Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post_26.html

[DOUBLEPOST=1418174249][/DOUBLEPOST]Ама поубав е жолт лав..да се не лажеме...Навикнати сме на него...
И пак ќе биде жолт лав за сите вистински навивачи на натпревари,ќе биде се уште жолт лав на шалови,транспаренти,знамиња...
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
702
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post_26.html
49][/DOUBLEPOST]Ама поубав е жолт лав..да се не лажеме...Навикнати сме на него...
И пак ќе биде жолт лав за сите вистински навивачи на натпревари,ќе биде се уште жолт лав на шалови,транспаренти,знамиња...
Еве ја целата статија. Истото што го пишувам тука и ме бришат некој се сетил да го стави во блог. Браво!
Сепак она што, според мене, фрла дамка е криењето од македонската јавност дека предлогот за нов грб на Република Македонија е правен според припишан грб на Александар Велики. Ова ме потсетува со случајот на официјално именување „Воин на коњ“ на статуата на Александар Велики на плоштадот во Скопје. Се поставува прашањето зошто е сокриена поврзаноста со Александар Велики на предлогот за нов грб на Република Македонија? Поради можна реакција од Грција, на што укажав во претходниот напис, поради избегнување на наводно етикетирање за „антиквизација“, или поради нешто сосема трето?
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post_8.html
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Еве ја целата статија. Истото што го пишувам тука и ме бришат некој се сетил да го стави во блог. Браво!
Секако дека се радуваш кога токму тоа беше вашата цел, да внесете сомнеж и да дискутирате за споредни работи, отколку да им го препуштите моментот задоволство на Македонците.

Цитат од блогот:
Се поставува прашањето зошто е сокриена поврзаноста со Александар Велики на предлогот за нов грб на Република Македонија?
Браво за тебе штипјанец' и штета за нашите кои сеуште патат од немање основно знаење и се лесна мета на пропагандите, па залудно е тоа што водат патриотски блогови кога истовремено велат дека не им било познато дека Грбовите со Лавот му биле припишани првенствено на Александар Македонски. И сега се многу изненадени, никој порано не им кажал.
Тоа е исто срамота како да не знаеш од каде потекнува сонцето од Кутлеш, го користиш цело време и после 20 години откриваш сопствена историја. Трагикомедија.

:facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
718
Поени од реакции
604

Отсекогаш имаме ист симбол на земскиот грб


Новиот владин предлог за државен грб, хералдички црвен лав на златен штит, предизвика лавина реакции во јавноста. „Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе се обиде да даде исцрпни и стручни одговори на некои од дилемите што се појавија, како и информации за генезата на македонските државни симболи низ историјата







АНАЛИЗА: МАКЕДОНСКИТЕ ГРБОВИ НИЗ ИСТОРИЈАТА (1)

Македонија е парче земја во која од искона досега може да се најдат разновидни симболи аплицирани на разновидни предмети. Од озлогласената свастика, која во светот ја врзуваат со нацизмот, а кај нас како симбол на бесконечност се среќава од антиката, до разновидни претстави на орли, сонца, мотиви од флора и фауна, па сѐ до петокраката, која како симбол со идеолошки предзнак Македонија ја користеше последна во Европа и по падот на комунизмот. На почеток, без да навлегуваме во научно дебатирање за проблемот ќе се обидеме да дадеме фактографско видување за лавот, кој е своевидна историска константа за претстава на грбот на Македонија. Тука не постои алтернатива како што посочуваат хералдичарите во примерите со Србија и Бугарија. Нашиот источен сосед долго беше во дилема дали земскиот грб да им биде глава на вол со крст меѓу роговите, три хоризонтално поставени круни или лав. Српскиот грб, пак, се кршел меѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила пред да биде дефиниран.

Земскиот грб
бил секогаш лав


Според професорот Александар Матковски, кој во седумдесеттите години на минатиот век научно се занимавал со изучување на грбовите врзани за Македонија, македонскиот земски грб секогаш типувал на лавот. Грбот низ средновековието ги имал сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правила. Во науката до пред некоја година важеше уверувањето дека македонскиот грб првпат се сретнува во таканаречените „Илирски грбовници“ што почнале да се јавуваат од крајот на 16 век, па сѐ до 19 век. Како прв грбовник се појавува оној на Петар Охмучевиќ, кој како и другите преродбеници зафатен од напредните идеолошки текови што се јавиле тогаш во Европа и на Балканот и како страстен приврзаник на „илирската идеја“ не можел да го изостави македонскиот народ. Затоа во хералдичките „Илирски грбовници“ напоредно со српскиот, бугарскиот и со хрватскиот грб го става и македонскиот и на тој начин хералдички ја истакнува индивидуалноста на секој од овие народи одделно.

Нови откритија

Македонските хералдичари неодамна ги поместија границите на овие тврдења. Во последните истражувачки успеси на домашните хералдичари границите за првите грбовници каде што го има и македонскиот се поместени во 1481 година. Имено, станува збор за „Животот и делото на Александар Македонски“ од Французинот Вилем Верланд и слична книга од 1572 година од Жером де Бара, каде што црвениот лав на златно поле е илустриран како грб на Македонија. Следуваат редица средновековни грбовници каде што во игра најчесто се црвената и жолтата боја на лавот како амблем или штитот на кој е аплициран. Владиниот предлог коинцидира со грбот на Разловечкото востание од 1876 година. Веднаш по донесувањето на владиниот предлог во јавноста почнаа да се изнесуваат разни тврдења дека станува збор неавтентично решение или, пак, копија на бугарскиот грб - златен лав на црвено поле, кој како таков беше брендиран во 1998 година.


Во повеќе од 50 отсто од македонските грбови низ историјата преовладува црвен лав на златно поле фото: Игор Бансколиев
- Ако помисливте дека златниот лав на црвена основа е можното решение за Македонија, заборавете - нашите политичари ја испуштиле можноста тоа да го сторат до 1998 година, кога стана грб на Бугарија - вели Јован Јоновски, македонски експерт по хералдика.
Според неговите кажувања, боите на земските грбови на Македонија и на Бугарија, боите на полето на штитот и лавот, златната и црвената се често заменети. Така, во стематографијата на Жефарович, кој долго време бил единствениот хералдички авторитет на овие простори, за Македонија е претставен црвен лав на златно поле, а за Бугарија златен лав на црвено поле, од каде што е земен за грб на Бугарија од 1879 година, кој опстана како грб на Бугарија до 1949 година, кога полето на штитот посини. По промената на системот, Бугарија го затвори прашањето на грбот со практично преземање на грбот на царска Бугарија во 1998 година. Со тоа конечно заврши можноста и Македонија да го има златниот лав на црвено поле.
На исто мислење е и неговиот бугарски колега, претседателот на тамошните хералдичари Стојан Антонов, кој изјави дека владиниот предлог и официјалниот бугарски грб хералдички немаат никаква врска и оти станува збор за сосема оригинерни решенија.
- Ние немаме домашни извори. Да имало тука хералдика, која ќе кажела дека имало точно таков грб. Кога се ослободила Бугарија во 1878 година, зеле од стематографијата на Христофор Жефаровиќ - таму е златен лав на црвено, оттука го земаат и оттука тој станува бугарски. Оттаму почнува и хералдичката историја. Истото време во истата книга го има и македонскиот грб - црвен лав на златно. Ако тогаш била создадена и македонската држава, паралелно со бугарската, сигурно нејзиниот грб би бил лавот - изјави Антонов.
Домашните експерти тврдат дека црвениот лав на златно поле во досега откриените претстави на македонски грбови е застапен во повеќе од педесет отсто, а станува збор за над триесет историски извори.

Со новиот симбол - обединување на сите граѓани

Црвен разгневен лав во златножолта боја со круна во форма на тврдина украсена со бисери и рубини, кои го симболизираат републиканското уредување на државата. Ваков е предлогот за новиот државен грб, кој, според Владата, треба да постигне обединетост на сите граѓани.
- Целта е да се истакнат и да се прикажат суверенитетот и интегритетот на државата. Со овој грб Македонија ќе се вброи во семејството земји со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за иднината, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол што не носи никаква поделба по ниедна основа во себе - стои во предлогот на Владата.
За прва официјална претстава на лав во грб за државна употреба се смета британската лоза Плантаџенет од 1127 година. Оттогаш тој се сретнува во безброј хералдички видови и форми што се користат како амблем од држави, кралски семејства, семејни грбови или поединци.

