Неколку кратки впечатоци за натпреварот од местото на настанот:
1. Атмосферата солидна на моменти и одлична. Отприлика 50/50 беше меѓу македонци и словенци и тоа даде посебен шмек на натпреварот.
2. Многу пофалби за Раул, факт е дека го доби Вујо тактички во некои ситници но лично немам впечаток дека е ова негова победа. Лесно можеше да биде и пораз на негов товар со изоставувањето на Ојлески на сметка на Поповски и Велковски кои чисто сумњам дека ќе влезат во игра освен ако некој се повреди. Повеќе би рекол пораз на Вујо, се изгуби тоталка туку се фаќаше за глава и немаше никакви решенија за да им го освежи нападот.
3. Реално салам ја надигравме Словенија, дури и во прво полувреме. Натпреварот беше тесен само заради преголемиот број утнати зицери. Целта на нападот е да се креира добра чиста шанса за гол.Дали ќе се погодат или не шутевите е друга приказна, некогаш треба и малку среќа. Тоа со исклучок на 10тина минути во второ полувреме го имавме. Словенија имаше многу повеќе проблеми.
4. Столе man of the match за мене, изгина напад одбрана. Од останатите би рекол пристојни партии од повеќето. Манасков беше катастрофа без разлика што даде некој гол во второ. Талески јас не би го пцуел мислам ок одигра 55мин напад одбрана против овие касапи не е лесно. Во одбрана главно газеја со Јоновски, во напад Скок му скина неколку солидни шута тоа е. Георгиевски, Миркуловски, Прибак сосема коректни. Митревски не спаси да не потонеме. Борко стандардно ужасен.
5. Ако за Поповски и Велковски знаеме дека ќе подаваат крпи, нејасно е зошто Кузмановски не играше. Мислам дека имаше што да пружи против екипа како овие.
6. Словенците со Вујо се најголеми касапи во цела Европа. Реално искинаа во одбрана. На толку исклучувања пак да се држиш не е лесно. Ама во напад целосно безидејни. Само Зарабец глувчето нешто играше и донекаде Благотиншек. Се друго очај. Крилата ги заборавија дека постојат - а какви крила имаат. Кавтичник дедото како на туризам дојден не знам дали погледна кон голот. Безјак нула, во клопче ставен, не мрдна. Млакар даде некој гол па се изгуби тоталка... Само Скок ги вадеше особено во прво со тие скинати зицери. Не знам што судбина ќе беше само против нас брани.
7. Германија - Црна Гора, што да се каже, германците одлични, смирено полурутински ги искористија сите слабоати на ЦГ. Но пред се тешкиот пораз е резултат на очајот во напад на црногорците. Тие подолго време се во принцип дефанзивна екипа, во напад се вадат на шутерите пред се Борозан. Без него не се за на ЕП. Крила ужас, слаби пикери, просечни и потпросечни средни и леви бекчиња. Само десните бекови нешто им вредат. Ако играме одбрана како со СЛО, лесно ќе ги решиме мислам.
Поздрав од Загреб