Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Јас и понатаму верувам дека ова е одлична можност за задкулисно пазарање со интервенција во Уставот која им ја поплочува донесување на нов грб, затоа ДУИ си ќути, а народот се знимава со бојата на лавот. Нема да се изненадам дека во пакет со промена на грбот ќе влезе и промена за бирање на претседател на државата, нешто кое сигурно е доволно добар пазар за Албанците. Дај Боже да грешам.Чувството на напраситост, брзоплетост и некаква скриена намера сето ова да се истурка набрзина го зголеми и информацијата дека предлогот е веднаш ставен во процедура од страна на владата, што само додаде "масло на оган" и го зголеми сомнежот за некакви тајни и заткулисни договори, агенди и сл. за кои веќе споменавме и јас и други на темава.
Ова е многу битно да ги расчисти сите дилеми, затоа очекувам од Здружението да се потруди ова да го приложи до јавноста. Нема поента да продолжуваме со “напамет“ дискусија.- 13 пати со ЦРВЕН ЛАВ НА ЖОЛТО ПОЛЕ
- 11 пати со ЖОЛТ ЛАВ НА ЦРВЕНО ПОЛЕ
Е сега би било пожелно оваа информација или Јоновски, или било кој друг овде да ја поткрепи со:
- сликовен приказ на истите
- со инфо за тоа каде и кога се јавуваат овие црвени лавови на жолто поле
- дали се работи за ЗЕМСКИ грбови на Македонија во сите 13 случаи, или за грбови на Филип или Александар македонски
- дали истите се ПРЕД или ПОСЛЕ изданието на Витезовиќ
Она што е интересно е дека и во посоченава дебата погоре, околу 6:45 минута гостинот Игор Аврамовски Александров споменува дека и самото Здружение на хералдичарите на својата веб страна на некој начин признава дека Витезовиќ го внесува пресвртот после кој грбот на Македонија почнува да се претставува со црвен лав на жолто поле, наместо жолт лав на црвено поле.
Дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историскиот земски грб на Македонија посочувал и самиот Јоновски, којшто е цитиран во првиот пост што се однесува на предлогот за грб на Македонија на блогот iMacedonian којшто веќе беше споменат на темава.
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post.html
Јас вака разбрав, иако пак не сум сигурен од излагањето на Величковски, досега генерално било прифатено тоа што го напишал Матковски врз основа на тоа што му било нему достапно - жолт лав на црвена основа.Со тоа дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историски потврдениот земски грб на Македонија се согласила и проф. Снежана Филипова во дебата околу хералдиката и македонскиот грб уште во септември 2009 година:
И овој став беше вака преземен дури и од Хералдичкото Здружение и останатите.
Дури оваа година после поопсежно истражување и вклучување на други извори беше дојдено до нови информации, односно:
- “Пресвртот“ кој се верувало дека Витезовиќ го направил, всушност не се ни случил, тоа е дополнително поткрепено со цитатот-објаснување под грбот од самиот Витезовиќ од кој читаме дека тој предупредува за поранешната забуна за грбовите меѓу МК и БГ, што значи дека свесно внесува “исправка“ - црвен лав на жолта основа за МК.
- Црвениот лав затоа се наоѓа на дела многу постари од тоа на Витезовиќ
Заклучок, во недостиг на информации Матковски не можел да напише поинаку, а препишувачката “научна“ фела досега никогаш не се занимавала со вистинско истражување и се крепела само и исклучиво на тоа што го напишал Матковски тогаш.
(оставам простор да грешам, нека ме исправи Јоновски дали добро сум го разбрал г-динот Величковски)