Трети во Европа
со „републиканска круна“


Според хералдичарите, круната е симбол на кралски или царски суверенитет, но постојат три исклучоци, кои станале правило круната да ја користат и земји со републикански систем на владеење. Станува збор за следното: републиканците во Шпанија меѓу 1936 и 1939 година го земаат за свој грб стариот кралски грб на земјата, само ја менуваат царската круна со мурална или, кажано со други зборови, ѕидана, која дотогаш била предвидена најчесто за градови. Истото го прави и Австрија по распадот на Австро-Унгарија. Па, по некоја логика, ние би биле трети во Европа што би го сториле тоа. Инаку, првпат муралната круна е употребена како симбол на Ерусалимското Царство.

извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121014101123&id=9&prilog=0&setIzdanie=23343
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Прво да не ме свати некој погрешно но мојот коментар ќе биде еден само еден овде како прво во хералдиката постои закон кога се создава штит и грб треба да има пропорционално и чисти линии со кои се застапува рамонотежа во дизајнот и во квалитетот на грбот... Но со овај грб не гледам ни рамнотежа ни пропорција ова е плукни залепи онака само да стои како амплем ништо друго... Барем да дадеа оглас за дизајн на грб на РМ во Македонија далеку постојат луѓе кои можеа да направат грб подобар од ова што е сега замислено ( плукни залепи)... Но некој си ги лапнал парите без да знае кај отидоа. Толку само ако има реплика на мојов став ќе враќам...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во врска со круната, Витезовиќ под грбот напишал дека “Privavit magnum diademate Turca leonem“ - “Големата круна била лишена од Турците“ (слободен превод)
И тоа е доволно за идниот македонски лав на гербот да нема круна?
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Прво да не ме свати некој погрешно но мојот коментар ќе биде еден само еден овде како прво во хералдиката постои закон кога се создава штит и грб треба да има пропорционално и чисти линии со кои се застапува рамонотежа во дизајнот и во квалитетот на грбот... Но со овај грб не гледам ни рамнотежа ни пропорција ова е плукни залепи онака само да стои како амплем ништо друго... Барем да дадеа оглас за дизајн на грб на РМ во Македонија далеку постојат луѓе кои можеа да направат грб подобар од ова што е сега замислено ( плукни залепи)... Но некој си ги лапнал парите без да знае кај отидоа. Толку само ако има реплика на мојов став ќе враќам...
Добро па и ти не е толку лош...Убав е...Али се согласувам дека треба да има повеќе верзији на масата а не само една...
 
Член од
8 декември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
значои се зачленив само за да напишам...... абе упорно се правите улави и покрај мозок и очи и логика и све. значи 20 пати братот сака да ви посочи вие пак. сите знаете и зошто не пишува александар велики и зошто се крие и све ви е јасно, ама не, ко слепци истото верглате. толкав споменик на плоштад име нема, па за ова. па нормално дека нема да се каже јасно и гласно дека е на александар! аман толку ли не ви фаќа црпката!!!??

и јасно ви е гарант и со комбинациите на бои и со све, ама не, пак пусти македонски инат. ало бреее, се мавате во гради македонија во срцето и сл. а брмчите овде дека требало да биде златен лав! па ало бреее, па тоа чекаат, па така го признаваме нивното "сштиот народ"!! и јасно ви е сигурно ама не... пак верглај верглај!!!!! цццццццц

само да се мрчело. аман бе луѓе веќе, аман! има ли едно нешто што ви се погодува!?!! има ли!??!!? бреееј!!!!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И тоа е доволно за идниот македонски лав на гербот да нема круна?
Не знам што е потребно нити што е доволно, а веројатно нити ти самиот, само за секој случај ќе кажеш дека е обратно.
Тие на кои им е ова работа, знаат што прават.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
http://en.wikipedia.org/wiki/National_emblem_of_the_Republic_of_Macedonia

2014 proposal
On the 5th of December, the Macedonian government proposed a new heraldic design which would replace the old communist-era arms. According to the president of the Macedonian Heraldry Society Jovan Jonovski, the new coat of arms is based on an illustration from Jerome de Bara (1581).[15]The illustration from de Bara's book "Le blason des armoiries" depicts the coat of arms of Alexander the Great.

 
Член од
8 декември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
3
И јас се зачленив за да дадам коментар за решениото за новиот грб.

Немам ништо против идејата новиот грб да биде претставен како црвен лав на златен штит, иако според мене многу посреќно решение ке беше обратното - жолт лав на црвен штит. Можел да биде претставен без круна, со двојна или тројна опашка. Сеедно, ќе се разликувал од бугарскиот, кој води потекло исто од Александар Македонски. Нема да ја развлекувам потребата на Бугарите да се поистоветуваат со се македонско (јазик, писмо, култура, фолклор, грб), едноставно не мислам дека треба да се потклекнува под тој притисок и да се отстапува од тоа решение. Еден ден ќе се свестат и тие и ќе си ги земат назад своите историски исплезени крави за свое решение задржавен грб - па ќе дојдеме до ситуација жолтиот лав со црвен штит да биде хипотетички засекогаш изгубен.

Настрана тоа, морам да изразам жалење дизајнот на новиот грб што не кореспондира со модерно графичко решение. Од графички аспект морам да реагирам на претераното преливање и сенчење на боите, круната, тродимензиналната рамка на штитот и на самиот лав кој наликува на графичко решение на некоја сликовница. Што ќе се случи кога ќе треба да се изведе на дводимензионален принт, кога сето тоа ќе биде технички неизводливо? Лавот е диспропорционален, накривен и без рамнотежа. Горната половина на лавот е предимензионирана во однос на долната, па горните екстремитети изгледаат поголеми во однос на долните. Сето тоа на дводимензионален принт, како на пасошите ќе биде технички неизводливо и од мој аспект малце смешно.

На Грчев решението не ми беше најсимпатично, но графички многу помодерно и поуспешно од ова, особено на ситен и дводимензионален принт.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
718
Поени од реакции
604
Каде исчезна Пирин од државниот грб

Науката сѐ уште не дала точни информации кој е автор на првиот државен грб на Македонија од 1946 година ниту како за нецела година постоење речиси молкум е сменет во нешто што отстапува од законското решение. Имено, ја нема планината Пирин, наместо неа се вметнати контурите на Шар Планина, а комплетно е исфрлена лентата на која пишува НР Македонија






Описот на првиот грб во весникот Нова Македонија од 28 јули 1946

Анализа Македонските грбови низ историјата (2)Првиот државен грб на Македонија, шеесетина години по неговото донесување во 1946 година, сѐ уште е обвиен со хералдичка магла. Постојат дилеми за тоа кој е неговиот автор. Не се знае ниту како една година по неговата употреба прекуноќ е воспоставено ново решение, кое драстично отстапува од оригиналното. Планината Пирин, аплицирана во централниот дел на грбот, прекуноќ станува Шар Планина или Кораб, а комплетно е исфрлена лентата на која стои натписот НР Македонија. Чудото да биде поголемо, со првата варијанта на грбот е оверен првиот Устав на тогашна Македонија, а на восочниот печат со кој е оверен највисокиот државен акт стои втората варијанта на грбот. Фактографијата на донесувањето на првиот државен грб оди по следниот редослед.
Пратеникот во Собранието на Народна Република Македонија, Димче Беловски, го поднесува предлог-законот за грбот на новата социјалистичка држава. Како што му личело на тоа време, сите пратеници еднодушно ги прифатиле класјето, петокраката, реката, афионот и планината на новиот државен симбол на НР Македонија. Грбот на НР Македонија официјално е усвоен на Второто вонредно заседание на Народното собрание одржано во Скопје, на 26 јули 1946 година, каде што е донесен Законот за грбот на НР Македонија.

Во членот 1 од овој закон е даден описот (блазонот) на овој грб.
Грбот на Народна Република Македонија е поле опкружено со житни класје, испреплетено со плодови афион и листови тутун, кои на долната страна се поврзани со лента исшарана со народни мотиви. На лентата е напишано НР Македонија. Меѓу врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во средина на полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце.
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со цртеж на грбот и официјалното собраниско толкување на амблемот на грбот.
Во текстот пишува: „Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на македонскиот народ и богатството на македонската земја. Житните класје, плодовите на афионот и листовите тутун ги претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Петокраката ѕвезда ја симболизира народноослободителната војна со која македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата ги изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народноослободителните војни во минатото, а реката што тече е реката Вардар, најпознатата македонска река во републиката. Пирин и Вардар истовремено ги претставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија.

Дизајнот и објаснувањето на грбот е различен од грбот што се користи подоцна. Во првиот Устав на тогашна Македонија во членот 3 е дефиниран грбот на НРМ со следните зборови: „Државниот грб претставува поле опкружено со житни класје, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, кои се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви. Меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртува планина, во подножјето на која тече река. Зад планината изгрева сонце“.
И во овој опис, како и во претходниот, не се споменува ниедна боја. Единствената разлика е што во Уставот го нема текстот на лентата. На печатот со кој е оверен највисокиот правен акт на државата е претставен грбот на НРМ со првиот дизајн објавен во „Нова Македонија“, додека отпечатокот во восок со кој е запечатен документот го содржи новиот дизајн на грбот.

Социјалистички елементи на многу грбови

За разлика од повеќето социјалистички држави и републики, историскиот грб не го најде своето место во новиот социјалистички амблем, создаден по урнек на „грбот“ на СССР. Наместо историскиот и земски грб, новиот грб на НР Македонија поприма чисто пејзажна композиција и со тоа влегува во иста категорија со Романија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора.
- Социјалистичката хералдика потекнува од 1923 година со грбот на Советскиот Сојуз. Дизајнот со „поле опкружено со житни класје, кои на дното се испреплетени со лента, од каде што изгрева сонце, а меѓу врвовите на класјето се наоѓа црвена петокрака“ ги претставува социјалистичките елементи на грбот: венецот со лентата, сонцето и петокраката, кои се појавуваат на сите грбови на советските републики, како и на грбови на братските народни републики, дури и во СФРЈ, но и подалеку.
Народна Република Македонија го следи апсолутно овој терк во својот „грб“ и само ја додава планината во чие подножје тече река, што всушност и останува откако ќе се отстранат елементите на социјалистичката хералдика - појаснува Јован Јоновски, првиот македонски хералдичар.
Според неговите кажувања, во трка за авторството на идејното решение сѐ уште во игра се двајца можни автори.
- Авторството на грбот му се припишува на Василије Поповиќ-Цицо, кој веројатно е авторот на ликовното решение на претставата на грбот од законот, кој се употребувал до крајот на истата година. Тој знаел за земскиот грб на Македонија. Има мислење дека автор на денешниот грб е Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, кому му се припишува и авторството на грбовите на другите републики на ФНРЈ, кој всушност стилски ги унифицирал - вели Јоновски.
Што е земски,
а што државен грб


Науката за грбовите прави неколку поделби на типови и видови грбови. Но она што веројатно многумина ги интересира е која е разликата меѓу земскиот и државниот грб. Земските грбови или, како што ги нарекуваат, белези на земјите и светлите племиња, ги претставуваат териториите до каде што се простираа една етничка целина. Тоа се грбови што претставуваат еден народ или една земја без разлика на моменталната државно-политичка административна граница. Земските грбови се јавиле најдоцна, во периодот на ренесансата, а пред нив веќе биле воспоставени семејните, градските и провинциските грбови. Земските грбови, иако биле „последни“, сепак историски биле најзначајни, оти ниеден суверен не се обидувал да ги присвои како лични или да ги смени. За разлика од државните грбови, кои многу често биле подложни на измени. Хералдички, државните грбови имаат политичко значење и ги претставуваат државните граници на една земја. Тие се хералдички многу непостојани оти на нивната смена влијае дали територијата на една држава се зголемува или намалува, дали се менува општественото уредување и многу други фактори. Со други зборови кажано, државните грбови ја претставуваат државата, а земските се симбиоза на еден народ и територија.

Вторите премолчени
измени


Со распадот на СФР Југославија се постави прашањето за грбот на Република Македонија. Така, тогашната влада формира комисија за утврдување грб и знаме на Република Македонија во 1992 г. во состав: Анета Светиева - етнолог, Александар Цветковски - ликовен уметник, Коста Балабан - историчар на уметноста, Димитар Кондовски - ликовен уметник. Во комисијата е вклучен и Александар Матковски. На распишаниот конкурс пристигнуваат над 3.000 труда, од кои најголемиот дел е инспириран од грбовите претставени во книгата на Матковски. За жал, тој умира непосредно пред ставањето на законот во собраниска расправа, но остава своја порака, која е прочитана во Собранието, во која го изразува својот став дека за грб на Република Македонија треба да се прифати историскиот грб. Комисијата не успева да се согласи за еден предлог, кој би го претставил пред Собранието. Прашањето премногу се политизира. Првиот грб продолжува да биде дел и од новата самостојна Македонија. Новите пасоши во тој период се издаваат без грб, со цел тој да биде дополнително втиснат веднаш штом ќе биде донесен новиот грб на земјата. Ова трае до 2006 година, кога се воведени новите пасоши и на нив е втиснат стариот грб на НР Македонија.
Во меѓувреме, стариот грб без соодветна законска поткрепа доживува секојдневни модификации. Различни државни институции користат различни варијанти на грбот. Најголема разлика има во петокраката што се наоѓа на врвот на грбот. Некаде таа е полна, некаде со двојна линија, некаде празна. Има разлики и во бојата на пченицата, тутунот, памукот и афионот што се исцртани на амблемот.
Последниот обид да се донесе нов грб на државата заврши без успех есента 2001 година. Тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа пред уставните промени и воведувањето Бадентерово мнозинство да го официјализираат златниот лав на црвена основа. Предлогот не мина ниту комисиска расправа.

Како петокраката
замина во историјата?


Еден од првите предлози на социјалдемократите е предлогот на пратеникот Никола Поповски од 1995 година, на постојниот грб само да се отфрли петокраката. Истиот предлог е актуализиран неколкупати, меѓу кои и од актуелната власт од 2007 година.
Со обезбедена поддршка, овој предлог повторно беше ставен на маса од страна на Владата на Република Македонија во 2009 година, како единствен предлог што влегол во собраниска процедура. На 16 ноември 2009 година, без никаква расправа на собраниската седница, беше усвоен новиот закон за грб на Република Македонија со старо-новото решение за изгледот на државниот грб.
Наспроти првичните најави од Владата дека местото на ѕвездата ќе остане празно, сепак житните класје се споија на врвот. Решението на Владата за донесување на новиот грб, односно отстранување на петокраката, се појави ненадејно, токму во времето кога беше во тек собирањето десет илјади потписи за референдум за утврдување на грбот од 1620 година за грб на Република Македонија. Во тоа време реакциите на стручната јавност беа дека со отстранувањето на петокраката или отстранување на идеолошките предзнаци на грбот проблемот нема да биде решен и дека е потребен нов државен грб.


Првиот и актуелниот државен грб на МакедонијаОгромен број колоритни модификации

Првиот грб без соодветна законска поткрепа доживува секојдневни модификации и по осамостојувањето. Во отсуство на законска рамка различни државни институции користат различни варијанти на грбот. Најголема разлика има во петокраката што се наоѓа на врвот на грбот. Некаде таа е полна, некаде со двојна линија, некаде празна. Има разлики и во бојата на пченицата, тутунот, памукот и афионот што се исцртани на амблемот. А пет години по официјализацијата на грбот без петокрака по македонските институции сѐ уште стојат табли на кои е аплициран социјалистичкиот грб.

извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121014171678&id=9&prilog=0&setIzdanie=23344
 
Член од
8 декември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
ПАК ќе напишам...... секој еден човек со 2гр мозок знае и јасно му е зошто не се кажува 'на глас' дека е на александар!!! алооо 2гр мозок треба! све останато е намерно и со цел мрчење. толку е едноставно!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Искрено сега,

Иако треба уште многу да работиме, сепак да не беа Бугариве и Грците, никогаш немаше да си ја научиме историјата.

Во врска со боите, тоа е индивидуално како на кого му се допаѓа повеќе.
Соодносот како што спомна Јоновски е 12 златни лавови наспроти 13 црвени. (Тоа може и да се провери одново)

Факт е дека досега златниот лав е повеќе комерцијализиран и подобро се зацврстил во нашата свест, па затоа го сметаме за оној “правиот“. Но, сепак сигурен сум дека пак никој од нас не би се одрекол ниту од црвените лавови, затоа што подеднакво ни припаѓаат.

Сооодветно на ова, беспредметно е да се расправаме околу бојата, кога како и да земе жолтата и црвената боја се основата, а тие се присутни во двете верзии, симболот е лавот и сето ова е поткрепено со историска традиција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom