Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
12.939
Поени од реакции
2.228
Не знам што е потребно нити што е доволно, а веројатно нити ти самиот, само за секој случај ќе кажеш дека е обратно.
Тие на кои им е ова работа, знаат што прават.
Перзонално jaс ке се радвам,ако го остават вака. :)
Да оставим работата на стручниот кадар.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.173
Поени од реакции
744
Тоест и двете варианти се срекjaват и за едните и за другите. Евала.:)
„Не можам да зборувам ниту за македонска ниту за бугарска хералдика, пред создавањето на државите. Кога се појавуваат тие грбови, без оглед на тоа дали се златни на црвено или црвено на златно, тоа се е дело на западноевропските хералдичари. Тие грбови кои што се среќаваат во грбовниците од средновековието се од западноевропски извори. А таму се среќаваат двете варијанти. Како за Македонија, така и за Бугарија“, вели Антонов во интервјуто за „Република“.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.487
1. Во својство на модератор процедурално да побарам од сите што зеле учество на оваа, а и на други теми на подфорумов за историја:
ДА ГИ ОБНОВАТ ЛИНКОВИТЕ ДО СЛИКИТЕ, СКЕНОВИТЕ, ИСЕЧОЦИТЕ ШТО ГИ ИМААТ ОБЈАВЕНО ОВДЕ А СЕГА НЕ СЕ ПОЈАВУВААТ

и она што многу пати сум го кажал:
НИКОГАШ ДА НЕ ЗАКАЧУВАТЕ ОВДЕ СЛИКА ОБЈАВЕНА НА FACEBOOK, ЗАШТО ПО ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ЛИНКОТ НЕ РАБОТИ И СЛИКАТА НЕ СЕ ПОЈАВУВА
Само појаснување, сликите кои првенство ја ги постирав отидоа јабана поради апдејтот на форумската верзија, која ги избриша сите мои албуми качени на директно на кајгана, над 1000 слики. Од причина што не ги имам повеќе кај себе, нека се понуди некој да ги собере од други локации на нетов. Најдобро да се хостираат на надворешен сервис.
Почитуван колега :) сликите на почетната страна беа (воз)обновени.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.173
Поени од реакции
744
Колку малку си ја познаваме историјата. Да не ви се верува :facepalm:
 
Член од
8 декември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
е да си жив и здрав глагол.!!! истиот впечаток цело време го добивам... сите све се трескаат, се силат, памет продаваат, а врска немаат со ништо! ама како намерно да се прават глупи, како намерно да не им се слуша, како намерно да нејќат мозочето да го уклучат.... тоа е едно такво ниско ниво.... две со две незнаат да спојат! оооох бреее македонијооо! :(
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.487
Само како визуален пример, во контекст на примерот со социјалистичкиот грб на Романија, пред да си го вратат стариот:

Далноводи и Комбајни
o_O:icon_lol:
http://en.academic.ru/pictures/enwiki/67/Coat_of_arms_of_the_Socialist_Republic_of_Romania.svg

http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Coat_of_arms_of_the_Popular_Republic_of_Romania_(January-March_1948).svg[DOUBLEPOST=1418377385][/DOUBLEPOST]
е да си жив и здрав глагол.!!! истиот впечаток цело време го добивам... сите све се трескаат, се силат, памет продаваат, а врска немаат со ништо! ама како намерно да се прават глупи, како намерно да не им се слуша, како намерно да нејќат мозочето да го уклучат.... тоа е едно такво ниско ниво.... две со две незнаат да спојат! оооох бреее македонијооо! :(
Вистината е 50/50.

Точно дека не се образувани, но грешката не е само кај обичниот људец, туку и во образовниот систем или т.н. професори кои претендираат да бидат третирани како повисока интелектуална група, а кои досега не пројавиле никаков интерес да го продлабочат знаењето и да им овозможат на своите ученици/студенти уште одамна да се запознаваат со својата историја.
Нажалост, сите тие беа комфорни во својата “просветна“ дејност и никогаш не одеа подалеку од тоа што беше нарачано во учебниците, никогаш не користеа странски материјали, истражувања, интернетот сеуште е само “зла навика“ за нив и додека секаде во светот уште од средношколска возраст децата користат напредни софтвери за математика, физика, работат со ексел, нашите деца само теоретски зборат за тоа како изгледа експеримент по хемија и физика, а притоа рачно пресметуваат комплексни математички проблеми убедени дека тоа е она “олд скул“ правото знаење.
После еве доаѓа странска фирма, им нуди позиција каде треба да извршуваат напредни операции во огромни количини, а нашиве кандидати не виделе нити ексел, автоматски нивната употребна вредност како кадри е 0. Ама не, ќе се фалиме колку од нас знае да пресмета нешто у тетратка а у Америка не знаеле... ееее фала ви многу за таквото знаење.

Истото се однесува на историјата, системот и менталитетот сеуште е заглавен во 1980та, боље ништо не би смениле за да не мора да учиме нови работи кои би можеле да ја изнесат на јаве нашата некомпетенција.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
491
Поени од реакции
408
Илјадници црвено-жолти предлози го преплавија парламентот

Од осамостојувањето досега имало многу различни предлози за изгледот на државниот грб на Република Македонија, но поради недостиг од политичка волја ниту еден од нив не бил прифатен. Според членот 5 од Уставот на Република Македонија за промена на државен симбол, а во овој случај за промена на грбот, е потребен закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници



извор:http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1211141719596&id=9&prilog=0&setIzdanie=23345
 
Последно уредено од модератор:
Член од
21 август 2014
Мислења
5
Поени од реакции
6
Прво да не ме свати некој погрешно но мојот коментар ќе биде еден само еден овде како прво во хералдиката постои закон кога се создава штит и грб треба да има пропорционално и чисти линии со кои се застапува рамонотежа во дизајнот и во квалитетот на грбот... Но со овај грб не гледам ни рамнотежа ни пропорција ова е плукни залепи онака само да стои како амплем ништо друго... Барем да дадеа оглас за дизајн на грб на РМ во Македонија далеку постојат луѓе кои можеа да направат грб подобар од ова што е сега замислено ( плукни залепи)... Но некој си ги лапнал парите без да знае кај отидоа. Толку само ако има реплика на мојов став ќе враќам...
И мене ми изгледа непропорционално, ама логично ми е ова да е само предлог, би требало да претрпи измени пред да стане официјален грб на Република Македонија.

Професорката Снежана Филипова, коосновач на Здружението на хералдичари, вели дека идејата за промена на државниот грб не е нова. Додава дека уште во 2003 година во Здружението е разговарано за промена на државниот грб на Македонија според хералдички правила. Таа додаде дека на сегашниот предлог е потребно да се направат неколку измени.

„Потребно е да се издолжи штитот и да се измени круната. На нејзиното место да се стави дијадема за да не дојде до забуна дека станува збор за грб на град, бидејќи муралната круна е карактеристична на градовите. Исто така, според мене, потребно е да се направи измена во погледот на лавот, односно тој да не биде свртен во профил, туку неговата глава да се постави фронтално“, рече професорката Филипова.


Извор:http://www.utrinski.mk/?ItemID=365C46B8243479448DCD2CAF3CBB4C72

Јас лично не би ја менувал положбата на главата, некако не ми е логично, ама другите измени се на место.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Големо извинување до сите,

Што се однесува до спомнувањето и цитирањето, бев воден од досегашните правила на цитирање во научен текст.
...
Аман со суетноста Јоновски!
Јас јасно и гласно кажав на што се однесуваат моите забелешки кон тебе и твоето учество на темава на овој форум а во врска со предлогот за грб на Македонија, за кој иако сеуште избегнуваш тука самиот да кажеш, е повеќе од јасно дека ти си автор.

Обидите да наметнеш некаква фама дека божем јас преку полемикава сакам да се самопромовирам или дека ти требало мене да ме цитираш и сл. не вродуваат и нема да вродат со плод, од проста причина што се лажни. Не сум барал и нема да барам такво нешто.
Веќе објаснив во мојот претходен пост дека ниту некогаш сум имал, ниту ќе имам потреба од такво нешто, а најмалку за оваа тема.
Ти посочив и примери за тоа како можеше да го направиш она на што алудирав, НЕ ЗА МЕНЕ ЛИЧНО, ама ти очигледно како нарочно да не сакаш да сфатиш за што зборувам.

Дополнително, уште пред 3 години и кусур директно сум ти се обратил со следниве зборови:

jonovski, ти посакувам успех и во понатамошната работа и потрагата и промовирањето по светот на македонските симболи, грбови, знамиња и др.
зад кои стојам и сега, иако тоа не значи дека нема да си го задржам правото да те критикувам за тоа што сметам дека треба да бидеш критикуван, а како и дали ти тоа ќе го прифатиш си е твое.

И кога веќе алудираш на моето лично учество на оваа тема, еве да кажам дека воопшто не сакам да споменувам дека исто така пред 3 години ОВДЕ сум ти посочил нешто мошне важно и според истото сум ти поставил и прашање во врска со тоа, на кое досега ти не си дал никаков одговор.


Уште еднаш апелирам тука да заврши оваа полемика и да го продолжиме учеството на темава во дискусија за конкретниот предлог за грб.

Во таа насока, и пред да влеземе во подробности, еве да додадам уште неколку линкови со содржини поврзани со овој твој предлог од изминативе денови.

http://dnevnik.mk/?ItemID=AC99423947F1904CBEDF0E79E497E0BB

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/182296-Noviot-predlozen-drzaven-grb-ima-istoriska-i-naucna-potkrepa

http://www.makedonija24.mk/play/noviot-predlozen-drzaven-grb-ima-istoriska-i-naucna-potkrepa

.
 
Член од
8 декември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
е аманте де више двајцата....еве човекот уште одма се заблагодари кога му побара::

Благодарност до форумот и особено до Ченто за информациите кои со своите истражувања ги постираа на истиов.
...
и стопати се кажа и по медиуми и тука и секде дека предлогот е плод на заедничка двегодишна работа на здружението на хералдичари.... незнам зашто едноставно не прифатите дека очигледно не секаде и сите се во "јас-мое" его филмот!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.487
@jonovski

мислам дека во дебатата во линкот подоле задирнати беа конкретни слаби точки во предлогот, кои дефинитивно заслужуваат поопширно објаснување од ваша страна?
Тоа се должи пред се во крајно лошата комуникација за овој предлог, без притоа соодветно да се елаборираат сите чувствителни точки за Македонците.
Ова е проследено со лошото искуство во минатото, кога одредени контроверзни решенија беа носени преку ноќ - знаме, име, разно разни спогодби и слично.

Debata za noviot Grb - Stojance Velickovski i Igor Avramovski Aleksandrov

https://www.youtube.com/watch?v=1BRJG3TpGM0


И еден добронамерен предлог, со сета почит кон вашите колеги од хералдичкото здружение, меѓутоа очекувањата при дебата на една ваква тема заслужува далеку подобар претставник кој кларовно знае да ги изнесе своите ставови, морам да признам дека г-динот Величковски само дополнително ги продлабочи сомнежите на скептиците.

Сериозно размислете како Здружение да се подготвите за опширна дискусија, која во нашиот случај не секогаш ќе биде директно поврзана во хералдиката или би рекол дека ќе биде второстепена.
Луѓето воопшто не се образувани на оваа тема за да можат да ги разберат вашите аргументи базирани само на хералдички принципи, затоа секој пат ќе има еден куп своеволни толкувања и противречности на кои морате да дадете одговор.
Тоа сега се очекува од вас.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
е аманте де више двајцата....еве човекот уште одма се заблагодари кога му побара::

и стопати се кажа и по медиуми и тука и секде дека предлогот е плод на заедничка двегодишна работа на здружението на хералдичари.... незнам зашто едноставно не прифатите дека очигледно не секаде и сите се во "јас-мое" его филмот!
Зина да земеш воздух, или имаш нешто конкретно да кажеш околу темава?

ДВА пати повторив дека муабетот меѓу мене и Јоновски за она за што го прозвав заврши, еве и ТРЕТ и ПОСЛЕДЕН пат да ти повторам и на тебе и на сите.
Има нов конкретен предлог за грб на Македонија, што значи ако имате нешто конкретно околу предлогот или сте пронашле други, непознати примери на грб на Македонија или инфо за такви, темата ви е отворена.
Во спротивно НЕ КОМЕНТИРАЈТЕ.

Компренде?
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Ајде конечно на темава да почнеме издржана дебата за овој конкретен предлог за грб на Македонија.

Прво накратко да кажеме дека во првите години по возобновувањето на државата Македонија во 1944 г. ние, како и другите републики во федеративна Југославија, и сите други земји од т.н. "источен блок", па и подалеку, добивме еден вид на амблем-грб по теркот на СССР. Притоа за разлика од неколку други ЈУ републики, Македонија ни на тој советски тип на амблем-грб не успева во ниедна форма да го вметне лавот којшто е историски потврден хералдички симбол за нашата земја. Таквиот "грб" се задржува до осамостојувањето на Македонија во 1991 г. по што иако има голема желба за негова промена, и тоа со некоја форма на златно-жолт лав на црвена основа (во голема мерка повлијаено од реизданието на книгата "Грбовите на Македонија" на академик А.Матковски во 1990 г., и особено заради ТВ емисиите кои тогаш се емитуваа а се правени според информациите од книгата) тоа не се случува и истиот "грб" останува непроменет до 2009 г. кога иако имаше нова иницијатива и јавни дебати околу можните други решенија за грб на Македонија, сето се заврши со тоа да од овој советски тип на амблем-грб се тргне само ѕвездата петокрака. Истиот си продолжува да биде официјален грб на Македонија до денеска т.е. се до овој нов предлог од пред недела дена.

Новиов предлог доаѓа некако како "гром од ведро небо" и го наоѓа затечен целиот македонски народ, почнувајќи од тие што така да се рече немаат поим ниту па некогаш ги интересирала хералдиката, па сите помеѓу, до условно кажано другиот крај т.е. оние кои ги следеле и се разбираат малку повеќе од овие работи, и кои со нетрпение чекале Македонија да си го врати историскиот грб т.е. да добие грб како што и доликува.
И во изминативе денови имаме ситуација во која има Македонци што сосема застануваат зад овој предлог грб и се однесуваат небаре животот ќе го дадат за него, до оние што не сакаат ни да чујат ваквиот предлог да стане официјален грб на Македонија, и расправиите во врска со предлогот меѓу едните, другите, третите, шестите во врска со скоро сите негови особености не стивнува.

Чувството на напраситост, брзоплетост и некаква скриена намера сето ова да се истурка набрзина го зголеми и информацијата дека предлогот е веднаш ставен во процедура од страна на владата, што само додаде "масло на оган" и го зголеми сомнежот за некакви тајни и заткулисни договори, агенди и сл. за кои веќе споменавме и јас и други на темава.

Она што е јасно е дека откако предлогов се појави во јавноста, не стивнуваат дискусиите и полемиките околу него. Исто така и илјадниците критики, што рака на срце одат од сосема налудничави и без никаква основа, до некои што се мошне издржани и до сега не добија соодветен одговор во ниедна од повеќето јавни дебати организирани околу овој предлог.

Ми се чини дека пред да го разгледуваме предлогот како целина, да дискутираме за таа "градобранска круна со пет кули", за изгледот на полето т.е. штитот на којшто лежи лавот, или и за самиот изглед на лавот или зошто е избран токму грбот правен од Жером де Бара за основа на овој предлог-грб на Македонија, најважно е прво да дискутираме за она што создаде највеќе расправии, поделеност и дилеми меѓу Македонците околу овој предлог грб, а тоа се боите на двата негови основни елементи:
- бојата на лавот
- бојата на полето т.е. штитот на кој е поставен лавот

Во јавните дебати од последнава недела откако се појави овој предлог за грб на Македонија со учество на историчари и хералдичари, дел од коишто веќе сме пренесле на темава, беше кажано дека "црвениот лав на златно-жолто поле" има историски континуитет како грб на Македонија, при што беа посочувани делата на Витезовиќ и Жефаровиќ, и реизданијата и ширењето на делото на последниов што довеле до претставата на црвен лав на златно-жолто поле за грб на Македонија во Рилскиот манастир и на знамето на Разловечкото востание, и тоа се реални факти.

Исто така во многу наврати беше споменато, а посебно еве на оваа дебата:
од страна на членот на Здружението на хералдичари, Стојанче Величковски, коешто стои зад овој предлог-грб, околу 9:00 минута беше кажано дека според нивните истражувања грбот на Македонија е претставен:
- 13 пати со ЦРВЕН ЛАВ НА ЖОЛТО ПОЛЕ
- 11 пати со ЖОЛТ ЛАВ НА ЦРВЕНО ПОЛЕ

Е сега би било пожелно оваа информација или Јоновски, или било кој друг овде да ја поткрепи со:
- сликовен приказ на истите
- со инфо за тоа каде и кога се јавуваат овие црвени лавови на жолто поле
- дали се работи за ЗЕМСКИ грбови на Македонија во сите 13 случаи, или за грбови на Филип или Александар македонски
- дали истите се ПРЕД или ПОСЛЕ изданието на Витезовиќ

Дека токму за боите на лавот и полето на кое е тој претставен на грбот најмногу се дискутира и полемизира меѓу Македонците деновиве е ми се чини неоспорен факт.

Она што е интересно е дека и во посоченава дебата погоре, околу 6:45 минута гостинот Игор Аврамовски Александров споменува дека и самото Здружение на хералдичарите на својата веб страна на некој начин признава дека Витезовиќ го внесува пресвртот после кој грбот на Македонија почнува да се претставува со црвен лав на жолто поле, наместо жолт лав на црвено поле.

Дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историскиот земски грб на Македонија посочувал и самиот Јоновски, којшто е цитиран во првиот пост што се однесува на предлогот за грб на Македонија на блогот iMacedonian којшто веќе беше споменат на темава.

Очекувам во иднина да се покрене едно главно прашања, и дилема, за бојата на лавот и онаа на штитот. Имено дали грбот на Република Македонија би требало да е црвен разгневен лав на златно-жолто поле (како во предлогот) или златно-жолт разгневен лав на црвено поле.

Токму за ова, хералдот Јоновски од Македонското Хералдичко Здружение, во напис објавен во Дневник, ќе каже:

„Жолтиот лав на црвена заднина е традиционалниот грб на Македонија“[1]
...

1 http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2703&stID=50541
http://i-macedonian.blogspot.com/2014/12/blog-post.html

Со тоа дека златно-жолтиот лав на црвено поле е историски потврдениот земски грб на Македонија се согласила и проф. Снежана Филипова во дебата околу хералдиката и македонскиот грб уште во септември 2009 година:

 
На врв Bottom