таа музика од себе, да ја пренесе. Но има еден проблем, Петкана. Таа нема да сака да го направи тоа.
Дали Петко се променил или само пробал да се промени?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom