Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Чувството на напраситост, брзоплетост и некаква скриена намера сето ова да се истурка набрзина го зголеми и информацијата дека предлогот е веднаш ставен во процедура од страна на владата, што само додаде "масло на оган" и го зголеми сомнежот за некакви тајни и заткулисни договори, агенди и сл. за кои веќе споменавме и јас и други на темава.
Јас и понатаму верувам дека ова е одлична можност за задкулисно пазарање со интервенција во Уставот која им ја поплочува донесување на нов грб, затоа ДУИ си ќути, а народот се знимава со бојата на лавот. Нема да се изненадам дека во пакет со промена на грбот ќе влезе и промена за бирање на претседател на државата, нешто кое сигурно е доволно добар пазар за Албанците. Дај Боже да грешам.

- 13 пати со ЦРВЕН ЛАВ НА ЖОЛТО ПОЛЕ
- 11 пати со ЖОЛТ ЛАВ НА ЦРВЕНО ПОЛЕ
Е сега би било пожелно оваа информација или Јоновски, или било кој друг овде да ја поткрепи со:
- сликовен приказ на истите
- со инфо за тоа каде и кога се јавуваат овие црвени лавови на жолто поле
- дали се работи за ЗЕМСКИ грбови на Македонија во сите 13 случаи, или за грбови на Филип или Александар македонски
- дали истите се ПРЕД или ПОСЛЕ изданието на Витезовиќ
Ова е многу битно да ги расчисти сите дилеми, затоа очекувам од Здружението да се потруди ова да го приложи до јавноста. Нема поента да продолжуваме со “напамет“ дискусија.

Она што е интересно е дека и во посоченава дебата погоре, околу 6:45 минута гостинот Игор Аврамовски Александров споменува дека и самото Здружение на хералдичарите на својата веб страна на некој начин признава дека Витезовиќ го внесува пресвртот после кој грбот на Македонија почнува да се претставува со црвен лав на жолто поле, наместо жолт лав на црвено поле.
Дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историскиот земски грб на Македонија посочувал и самиот Јоновски, којшто е цитиран во првиот пост што се однесува на предлогот за грб на Македонија на блогот iMacedonian којшто веќе беше споменат на темава.
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post.html
Со тоа дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историски потврдениот земски грб на Македонија се согласила и проф. Снежана Филипова во дебата околу хералдиката и македонскиот грб уште во септември 2009 година:
Јас вака разбрав, иако пак не сум сигурен од излагањето на Величковски, досега генерално било прифатено тоа што го напишал Матковски врз основа на тоа што му било нему достапно - жолт лав на црвена основа.
И овој став беше вака преземен дури и од Хералдичкото Здружение и останатите.

Дури оваа година после поопсежно истражување и вклучување на други извори беше дојдено до нови информации, односно:

- “Пресвртот“ кој се верувало дека Витезовиќ го направил, всушност не се ни случил, тоа е дополнително поткрепено со цитатот-објаснување под грбот од самиот Витезовиќ од кој читаме дека тој предупредува за поранешната забуна за грбовите меѓу МК и БГ, што значи дека свесно внесува “исправка“ - црвен лав на жолта основа за МК.
- Црвениот лав затоа се наоѓа на дела многу постари од тоа на Витезовиќ

Заклучок, во недостиг на информации Матковски не можел да напише поинаку, а препишувачката “научна“ фела досега никогаш не се занимавала со вистинско истражување и се крепела само и исклучиво на тоа што го напишал Матковски тогаш.

(оставам простор да грешам, нека ме исправи Јоновски дали добро сум го разбрал г-динот Величковски)
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
19
Najprvo mora heraldičko združenje da prouči ova dva rakopisa
1.
The largest document is a legendary telling of the life of Alexander III of Macedon compiled and illustrated by Jehan de Grise and his workshop in Flanders between 1338 and 1344
http://image.ox.ac.uk/show?collection=bodleian&manuscript=msbodl264

ova e studija ovog rakopisa ednog heralda Coblaitha Muimnecha
http://coblaith.net/Heraldry/Bod264/default.html

2.
i usthe eden rakopis :Roman de toute chevalerie, par Eustache ou Thomas de Kent. 1308-1314
http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/btv1b60002590/f91.item[DOUBLEPOST=1418672834][/DOUBLEPOST]- 13 пати со ЦРВЕН ЛАВ НА ЖОЛТО ПОЛЕ
- дали се работи за ЗЕМСКИ грбови на Македонија во сите 13 случаи

siguren sum,da ovie nise site zemski grbovi...i ne kao (lion rampant)...
 
Последно уредено:

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Ако независно и непристрасно се истражи книгата на Матковски (за што мене лично ми беа потребни 15 препрочитувања за да се ослободам од догмата и авторитетот на Матковски), ќе с евиди дека тој самиот дава 13 со 11 грбови. Тој пишува за разни извори каде се наоѓа македонскиот земски грб.

Темава е одлично разработена, со слики, со разни анализи итн. од двајца мои колеги и ќе биде објавена во следниот број на Македонски Хералд, којшто е во подготовка. Би било целосно непрофесионално да го изложам нивниот материјал тука пред да биде објавен, а со тоа да стане и јавно достапен.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ако независно и непристрасно се истражи книгата на Матковски (за што мене лично ми беа потребни 15 препрочитувања за да се ослободам од догмата и авторитетот на Матковски), ќе с евиди дека тој самиот дава 13 со 11 грбови. Тој пишува за разни извори каде се наоѓа македонскиот земски грб.

Темава е одлично разработена, со слики, со разни анализи итн. од двајца мои колеги и ќе биде објавена во следниот број на Македонски Хералд, којшто е во подготовка. Би било целосно непрофесионално да го изложам нивниот материјал тука пред да биде објавен, а со тоа да стане и јавно достапен.
Кога можеме да очекуваме да излезе новиот број?
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479


Добри сите велат дека круната е за град а не држава...
Што ќе се прави по оваа прашање?
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Убаво е да ни кажеш од која книга за мурални круни е извадена сликичкава? Убаво е да ни дадеш една анализа за муралната круна и во други хералдички јурисдикции, за да добиеме поубава престава, пошто еве, јас сум го скокнал тој час кога учителката предаваше за круната.
 
Член од
29 јуни 2012
Мислења
118
Поени од реакции
38
Убаво е да ни кажеш од која книга за мурални круни е извадена сликичкава? Убаво е да ни дадеш една анализа за муралната круна и во други хералдички јурисдикции, за да добиеме поубава престава, пошто еве, јас сум го скокнал тој час кога учителката предаваше за круната.
Не е потребна анализа -види грбовите на 20-30 европски големи градови и си направи заклучок!:kruna:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Република Скопје :) Тоа ќе се прави.
За жал...веќе сите од соседите се смејат за круната...викат дека тоа е само за градови...
Убаво е да ни кажеш од која книга за мурални круни е извадена сликичкава? Убаво е да ни дадеш една анализа за муралната круна и во други хералдички јурисдикции, за да добиеме поубава престава, пошто еве, јас сум го скокнал тој час кога учителката предаваше за круната.
Не е потребна анализа -види грбовите на 20-30 европски големи градови и си направи заклучок!:kruna:
@jonovski

можеш ли да ја споделиш литературата врз која е предложена таа круна за новиот грб?

Несомнено денеска преовладуваат примерите со градови кои користат мурална круна, но јас лично не најдов никакво хералдичко упатство ниту дадени правила за употребата на круни.

Во тоа што го најдов генерално, се вели дека муралната круна требало да ја симболизира поновата историја, во која земјата добила суверенитет и претставува земја на слободни граѓани.
Муралната круна е симболот на Цивитас Романа, симболизирајќи го погоре кажаното врз основа на правото кое им било дадено т.н. Иус Италикум, според кое римските колонии и градови кои се наоѓале надвор од италијанскиот полуостров , меѓу кои е спомнато и нашето Стоби, биле признаени за рамноправни римски градови и живееле според римските закони.

Другиот пример со Втората Шпанска Република, употребата на муралната круна се поврзува со превземање на власта од страна на анти-монархистите. Ова означува повторно владеење на широки граѓански слободи, кои им биле дадени на луѓето со новиот Устав, кој истовремено го лишил кралското семејство и благородничката класа од било какви посебни правни привилегии.

А според некои други извори симболиката на муралната круна се поврзува со “освојување/заземање на тврдина“, односно симболизирајќи победа.
Квадратестите врвови на тврдините исто така претставуваат “подготвеност за борба“.

Според објаснувањето во шкотскиот прирачник за хералдичките принципи, во кое се вели дека муралната круна им била доделувана само на истакнати војници/водачи.
Scots Heraldry: A Practical Handbook on the Historical Principles and Modern Application of the Art and Science - By Sir Thomas Innes of Learney
 

Attachments

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.597
Албанија го ковала лавот на монети уште пред 90 години








Грбовите на албанските феудалци не биле најчестите обележја на кои се поставувал мотивот со лавот, туку тој вооваа држава се наоѓал дури на металните монети на националната парична единица леки во триесеттите години на минатиот век.

Тогаш, поточно во 1926 и 1927 година, во периодот во кој ова држава има републиканско уредување, била донесена одлука и почнале да се коват метални пари, при што на едната страна биле ставени разни форми на лавови или сцени поврзани со нив. Мотивот на лавот тогаш се појавил во разни форми на реверсот, односно на опачината на монетите - како лавовска глава, приказ на лав што оди, с` до композицијата на борбата на митски јунак со лав.

Лав опкружен со дабови лисја

Така, први од ковачницата на пари излегле монетите со вредност од четврт лек на која централно е прикажан лав кој оди, а под него ја пишува годината на ковање - 1926. Над лавот со големи латински букви пишува SHQIPNI. На аверсот, односно, на предната страна, е напишана вредноста на монетата во форма 1/4 и извиено дабово гранче.



Во серијата била изработена и монета од 5 леки на чиј аверс пишува 5QINDAR LEKU, а под нив се изгравирани испреплетени дабови лисја. Интересно е што денес оние што сакаат да ја поседуваат таквата монета може да ја купат по цена од 385 долари. На реверсот на монетата, која била искована со вредност од половина лек (1/2), повторно е претставена цела фигура на лав. Во овој случај претставен е митскиот јунак Херкулес, кој се бори со немејскиот лав, а на предната страна бил претставен двоглав орел над кој се исковани буквите SHQIPNI, а под него годината - 1926

Целиот текст прочитајте го во Дневник
http://www.press24.mk/albanija-go-kovala-lavot-na-moneti-ushte-pred-90-godini
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Што е ова чудно? Па и името на нивнатавалута “лек“ значи “лав“.[DOUBLEPOST=1418919855][/DOUBLEPOST]Исто како и бугарскиот “лев“...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom