@jonovski
можеш ли да ја споделиш литературата врз која е предложена таа круна за новиот грб?
Несомнено денеска преовладуваат примерите со градови кои користат мурална круна, но јас лично не најдов никакво хералдичко упатство ниту дадени правила за употребата на круни.
Во тоа што го најдов генерално, се вели дека муралната круна
требало да ја симболизира поновата историја, во која земјата добила суверенитет и претставува земја на слободни граѓани.
Муралната круна е симболот на
Цивитас Романа, симболизирајќи го погоре кажаното врз основа на правото кое им било дадено т.н.
Иус Италикум, според кое римските колонии и градови кои се наоѓале надвор од италијанскиот полуостров , меѓу кои е спомнато и нашето
Стоби, биле признаени за рамноправни римски градови и живееле според римските закони.
Другиот пример со
Втората Шпанска Република, употребата на муралната круна се поврзува со превземање на власта од страна на анти-монархистите. Ова означува повторно
владеење на широки граѓански слободи, кои им биле дадени на луѓето со новиот Устав, кој истовремено го лишил кралското семејство и благородничката класа од било какви посебни правни привилегии.
А според некои други извори симболиката на муралната круна се поврзува со “освојување/заземање на тврдина“, односно симболизирајќи победа.
Квадратестите врвови на тврдините исто така претставуваат
“подготвеност за борба“.
Според објаснувањето во
шкотскиот прирачник за хералдичките принципи, во кое се вели дека
муралната круна им била доделувана само на истакнати војници/водачи.
Scots Heraldry: A Practical Handbook on the Historical Principles and Modern Application of the Art and Science
- By Sir Thomas Innes of Learney