- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Со сета почит кон тоа што го работите но мислам дека е малку понижувачки да се прашува „кое „зло„ најмногу ви се допаѓа?„ Знамето не е прашање на дизајн туку прашање на историја, идентитет и поистоветување. Во новокомпонованото знаме нема ништо од тоа. Македонија не е држава створена 1995 па да ни измислуват знамиња. Јас никогаш нема да поминам преку тоа дека некој се дрзнал да го промени знамето а уште пак помалку имам желба да размислувам на темата кое од „новокомпонованите„ и насилно иснудени предлози ми се допаѓа. Одговорот секогаш ќе биде НИЕДНО си го сакам она знаме со кое пораснав и кое за мене е единственото знаме на Македонија. Но сепак добро е што некој се обидува да ја дознае вистината за промената на знамето ако не од друг туку од историски аспект.Почитувани,
Написот во Македонски хералд е даден заедно со името на авторот на истиот.
Што се однесува до датумот (или личноста), ќе стапам во контакт со Грчев за да видам за каква грешка станува збор. Тоа веројатно е мој пропуст бидејќи јас како уредник требаше да реагирам на овој очигледен пропуст пред објавувањето на електронското издание.
Написот има огромно значење поради тоа што за прв пат јавно ги открива случувањата околу процесот околу промената на знамето, особено околу моментот на идејни решенија.Тоа е од огромен интерес за историјата, особено за онаа на македонските симболи.
Прашањето ми беше дали она што сега е избрано за знаме на Република Македонија е најдобро од другите понудени работни решенија, од дизајнерска перспектива.
Мислам дека можеби, сепак, тука е место за оваа тема иако таа е, поточно, вексилилошка.