Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
мислам дека ова би било добар предлог за грб на Македонија

содржи симболи на Македонците низ историјата
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
^^^Во врска со трите ѕвезди од предлог-грбот би кажал дека и на знамето присутно на основачкото собрание на една голема македонска партија исто така имаше три ѕвездии и тие ги симболизираа трите дела на Македонија.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
^^^Во врска со трите ѕвезди од предлог-грбот би кажал дека и на знамето присутно на основачкото собрание на една голема македонска партија исто така имаше три ѕвездии и тие ги симболизираа трите дела на Македонија.
баш така, плус додавка партизанските движења во трите дела на Македонија (нешто во стилот на знамето на Војводина)
линкче
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Поздрав од Америка,

Од незнам кои причини кејблтел од дома не ми дозволува пристап на кајгана, до сега мислев дека тоа е од кајгана.

Во првата недела од Август, во Вашингтон ќе се одржи 24 Меѓународен конгрес по вексилологија, на кој ќе се одржи и генералното собрание на FIAV , Меѓународната федерација на Вексилолошки здруженија, на која и Македонското Хералдичко Здружение ќе стане полноправен член.

По тој повод излегува и 5 број на Македонски Хералд, во кој главна тема е вексилологијата, науката за знамињата. Овој број ексклузивно го донесе и написот на Мирослав Грчев, во кој тој за првпат ќе проговори околу процесот на изнаоѓање на новиот дизајн на државно знаме за Република Македонија во 1995 година. Написот изобилува и со проекти за знаме како и фази на проектот на денешното знаме.
jonovski, ти посакувам успех и во понатамошната работа и потрагата и промовирањето по светот на македонските симболи, грбови, знамиња и др.

Околу господинот Мирослав Грчев и неговата дејност можам да кажам само едно = Ако написот што ќе го објавиш е во форма на интервју со него, најарен наслов би бил "Отворено со човекот што го уби македонското знаме"

Не сакам ни да споменам што се има тоа човече изнакажано и начкрапано во последниве години...
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307

Мирослав Грчев е еден од најозлогласените криминалци во Македонија после Бранко Црвенковски. Човек кој е во врвот на предавството против македонскиот народ и нација.

Ченто, ќе те замолам да дадеш краток опис за настаните кои претходеа на менувањето на знамето во еден или два поста за д асе овековечи предавството на Грчев.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Поздрав од Америка,

Од незнам кои причини кејблтел од дома не ми дозволува пристап на кајгана, до сега мислев дека тоа е од кајгана.

Во првата недела од Август, во Вашингтон ќе се одржи 24 Меѓународен конгрес по вексилологија, на кој ќе се одржи и генералното собрание на FIAV , Меѓународната федерација на Вексилолошки здруженија, на која и Македонското Хералдичко Здружение ќе стане полноправен член.

По тој повод излегува и 5 број на Македонски Хералд, во кој главна тема е вексилологијата, науката за знамињата. Овој број ексклузивно го донесе и написот на Мирослав Грчев, во кој тој за првпат ќе проговори околу процесот на изнаоѓање на новиот дизајн на државно знаме за Република Македонија во 1995 година. Написот изобилува и со проекти за знаме како и фази на проектот на денешното знаме.
Кога поточно ќе биде изданието достапно на интернет?
 
jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Веројатно некои од вас успеа да го видат Македонски хералд. Ме интересира како ви се допаѓаат почетните предлози за грб и знаме, ако може од чисто од естетска и идејна природа, без да преовладува нападот врз Грчев, кој сепак е автор на најдобриот предлог за грб на РМ, кој за малку ќе беше избран, оној што подоцна го зеде СМК, кој потоа го постави и на друг штит Петров како симбол на партијата што ја формира.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
За знаме не ми се допаѓа ни едно. Незнам но сите ми делуваат како градски знамиња, со не толку голема тежина. Импозантноста им е минимална и не доловуваат државност.
Ако би требал да изберам, тогаш на страна 5, петтото или шестото - но единствено на формат 1:1 и по можност со жолта рамка (како црногорското знаме).

Од грбовите најмногу ми се допаѓа грбот со „средновековното“ сонце и со брановите (од античките мозаици), но круната не ми се допаѓа и премногу наликува на Хрватската и при избор би сакал друга круна. По можност повторно источна (отворена) круна но со поразличен дизајн, за да не наликува толку на Хрватската. Можеби ако се употреби друг штит, тогаш нема да е воочлива круната толку многу.

Незнам зошто, но на сите предлози како да им фали нешто, како да не се довршени, како да треба уште некој елемент да им се додаде.
Незнам зошто така ми делуваат, можеби затоа што се предлози.

п.с.
Кој е тој симбол на СМК?
Ако е лавот, тогаш можам да кажам дека тоа е најубавото хералдичко решение што го имам видено. Незнам зошто но долувува токму се што треба... естетски, историски, македонски... единствено не ми се допаѓа делот каде што се дели опашката (можело посиметрично) ама како Македонец секогаш ќе наоѓам забелешки.

Поздрав. :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Да да лавот е. Лавот е хералдичко решение за кое повеќето ќе се согласиме дека е најдобро.

Од знамињата на општините најмногу ми се допаѓа друговското знаме

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Во потрага по новото знаме
Мирослав Грчев

... а политичката атмосфера во која се водеа преговорите за Привремената спогодба со Република Грција налагаана графичкото решение да се работи во целосна дискреција.

Координатор на проектот и „ п р о г р а м с к и д и р е кт о р “ кој одлучуваше во име на нарачателот беше тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Јебло матере, изгледа сватија дека иако нашето се-македонско знаме (со сонцето од Кутлеш) го сменивме, вентилаторот од историска гледна точка е полн погодок. :P
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Веројатно некои од вас успеа да го видат Македонски хералд. Ме интересира како ви се допаѓаат почетните предлози за грб и знаме, ако може од чисто од естетска и идејна природа, без да преовладува нападот врз Грчев, кој сепак е автор на најдобриот предлог за грб на РМ, кој за малку ќе беше избран, оној што подоцна го зеде СМК, кој потоа го постави и на друг штит Петров како симбол на партијата што ја формира.
jonovski, пак ќе се повторам и ќе ти посакам се најдобро во работата и промоцијата на македонските хералдички вредности, арно ама јас не можам ни под разно да седам и давам некакви си мислења и споделувам впечатоци за тоа кои предлози од перото на мистер Грчев ми се одпаѓаат или не за наши национални симболи, божем е ова пазар па ќе се наддаваме сега кој колку, како, што...

Без лутење, ама ете јас не можам да поминам туку така преку ЗЛО-делото на Грчев, и пред се на неговите наредбодавци, еден од директните кои убаво си го посочил во текстот, а гледам и Македонцки го потенцирал во својот пост тука.

Сепак се наоѓаме на под-форум кој се нарекува ИСТОРИЈА, и мене живо ме интересира да се расчистат овие не така дамнешни случувања за да нема дилеми за во иднина кој, како, зашто и кога, ги сторил работите што ги сторил, а се сврзани со македонското знаме и грб.

И тука освен домашниве шушумиги, за чие делување во тој период најубаво прилега мислата на Гоце Делчев, дека: "Тешко да има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, колку македонскиот.", не мала улога игра и надворешниот фактор. Пред се Грците, арно ама и други заткулисни играчи, како на пример Сорос и неговите позајмици со услови и "добронамерни сугестии" околу знамето во тоа време како што самиот си потврди мистер "Драматург", пардон, Владе Милчин на почетокот во интервјуто кај Оливерчето Трајковска во нејзината Вин-Вин од ноември 2010.

Според тоа мистер Грчев е само финалниот егзекутор на глупоста наречена "еве ви знаме и делови од нашиот устав" во замена за едно големо НИШТО, и симнување на по сите светски нишани ПРОТИВ-ПРАВНОТО и ГЕНОЦИДНО-КРИМИНАЛНО ембарго..!

Арно ама и тука, во твојов магазин пак имаме обид за една бескрупулозна шашма и гнасна ЛАГА!
Имено, човечето ти рекло (не знам дали си го интервјурирал или ти пратил допис, се надевам сам ќе ни кажеш) цитирам:
"Графичките решенија на државното знаме и државниот грб, изработени во еден примерок - како макети, му ги предадов на Претседателот на државата Киро Глигоров на 4 октомври 1995 година, ден пред закажаната седница на Собранието на РМ на која тие требаше да се усвојуваат."

Молаааааам..?!??

Киро Глигоров едвај преживеа атентат извршен врз него предходниот ден на 3 Октомври, а овој демек му ги предал неговиве предлози утредента на 4-ти Октомври 1995..?!?
Па добро бе луѓе, има ли некој нормален и саглам во оваа држава или мислите дека сите пиеме нафта за добро утро..?!?

Или може очекувате да поверуваме дека тимот хирурзи специјално прекинаа со својата работа на ОСТАТОЦИТЕ ОД МОЗОКОТ И ВГРАДУВАЊЕ НА ВЕШТАЧКО ОКО врз својот пациент Киро Глигоров, за да му дозволат на мистер Грчев да му ги покажува своите предлози за ново знаме и грб..?!?

Затоа jonovski, би те замолил ако го имаш интервјуво на аудио или видео лента да го приложиш тука или било каде за да не се заборави овој невиден обид за манипулација и ЛАГА од страна на Грчев!
Или ако ти е предадено во допис, скенирај го и приложи го оригиналот (се надевам има потпис)

А јас за да не ја узурпираме оваа ќе отворам друга тема за збиднувањава околу смената на знамето, и таму ќе расчистиме (се надевам) некои работи што не им се јасни на многу луѓе.

Бива?
 
jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Почитувани,

Написот во Македонски хералд е даден заедно со името на авторот на истиот.

Што се однесува до датумот (или личноста), ќе стапам во контакт со Грчев за да видам за каква грешка станува збор. Тоа веројатно е мој пропуст бидејќи јас како уредник требаше да реагирам на овој очигледен пропуст пред објавувањето на електронското издание.

Написот има огромно значење поради тоа што за прв пат јавно ги открива случувањата околу процесот околу промената на знамето, особено околу моментот на идејни решенија.Тоа е од огромен интерес за историјата, особено за онаа на македонските симболи.

Прашањето ми беше дали она што сега е избрано за знаме на Република Македонија е најдобро од другите понудени работни решенија, од дизајнерска перспектива.

Мислам дека можеби, сепак, тука е место за оваа тема иако таа е, поточно, вексилилошка.:)
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
па спрема другите можни верзии вентилаторот е подобар...од дизајнерска перспектива...
и оваа верзија е добра...слична на ѕвездата од Кутлеш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom